Спорт
(ВИДЕО) „Капа доле“ за прикажаната игра упати Милевски, додека Омерагиќ во соблекувалната укажа поддршка и честитки до играчите на македонската репрезентација!

Во рамки на вчерашниот успешен меч завршни зборови со фудбалерите имаа селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски и првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, г-дин Масар Омерагиќ.
– Тоа е она што ни требаше, констатацијата од мечот против Велс е веќе мината фаза, следува натпревар со Казахстан и 3 бода, капа долу, честитки до сите, упати селекторот!
– Масар Омерагиќ: Знам дека не играте за премии, играте од срце за Македонија, но ви ветувам дека ќе бидете наградени, по што следуваа овации, аплаузи и скандирања Македонија, Македонија!
Спорт
(ВИДЕО) Американската тенисерка Гауф триумфираше на „Ролан Гарос“ по победата над белорусинката Арина Сабаленка

Американската тенисерка Коко Гауф триумфираше на Ролан Гарос, совладувајќи ја Арина Сабаленка со резултат 2-1 во сетови (6-7, 6-2, 6-4). Првиот сет беше исклучително неизвесен и исполнет со пресврти. Траеше над еден час, при што се одиграа дури осум брејка.
Сетот заврши со тај-брејк, каде што Сабаленка пропушти шанса да го освои, откако при резултат 5:5 загуби два важни поени.
Во вториот сет, Гауф веднаш направи брејк и брзо поведе со 2:0. Таа продолжи во силно темпо, направи уште еден брејк и со убедлива игра го освои сетот.
What a crazy match point 🤯#RolandGarros pic.twitter.com/qoq3uFARxc
— Roland-Garros (@rolandgarros) June 7, 2025
Третиот сет започна со доминација на Гауф, која освои три последователни гема. Сепак, Сабаленка се врати во игра и закани со израмнување, спасувајќи дури и меч-топка. Но, Гауф остана концентрирана и успеа да го затвори мечот во своја полза.
Со оваа победа, Коко Гауф го освои својот втор гренд слем трофеј, по успехот на Отвореното првенство на САД во 2023 година. Таа стана најмладата победничка на Ролан Гарос по Серена Вилијамс во 2002 година и сега води со 6-5 во меѓусебните дуели со Сабаленка.
NEW QUEEN OF PARIS 👑#RolandGarros pic.twitter.com/eiesv9t1Aw
— Roland-Garros (@rolandgarros) June 7, 2025
Спорт
Младиот шпанец Карлос Алкараз обезбеди место во финалето на Ролан Гарос

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз, кој е втор на АТП ранг-листата, денеска обезбеди место во финалето на Ролан Гарос, откако неговиот противник Лоренцо Мусети од Италија се повлече од мечот поради повреда во четвртиот сет.
Мусети, кој се наоѓа на седмото место на светската листа, го прекина натпреварот по два часа и 29 минути игра. Првиот сет помина без брејкови сè до десеттиот гем, кога Мусети успеа да ја искористи својата прва сет-топка на сервисот на Алкараз и поведе со 1:0.
Во вториот сет двајцата играчи направија по два брејка, а конечниот победник се реши во тај-брејк, каде Алкараз настапи сигурно и славеше со 7:3, израмнувајќи ги сетовите на 1:1. Во третиот сет, Алкараз беше доминантен и со три брејка во вториот, четвртиот и шестиот гем не му дозволи ниту еден гем на Мусети, поведувајќи со 2:1 во сетови.
На почетокот од четвртиот сет, при резултат 2:0 за Алкараз, Мусети се откажа поради повреда.
Во финалето, Алкараз ќе се сретне со победникот од полуфиналниот дуел помеѓу Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ, а ќе се обиде да ја освои својата петта Гренд слем титула и втора на Ролан Гарос.
Спорт
Македонија има потенцијал кој претходно го докажала. Милевски верува дека вечер играчите ќе го дадат својот максимум!

Македонската фудбалска репрезентација вечерва ќе се сретне со Белгија во третото квалификациско коло за Светското првенство. Пред натпреварот што ќе се игра во Скопје, селекторот Благоја Милевски и капитенот Енис Барди се обратија на прес-конференција.
– Селекторот Милевски истакна дека е свесен за квалитетот на белгискиот тим, кој долги години е меѓу најдобрите во Европа. Сепак, според него, Македонија има потенцијал и претходно докажала дека може да се носи со силни противници. Тој верува дека ако играчите го дадат својот максимум, може да се постигне добар резултат. Милевски додаде дека јуни традиционално е тежок период за тимот, но атмосферата и пристапот на фудбалерите овојпат му влеваат оптимизам.
– Иако неколку играчи се под знак прашалник поради повреди – како Алими, Димоски и Трапановски – тој се надева дека ќе бидат подготвени да настапат. Важно е, рече, да се смени менталитетот и физичката подготвеност да биде на повисоко ниво.
Капитенот Барди, пак, изрази уверување дека тимот е подготвен да се соочи со силниот ривал. Според него, играњето на домашен терен е голема предност, и секој играч треба да ја преземе својата одговорност. Тој нагласи дека иако Белгија е фаворит, фудбалот е непредвидлив и Македонија има квалитет и искуство да изненади. Барди повика на заедништво и максимална ангажираност, бидејќи тимската игра секогаш носела резултати, истакнаа од Фудбалската федерација на Македонија.
Дополнително предмалку ФФМ исто така истакна важна информација, истата гласи вака:
Важни ИНФОРМАЦИИ за сите НАВИВАЧИ на МАКЕДОНИЈА во пресрет на вечерашниот натпревар против Белгија на Националната арена „Тодор Проески“!
Ве повикуваме сите да пристигнете навреме и да ја поддржиме нашата репрезентација!
Вратите се отвораат во 18:45 часот. Дојдете порано за да избегнете метеж и навреме да си го заземете вашето место.
Лица со жолти маички ќе ги проверуваат / скенираат билетите на влезот.
Подгответе ги однапред за побрза и полесна проверка.
На билетите се наведени предметите кои не се дозволени за внесување.
Ве молиме почитувајте ги правилата за ваша и заедничка безбедност.
Понесете го вашето знаме или шал и сите заедно да ја обоиме арената во црвено-жолто и да навиваме за Македонија!
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (6 јуни)
-
Хороскоп24 часа
Хороскоп за сабота (7 јуни)
-
Кичево1 ден
Кичевското архиерејско намесништво истакна соопштение по повод „Духовденска задушница“
-
Култура1 ден
(ВИДЕО) Краток фрагмент на отец Партениј за „Македонија и Патриотизмот“ од новиот филм посветен на неговиот триесет годишен монашки пат
-
Македонија2 дена
СВР Охрид: Армијата на Република Македонија ќе реализира тактичко-технички активности
-
Македонија6 часа
Попладнево почувствуван земјотрес во Македонија
-
Спорт1 ден
Македонија има потенцијал кој претходно го докажала. Милевски верува дека вечер играчите ќе го дадат својот максимум!
-
Спорт1 ден
Младиот шпанец Карлос Алкараз обезбеди место во финалето на Ролан Гарос