Занимливости
(ВИДЕО) Неверојатна снимка каде се спојуваат Пацификот и Атланскиот океан близу Кејп Хорн
Местото каде се спојуваат Пацификот и Атлантскиот океан, близу Кејп Хорн, изгледа како некој да повлече линија на географска карта – едната половина ја наслика со темно сина, другата со зеленикава нијанса.
Снимката од „судирот“ на двата океана стана вирална токму поради неочекувана глетка што сугерира дека нивните води не се мешаат.
Сепак, експертите забележуваат дека границата помеѓу двата океана е само понекогаш јасно видлива, бидејќи водите на океаните се мешаат, само многу побавно отколку што би очекувале и под влијание на разни фактори.
Вода со различни бои и густини се меша според принципот на дифузија (експанзија или истурање), што е исклучително бавно во течностите. Во океанот, должината на тој процес најмногу зависи од физичката вознемиреност, т.е. физички влијанија врз мешањето – бранови, подводни струи, ветрови… Различни густини на соседните океани се под влијание на бројни фактори – разлики во соленоста на водата, прилив на свежа вода од топење на глечерите, големи реки кои локално внесуваат одредена количина глина и тиња во океан и промена на нејзината густина и боја, поголем број на алги од едната страна
Но, сето ова не ја прави оваа појава помалку привлечна.
ФОТО: screenshot/video
Извор: српска Нова
Занимливости
Мрсната коса бара секојдневна грижа и одржување
Брзото мрсење на косата е чест и непријатен проблем што им создава грижи на многумина. Одржувањето на ваквата коса често знае да биде вистински предизвик. Иако на пазарот има бројни производи наменети за мрсна коса, не секој делува исто кај сите. Затоа, домашниот шампон може да биде едноставно и природно решение за оние кои сакаат да ја намалат мрснотијата и повторно да ѝ го вратат здравиот изглед на својата коса.
Со редовна употреба на овој природен шампон, косата ќе се масти поретко и ќе изгледа посјајна и свежа.
Рецепт:
Измешајте сода бикарбона и вода во сооднос 1:3, односно на една мерка сода додадете три мерки вода.
На пример, за коса до рамена доволни се две до три кафени лажички сода бикарбона.
Смесата нанесете ја на сува или влажна коса, почнувајќи од коренот кон врвовите, и оставете да делува една до две минути. Потоа добро исперете со вода.
Потоа подгответе раствор од оцет (вински или алкохолен) и вода во однос 1:4. За поблаг мирис, може да додадете неколку капки етерично масло по ваш избор. Со оваа смеса исплакнете ја косата, а потоа повторно исперете со вода.
По ваквата нега, косата ќе биде чиста, мека и ќе има природен сјај.
/taratur
Занимливости
„Астероидот 2025 PM“ безбедно прелета покрај Земјата
Астероидот кој беше откриен годинава, безбедно прелета покрај Земјата на растојание од околу еден милион километри — што е над два и пол пати подалеку од оддалеченоста на Месечината.
Според Лабораторијата за сончева астрономија при IKI RAN, најновите набљудувања овозможија попрецизно да се утврдат неговите димензии. Се покажало дека астероидот има дијаметар од приближно 53 метри, што е малку повеќе од првичните проценки. Неговата орбита е темелно проучена и не постои ризик од судир со Земјата.
Минувањето се случи денеска во 11:03 часот по средноевропско време, точно како што беше предвидено.
Во втората половина на септември се очекува уште едно блиско прелетување: астероидот 2025 FA22, со дијаметар од околу 200 метри, ќе помине на слична оддалеченост од околу еден милион километри. Иако не претставува непосредна закана, астрономите внимателно го следат поради неговата големина, со што тој се вбројува меѓу потенцијално опасните објекти, пишуваат светските медиуми.
Занимливости
Во Македонија возиме драстично поевтино гориво за разлика од соседството?
Во следната недела во соседна Србија, цената на дизелот ќе биде пониска, имено литар еуродизел чини 192 динари, додека цената на бензинот е 178 динари. Во наша валута на македонски денари, тоа значи дека во Србија литар дизел до следниот петок ќе се продава за 101 денар, додека бензинот 93,50 денари.
Ако го споредиме со износите од минатата недела, еуродизелот поевтини за еден динар, додека цената на литар бензин остана иста.
Според моменталните податоци од берзата, цената на суровата нафта малку се зголеми на 66.839 долари, а цената на нафтата Брент падна на 66.546 долари.
Кај нас моменталната цена на еуродизелот е 68,50 ден/лит, додека бензинот (95 октани) на малопродажните објекти се продава за 74,50 ден/лит, а (98 октани) за 76,50 ден/лит.
-
Спорт1 денКичевскиот фудбалски судија Лика во среда ќе биде прв помошен судија на „play-off“ дуелот меѓу Нант и Макаби Хаифа
-
Магазин2 денаИвана од Кичево оваа година по петти пат изработува новогодишни честитки за да помогне на лица и здруженија каде е најпотребно
-
Хороскоп1 денХороскоп за сабота (6 декември)
-
Lifestyle2 дена(ВИДЕО) Анатоли фитнес момчето кое стана вистинска сензација на „ТикТок“ конечно препознат од неговата публика
-
Временска прогноза2 денаВрнежите од дожд продолжуваат, Попоски апелира за зголемување на нивоата од реките и езерата
-
Временска прогноза14 часаСе менува ли климата? Најава за невообичаено топло време од следната седмица во месец декември – ова се информациите
-
Македонија1 ден„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки
-
Хороскоп2 часаХороскоп за недела (7 декември)
