Спорт
(ВИДЕО) Младинците на Македонија до 21 година на „Анталија Куп 2023“ ја победија Финска на пенали и домаќински прославија во соблекувалната!
Младата репрезентација на Македонија до 21 година во еден неизвесен и возбудлив натпревар, успеа да издвојува победа над Финска по подоброто изведување на пенали, на отварањето на меѓународниот контролен турнир „Анталија Куп 2023″. Во регуларните 90 минути немаше победник, резултатот беше 1:1.
Во првиот дел, видовме еден доста тврд натпревар, со многу борба, пожртвуваност и трчање на двете страни. Противникот неколку пати опасно се закани по нашиот гол, но Марко Алчевски беше на висина на задачата и одлично интервенираше. Најопасен во нашиот состав беше крилниот фудбалер Берат Калкан, кој имаше неколку одлични продори по левата страна. Добрата партија, нашиот фудбалер ја круниса со погодок од пенал за водство на Македонија.
На почетокот на вторите 45. минути, Финска успеа да го израмни резултатот. Стрелец на погодокот беше Скита. До крајот на натпреварот имавме уште неколку добри прилики, но не успеавме да реализираме. Убедливо најдобрата можност за Македонија ја имаше Хамза Рамани, но неговиот силен удар заврши покрај голот.
По пенал серијата, избраниците на селекторот Драги Канатларовски успеаа да обезбедат триумф.Сигурни од белата точка беа Малески, Крстевски, Николов, Фета и Фетаи. Фантастичен на нашиот гол беше Марко Алчевски, кој успеа да им одбрани два пенали на фудбалерите на Финска.
Во вториот натпревар од денешната програма играат селекциите на Словачка и Бугарија.
Македонија: Марко Алчевски, Марио Ричков, Андреј Стојчевски, Имран Фетаи, Стефан Деспотовски, Берат Калкан, Хамза Рамани, Решат Рамадани, Ване Крстевски, Лука Станковски, Марио Илиевски;
Резерви: Михаил Димитриевски, Димитар Тодоровски, Мартин Талаков, Иван Николоски, Матеј Ангелов, Виктор Крстевски, Иван Николов, Бехар Фета, Леонид Игнатов, Васко Василев, Христијан Малески;
Селектор: Драги Канатларовски;
Методи Максимов поради повреда на задната ложа не беше во можност да се стави на располаѓање на селекторот Драги Канатларовски на денешната средба.
Видео: sportmedia.mk
Спорт
Данска првиот предизвик за „рисовите“ во март, за пласман на големиот мундијал во САД, Мексико и Канада
Спорт
Македонија во четврток го дознава новиот ривал, по катастрофалниот пораз тргнуваме по потешкиот пат за мундијалот! Глава горе момци!
Македонската фудбалска репрезентација го запиша својот прв и единствен пораз во квалификациите за Светското првенство. Националниот тим беше целосно надвор од ритам и убедливо беше совладан на „Кардиф Сити стадиум“ со 7-1 (3-1). И покрај високата загуба, Македонија и натаму остануваат во игра и во март 2026 година ќе настапат во баражот за пласман на Мундијалот.
Играч на мечот беше дефинитивно капитенот на Велс, 28-годишниот Хари Вилсон, играчот на Фулам кој запиша 3 погодоци на овој меч.
Нема очај, од овој меч треба само да се извлече поука. Одиме напред до остварување на сонот, но овој пат по потешкиот пат. Токму поради тоа, веќе во четврток го дознаваме ривалот во првиот бараж, кој ќе се игра во март и за кој се знае дека нашиот национален тим ќе гостува или не.
Стадион во Кардиф. Гледачи: 33.000. Судија: Дани Макели. Стрелци: Вилсон 18′ пен., 75′, 81′ пен., Брукс 21′, Џонсон 37′, Џејмс 57′, Бродхед 88′ (Велс), Миовски 23′ (Македонија). Ж. картони: Ашковски, Димитриевски (Македонија).
Велс: Дарлоу, Вилијамс (82′ Кпакио), Лоуер, Родон (82′ Мефам), Дасилва, Шихан, Вилсон, Џејмс (64′ Томас), Кулен (85′ Дејвис), Брукс (64′ Броудхед), Џонсон.
Македонија: Димитриевски, Илиевски, Стојчевски (55′ Ќамили), Велковски, Зајков, Ашковски, Барди, Костадинов (55′ Чурлинов), Алими (64′ Атанасов), Елмас, Миовски (64′ Растодер).
Напред „рисови“, напред Македонија!
Спорт
Милевски: Посакувам да играме само со доверба и уживање во играта, убеден сум дека вистинскиот одговор потоа ќе следи и ќе ја постигнеме нашата цел
Македонската фудбалска селекција вечерва од 20:45 часот со директен пренос на македонската телевизија ќе го одигра последниот меч од квалификациите за Светското првенство 2026. На гостински терен во Кардиф против Велс, на нашиот тим му е доволен и бод за да го задржи второто место во групата, што би значело поповолна позиција и потенцијално полесен ривал во плејофот за пласман на Мундијалот.
Селекторот Благоја Милевски верува дека избраниците се подготвени да одговорат на предизвикот и да ја исполнат поставената цел.
– „Спремни сме за она што доаѓа. Не очекува натпревар со голема тежина, но мојата порака до играчите е да излезат на терен со самодоверба и да уживаат во играта. Велс има силен состав и одличен селектор, но и двете репрезентации остануваат речиси непроменети во однос на првиот дуел во Скопје. Убеден сум дека ќе дадеме вистински одговор и ќе ја постигнеме нашата цел“, изјави Милевски на прес-конференцијата која се одржа во рамки на вчерашниот ден, пренесува Фудбалската федерација на Македонија.
Посакуваме среќа!
НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!
-
Магазин20 часаПорака од возач на Брза Помош, почит за сите возачи, наши спасители!
-
Хороскоп2 денаХороскоп за среда (19 ноември)
-
Кичево7 часаЦУК со известување за изминатото деноноќие, во Кичево побарана била општинска интервенција во делот на ул. „Прилепска“
-
Хороскоп18 часаХороскоп за четврток (20 ноември)
-
Кичево24 часа„Македонски Завет“ организира хуманитарен концерт во НУЦК „Кочо Рацин“ со културно уметнички друштва и естрадни уметници од Кичево
-
Спорт2 денаМакедонија во четврток го дознава новиот ривал, по катастрофалниот пораз тргнуваме по потешкиот пат за мундијалот! Глава горе момци!
-
Временска прогноза1 денДожд секаде, повремено ќе засилува југоисточен ветер, поради состојбата ќе растат условите за зголемување на нивоата на реките и на езерата
-
Македонија23 часаЈанев и Спироски во македонската делегација на регионалниот стратешки состанок во Тирана, организиран и поддржан од британските агенции за спроведување на закон
