Спорт
(ВИДЕО) Како најмал јас сите ги викав „бате“, одблиску со Елиф Елмас во „Спорткаст“ за неговите почетоци и амбиции
Погледнете го ексклузивното интервју со македонскиот фудбалски „дијамант“, Елиф Елмас, непосредно пред гостувањето во Грузија. Одлични прашања, супер одговори. Секоја чест за искреноста и целта кон што се стреми ова младо момче.
Во продолжение проследете ја четврта епизода од најновиот спортски видеокаст во Македонија.
Следете го Sportcast на социјалните мрежи и претплатете се на нивниот официјален јутјуб канал кој ќе продолжи со најдобрите спортски епизоди со екстра гости, автор и водител Саше Љолес.
Стани партнер: [email protected]
Спорт
Денес беа извлечени паровите на полуфиналето во Купот на Македонија за младиснки категории
Денеска во просториите на Фудбалската федерација на Македонија, се одржа ждрепка на која беа извлечени паровите за полуфиналете во рамките на Купот на Македонија за млади категории.
Натпреварите од полуфиналето на Купот за младинци ќе бидат одиграни на 16, 17 и 18 април.
Се игра по еден меч, доколку заврши нерешено се пристапува директно кон изведување на пенали.
РАСПОРЕД:
Младинци:
Пелистер – Беласица
А.П. Брера – Македонија Ѓ.П.
Кадети:
Шкупи – Шкендија
Брегалница – Вардар
Пионери:
Пелистер – Работнички
А.П. Брера – Шкупи
Помлади пионери:
А.П. Брера – Шкендија
Пелистер – Победа
Спорт
Нова победа на македонската репрезентација до 18 години на силниот меѓународен турнир „Анталија Куп 2024″
Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на силниот меѓународен турнир „Анталија Куп 2024″.
Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ, по победата над Естонија зеблежаа нов убедлив триумф со 3:0 над ФК Анталиаспор.
Нашите млади фудбалери одиграа феноменално прво полувреме надигрувајќи го противникот во секој сегмент од играта. Во првите 30. минута успеавме да постигнеме три погодоци и многу рано да го решиме прашањето на победникот на оваа средба.
На самиот старт на средбата, Силјановски постигнува гол за водство на Македонија. Три минути подоцна Гаштаров ја зголемува нашата предност. Матески во 30. минута се запишува во листата на стрелците и ги поставува конечните 3:0.
МАКЕДОНИЈА: Амар Хаџибулиќ, Андреј Љубевски, Габриел Крстевски, Нуман Ајетовиќ, Милот Синани, Адриан Незир, Давид Ристовски, Никола Манојлов, Давид Матески, Матеј Гаштаров, Андреј Силјаноски;
Селектор: Вујадин Станојковиќ.
Во претходното коло, Македонија забележа убедлива победа над Естонија со 3:0.
Во воведното коло од силниот меѓународен турнир во турска Анталија, нашите млади фудбалери незаслужено беа поразени од Молдавија со минимални 1:0.
Спорт
Репрезентацијата на Македонија во фудбал до 19 и 21 година одиграа мечеви против Летонија односно против Шведска
Младата репрезентација на Македонија до 19 години одигра нерешено 1:1 против соодветната селекција на Летонија во рамките на третото коло од мини квалификацискиот турнир (Елитна фаза) за пласман на Европско првенство.
Избраниците на селекторот Тони Јакимовски беа подобар противник од самиот старт на овој натпревар, но на крајот не успеаа да ја остварат првата победа во овој квалификациски циклус што се одржа во Скопје.
Ѓоргиевски и Зенделовски ги имаа првите прилика за Македонија на оваа средба, но без реализација. Величковски ја имаше најсериозната можност во првото полувреме.
На почетокот на второто полувреме, Летонија погодува за предност од 1:0. Межсаргс беше стрелец на погодокот за противникот.
Димитар Данев во 76. минута погоди за израмнување на резултатот и поставување на конечните 1:1. За Македонија настапија:
Македонија: Џеков, Аризанкоски, Стојилевски, Џеков, Велков, Нухија, Зенделовски, Ѓоргиевски, Цаноски, Величковски, Назифи;
Селектор: Тони Јакимовски
Додека пак репрезентацијата на Македонија до 21 година загуби со 2:0 од Шведска во натпревар од квалификациите за пласман на Европско првенство кое ќе се одржи во Словачка 2025 година.
Избраниците на селекторот Драги Канатларовски речиси цело второ полувреме играа со играч помалку. Десниот бек Михаил Димитриевски во 47. минута заработи директен црвен картон откако невнимателно и остро стартуваше врз противнички играч.
Противникот успеа да го скрши нашиот отпор и во 67. минута го постигна првиот погодок. Розенгард со доза на среќа успеа да ја затресе нашата мрежа. Вихелмсон во последните моменти од средбата ги постави конечните 2:0.
Македонија и со играч помалку одигра добар натпревар, особено во дефанзивниот дел, но не можеше ништо повеќе со играч помалку. Марио Илиевски и Хамза Рамани ги имаа двете најдобри можности на оваа средба за постигнување на погодок.
Швеѓаните со оваа победа се вратија во трката за пласман на Европското првенство. Македонија во досегашниот тек од квалификациите има забележано две победи и четири порази.
Македонија – Шведска 0:2 (0:1)
МАКЕДОНИЈА: Марко Алчевски, Михаил Димитриевски, Андреј Стојчевски, Решат Рамадани, Стефан Деспотовски, Иван Николов, Марио Илиевски, Лука Станковски, Имран Фетси, Алекс Златков, Хамза Рамани;
Резерви: Стефан Митрев, Берат Калкан, Џемиљ Јахји, Матеј Ангелов, Ардијан Цилафи, Луан Абази, Ване Крстевски, Шабавн Зенку, Еркан Семовски;
Селектор: Тони Јакимовски
Извор: ФФМ
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (27 март)
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за четврток (28 март)
-
Македонија2 дена
Викендов започнува летното сметање на време, ноќта во недела стрелките на часовникот ги поместуваме еден час по напред
-
Кичево1 ден
ССНМ во Кичево организира работен состанок со новинари од локални медиуми
-
Кичево3 часа
Во петок сите патишта водат на хуманитарниот концерт за Владо Симјановски, бидете дел и уште еднаш да ја покажеме нашата хуманост на дело!
-
Спорт2 дена
Нова победа на македонската репрезентација до 18 години на силниот меѓународен турнир „Анталија Куп 2024″
-
Lifestyle1 ден
Дали знаете што значи WC?
-
Кичево9 часа
МВР: Вкупно 15 кичевски возила-јавни превозници вчера биле пратени на вонреден технички преглед