Спорт
Германскиот „ас“ и капитен на Манчестер Сити на крајот од сезоната би можел кариерата да ја продолжи во Барселона

Капитенот на Манчестер Сити и германски фудбалски репрезентативец Илкај Гундоган на крајот од сезоната би можел да ја продолжи кариерата во Барселона, пренесува британски Атлетик.
Гундоган пристигна во Манчестер Сити од Борусија Дортмунд во 2016 година, а досега за англискиот клуб одигра 290 натпревари и постигна 53 гола. Тој има договор со Манчестер Сити до крајот на сезоната.
Од Атлетик тврдат дека мали се шансите германскиот фудбалер да ја продолжи соработката со англискиот шампион, бидејќи Гундоган и раководството на Манчестер Сити не можат да се договорат за условите за нов договор. Во тој случај германскиот репрезентативец без обештетување би преминал во Барселона. Тој треба да потпише повеќегодишен договор со Барселона, а подготвен е да прифати помала плата од онаа што ја имаше во Манчестер Сити.
Менаџерите на германските фудбалери не сакаа да ја коментираат оваа информација, но истакнаа дека сите опции се можни.
Гундоган за германската репрезентација одигра 66 натпревари и постигна 17 голови.
Извор: Британски Атлетик
Спорт
Познати противниците на младата репрезентација на Македонија за ЕП 2027 во Албанија и Србија

Денеска во седиштето на УЕФА, Нион се одржа ждребот за квалификациите за пласман на Европско првенство 2027 во Албанија и Србија за фудбалери до 21 година.
Нашата млада селекција за противници ги доби репрезентациите на Италија, Полска, Шведска, Црна Гора и Ерменија во рамки на групата Е.
Квалификацискиот циклус ќе започне во март годинава и ќе трае се до ноември 2026 . Домаќините на претстојното Европско првенство, Албанија и Србија се директни учесници на турнирот.
Повеќе прочитајте на официјалниот натпис од ФФМ, ТУКА
Спорт
(ВИДЕО) Првиот човек на ФФМ се сретна со вработените задолжени за терените, нивниот труд конечно е вреднуван

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ првата работна средба денес ја оствари со вработените задолжени за одржувањето на фудбалските терени.
– Со Амди, Џеко, Диљо и Исак разговаравме за нивната работа и подобрувањата на условите за работа.
– Ја препознавам нивната посветеност, работат и по 14 часови на ден во секакви временски услови. Заеднички ќе се потрудиме да обезбедиме терени со врвен квалитет, конечно, го вреднуваме нивниот труд – истакна Омерагиќ на неговиот официјален фејсбук профил.
Во прилог погледнете го видеото ТУКА од средбата со истакнатите вработени во Фудбалската федерација на Македонија
Спорт
Комисијата за натпревари при ФФМ закажа редовен семинар со делегатите од првата и втората македонска фудбалска лига

Комисијата за натпревари при Фудбалска федерација на Македонија ќе одржи редовен семинар со делегатите од Прва и Втора МФЛ. Семинарот ќе се одржи во хотелот Хилтон, на 11. февруари (вторник), со почеток од 11:00 часот, пред продолжување на пролетниот дел од сезоната 2024 – 2025 во Првата и Втора МФЛ, истакнаа од Фудбалската федерација на Македонија
-
Кичево7 часа
Рекапитулар на сработеното во „ЈЗУ Општа Болница“ – Кичево, по првите шест месеци од новото раководство, кичевчани заслужуваат подобро!
-
Кичево4 часа
Од испукана петарда, малолетничка од Кичево се здобила со повреди констатирани во Општата Болница
-
Хороскоп20 часа
Хороскоп за четврток (6 февруари)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (5 февруари)
-
Спорт1 ден
(ВИДЕО) Првиот човек на ФФМ се сретна со вработените задолжени за терените, нивниот труд конечно е вреднуван
-
Спорт2 дена
Комисијата за натпревари при ФФМ закажа редовен семинар со делегатите од првата и втората македонска фудбалска лига
-
Lifestyle1 ден
Истражувачите објаснуваат: Кои намирници навистина го зајакнуваат имунитетот?
-
Магазин1 ден
Apple плаќа 20 милиони долари за батеријата на Apple Watch