Следете не

Спорт

(ГАЛЕРИЈА) Охрид денес блесна во спортски сјај на „Охрид Опен 2023“ со спектакуларниот турнир во олимписко „Таеквондо“

Објавено пред

на

Охрид денес блесна во вистински спортски сјај, гостопримливост на високо ниво во прекрасна позитивна енергија, а ние уште еднаш дадовме поддршка и на овој турнир за спорт, полн со адреналин и дружење, реализиран по втор пат – „Охрид Опен 2023“ – олимписко „Таеквондо“ во СРЦ „Билјанини Извори“.

Турнирот беше организиран од Таеквондо клуб „Hwarang FIST“ и „Македонската Таеквондо Федерација/Macedonian Taekwondo Federation WT

Меѓу присутните како што најавија од организацијата, присутен беше и олимпискиот медалист, Дејан Георгиевски, како и Филип Додевски, Мила Релиќ и Анамарија Георгиевска кои се потенцијални кандидати за следните Олимписки игри во Париз, Франција.

Присутните оддадоа почит кон шампионот Георгиевски, а во негова придружба можеше да се забележат и челникот на Таеквондо клуб „Бутел“ и градоначалник на скопската општина Бутел, г-дин Дарко Костовски, како и неговиот колега, Д-р Александар Стојкоски градоначалник на скопско Ѓорче кои се големи поддржувачи на овој спорт.

На натпреварот учествуваа 198 натпреварувачи во категории од 6-7,  8-9 односно 10-11 – (пионир А/Б), (кадет А/Б), (Јуниор А/Б) и (Сениори А/Б) од следните клубови:
МКД „Кобра“
МКД „Младост“
МКД „Феникс КИК“
АЛБ „Партизани Таеквондо“
МКД „Таеквондо клуб – Помсае“
МКД „Те-Макс“
МКД „ТК Тигри – Скопје“
МКД „ТКД Бутел“
МКД „ТКД Гоце Делчев“
МКД „ТКД Корио – Кисела Вода“
МКД „ХВАРАНГ ФИСТ“
Ц.ГОРА „Улцин“
СРБ „Феникс-Булевар“

Постигнатите резултати може да ги прегледате ТУКА, додека во прилог ви претставуваме дел од настанот преку нашата официјална галерија направена преку нашиот објектив, воедно упатувајќи честитки до сите учесници кои се закитија со награди.

* Доколку сакате некоја од фотографиите, контактирајте нè на нашата фејсбук фан страна.

Спорт

Фудбалските судии во првата, односно втората македонска фудбалска лига супериорни во 32-то коло од првенството

Објавено пред

на

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 32 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот Фк.Тиквеш-Фк.Воска одигран на 12.05.2024 година, анализирана е ситуацијата од 14 минута.

„Главен судија: Димтар Пилешков. Помошни судии: Даниел Василевски и Слаѓан Марковски.

14 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден пенал за гостинската екипа, при резултат 0:0)

Играч на гостинската екипа додаде топка до свој соиграч во 16-сетникот на домашната екипа и пред да ја прими топката минимално беше повлечен за рака од противнички играч, по што падна.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи бидејки влечењето беше минимално, без интензитет и недоволно за пенал.

На натпреварот Фк.Шкупи-Фк.Брера одигран на 12.05.2024 година, анализирана е ситуацијата од 29 минута.

„Главен судија: Крумислав Ѓорѓиев. Помошни судии: Кристијан Џонов и Ристе Ѓорѓиев.

29 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА ( За сигнализирано офсајд позиција на домашен играч и поништен гол на домашната екипа, при резултат 0:0)

Играч на домашната екипа центрираше во 16-сетникот на гостиснаката екипа, топката дојде до друг ирач на домашната екипа и постигна гол.

Исправна одлука на вториот помошен судија што сигнализираше офсајд и што го поништи голот бидејки во момент на центаршутот од својот соиграч, играчот на домакините се наоѓаше во недозволена позиција (позади  предпоследниот играч на екипата на гостите).

Помошниот судија во оваа ситуација беше добро поставен, во линија со предпоследниот играч на гостинската екипа и имаше исправна проценка на оваа тешка ситуација.

На останатите натпревари од ПРВА МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа, додека на натпреварите од ВТОРA МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.

Прочитај повеќе...

Спорт

ЖФК Љуботен втора година по ред освојувач на Купот на Македонија во фудбал

Објавено пред

на

©ФФМ

Женскиот фудбалски клуб Љуботен втора година по ред е освојувач на Купот на Македонија, откако денеска на градскиот стадион во Велес, во реприза на минатогодишното финале успеа да издвојува минимална победа со 1:0 над екипата на Каменица Саса.

Aлександра Марковска е стрелецот на единствениот погодок и тоа директно од корнер на денешната финална средба во 90. минута.

ЖФК Каменица Саса: Фереира Да Силва, Гонзалс Руеда, Делгадо Бенедито, Иригучи Наноска, Ана Димитровска, Радица Велкова, Стефанија Маринковска, Драгана Костова, Фрагосо Туане, Елена Панеска, Стефанија Ристова

Тренер: Зоран Златковски

ЖФК Љуботен: Магдалена Лекоска, Ива Јованоска, Павлинка Николовска, Александра Марковска, Елена Симјанова, Наталиа Луана, Кармо Мартинс, Елена Петровска, Бојана Петкова, Христина Јошевска, Алваренга Диас

Тренер: Елена Петровска

Прочитај повеќе...

Спорт

Пол беше подобар од Медведев, победи на Зверев, Хуркач и Циципас во Рим

Објавено пред

на

Американскиот тенисер Томи Пол се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Рим, откако го совлада Русинот Данило Медведев со 6:1, 6:4. Моментално 16. тенисер во светот победи против четвртиот на АТП листата по час и 14 минути игра.

Противник на Пол во четвртфиналето ќе му биде Полјакот Хуберт Хуркач, кој беше подобар од Аргентинецот Себастијан Баес со 5:7, 7:6, 6:4. Местото во четвртфиналето го обезбеди петтиот тенисер во светот, Германецот Александар Зверев. Победи против Португалската калуѓерка Борхес со 6:2, 7:5.

Зверев годинава ќе го игра третото четвртфинале на Мастерсот, по Индијан Велс и Мајами, а противник ќе му биде Американецот Тејлор Фриц. И грчкиот тенисер Стефанос Циципас се пласираше во четвртфиналето откако со убедливи 6:1, 6:2 го совлада Австралиецот Алекс де Минор.

Цисипас за пласман во полуфиналето ќе се бори со Чилеанецот Николас Џари, кој беше подобар од Французинот Александар Милер (7:5, 6:3).

Во четвртфиналето се пласираше и кинескиот тенисер Жижен Жанг кој го совлада Бразилецот Тиаго Монтеиро со 7:6, 6:3. Негов следен ривал ќе биде Чилеанецот Алехандро Табило, пренесува Danas.rs

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп10 часа

Хороскоп за петок (17 мај)

ОВЕН Денес, за Овенот, љубовта го придвижува светот. Сите околу вас се чини дека се во некоја голема љубов. Може...

Автомобили15 часа

VW Golf оваа година го слави својот 50-ти роденден, а по тој повод ќе биде претставена специјална серија

Конечно по извесно време најновото издание на Golf GTI во најава, истакна првиот човек на Volkswagen, Томас Шефер, а моделот...

Спорт15 часа

Фудбалските судии во првата, односно втората македонска фудбалска лига супериорни во 32-то коло од првенството

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 32 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци: На натпреварот Фк.Тиквеш-Фк.Воска одигран на...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за четврток (16 мај)

ОВЕН Секогаш може подобро и вие тоа најдобро го знаете, па поработете на организацијата и плановите во наредниот период. Ништо...

Спорт1 ден

ЖФК Љуботен втора година по ред освојувач на Купот на Македонија во фудбал

Женскиот фудбалски клуб Љуботен втора година по ред е освојувач на Купот на Македонија, откако денеска на градскиот стадион во...

Кичево2 дена

Вчера во Кичево автомобил удрил во пешаци-малолетнички, по што возачот избегал во непознат правец

На 14.05.2024 во 11.30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на булеварот .„Ослободување“ во Кичево, патничко возило удрило во...

Магазин2 дена

Ако телефонот ви бил украден – не грижете се! Google има решение за да го пронајдете веднаш

Google лансираше апликација која ќе ви помогне да го пронајдете изгубениот телефон. Губењето на телефонот е како кошмар во денешниот...

Свет2 дена

Минатото лето беше најжешкото во последните два милениума

Научниците користеле податоци од дрво години од локации низ западната хемисфера за да ги проценат глобалните температури помеѓу првиот век...

Магазин2 дена

Продадени 12 милиони за 12 недели: Оваа видео игра го сруши рекордот!

Поставен е нов рекорд за најбрзо продаваната видео игра PlayStation, објави Sony Interactive Entertainment. Тоа е Helldivers 2, која се...

Македонија2 дена

Авто-плинот од денес конечно со намалена цена за литар, после подолго време

„ТНГ“ за автомобили „плин“ од денес со намалена цена за литар, односно цената е намалена за 1,5 денар. Како што...

НАЈЧИТАНИ