Кичево
(ВИДЕО) Пожарот во с.Душогубица кичевско сеуште активен, опожарени се пчелни сандаци и куќа
Денес околу 10:30ч забележан и пријавен бил пожар во атарот на село Душогубица кичевско. Село кое се простира во височините на југоисточните падини на планината Бистра, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Маврово и Ростуше.
Пожарот на кој интервенираа ТППЕ Кичево и полицискиот хеликоптер допре дури до живеалиштата, а опожарени се околу 40-тина пчелни сандаци, истакна претседателот на МЗ с. Душогубица, г-дин Димче Стојкоски.
Пожаротега е распространет кон горниот срт на планината на непристапен терен над селото.
Порта.мк останува на овој дел од селото и активно ја следи состојбата со пожарот.
ЦУК до 18:00ч:
🔥 На ден 21.08.2025 година, до 18:00 часот, на територијата на Р.С.Македонија има вкупно 20 пожари на отворен простор, од кои активни се 7, 1 под контрола и 12 изгаснати.
АКТИВНИ: 7
1. Општина Македонски Брод: Повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума)
2. Општина Струга: с. Подгорци (нискостеблеста шума)
3. Општина Прилеп: с. Беловодица – место викано Ливада и с. Лењиште (букова шума)
4. Општина Долнени: с. Стровија и с. Долгаец (мешана шума)
5. Општина Росоман: с. Дебреште (ниска вегетација)
6. Општина Кичево: с. Душегубица (ниска вегетација и ниска шума)
7. Општина Студеничани: с. Горно Количани и с. Драчевица – планински врв Китка (мешана шума)
ПОД КОНТРОЛА: 1
1. Општина Старо Нагоричане: с. Канарево (ниска вегетација)
ИЗГАСНАТИ: 12
1. Општина Маврово – Ростуше: с. Церово и с. Симница (нискостеблеста шума и сеча)
2. Општина Боговиње: с. Оловјане (ниска вегетација)
3. Општина Ѓорче Петров: с. Орман (ниска вегетација)
4. Општина Струга: с. Велешта и с. Белица (стрниште)
5. Општина Липково: с. Слупчане и с. Ваксинце (стрниште)
6. Општина Струмица: с. Ангелци (ниска вегетација)
7. Општина Долнени: с. Лажани (ниска вегетација)
8. Општина Кратово: место викано Рашковец (ниска вегетација)
9. Општина Кичево: с. Горица (стрниште)
10. Општина Студеничани: с. Батинци (ниска вегетација и ѓубре)
11. Општина Ѓорче Петров: с. Волково (ниска вегетација)
12. Општина Гази Баба: с. Трубарево (ниска вегетација)
Кичево
На градскиот плоштад во Кичево и оваа година ќе блесне хуманитарниот „Божиќен Базар“ покрај најубавиот украс „Витлеемската Пештера“
Почитувани кичевчани, драги сограѓани. Со голема радост преку нашиот медиум како главен медиумски покровител, вашиот кичевски крик кој од 2017-та ја зрачи позитивната енергија во онлајн етерот и како дел од организацијата ја имаме таа чест премиерно да Ве известиме дека и оваа господова година 2026 традиционално ќе се реализира кичевскиот хуманитарен „Божиќен Базар“ позициониран на градскиот плоштад – Кичево, почнувајќи од 2-ри јануари (петок) со почеток од 18:00ч, до 10-ти јануари (сабота) со исклучок на 6-ти и 7-ми бидејќи тие денови се нашите најголеми празници.
И оваа година покрај најубавата 🎄 елка и најубавиот Божиќен украс „Витлеемската Пештера“ – украси кои одамна ги красат овие најубави денови во нашиот град, ќе имаме одлична програма и многу забава.
За возрасните штандот ќе биде збогатен со греана ракија, вино, пиво, апетисани, кафе и топол природен чај, масата ќе ја красат најразновидните слатки производи, како и посебен штанд со познатите вкусни палачинки.

Ланскиот Божиќен Базар 2025 година
Оваа година на програмата се организира повторно богата лотарија за возрасните, но и за дечињата. Ученици ќе презентираат слики на платно и креативни arts and crafts, ќе се презентираат декоративни свеќи, голем избор на рачно изработени накит и женски чанти.
За сите дечиња присутен ќе биде Дедо 🎅 Мраз од Лапонија :), додека благодарение на спонзорите, ќе имаме „пакетчиња за сите дечиња“. Маскоти, за голема радост на дечињата ќе имаме и Рингишпил, како една од најголемите атракции минатите години.
За Божиќ, односно на 8-ми до 10-ти односно до самиот крај, на богатата трпеза ќе биде застапена највкусната скара. На музичкиот подиум и оваа година ексклузивно ќе бидат домашните кичевски бендови и пејачи од нашето поднебје, Културно уметничките друштва и останато.
Благодарение на група граѓани кои несебично помагаат и допринесуваат и оваа година ќе блесне најдобриот спектакл во нашиот град, овој пат збогатен со многу изненадувања и богата трпеза
За сите новости и дополнителни изненадувања, како и за комплетната агенда ќе ве известуваме благовремено!
p.s. Сите кои сакаат да бидат дел и да придонесат, можат да ни се приклучат и заеднички да направиме нешто повеќе за нас и нашите генерации кои доаѓаат по нас, контрактирајте не со порака ТУКА, или на тел. ☎️ 078/655-993 заклучно со 10-ти декември 2025. После тој датум ја заклучуваме конечната агенда.
Кичево
(ФОТО) Д-р Александар Јовановски денеска со свеченост ја презеде функцијата градоначалник на општина Кичево, „За мене како што знаете поделбите не постојат, ќе продолжиме напред заедно“
Денес и официјално Д-р Александар Јовановски ја презеде градоначалничката функција и влезе во општинската зграда на град Кичево. Со свеченост и честитки беше пречекан од вработените, упатувајќи срдечни поздрави за успешен старт, многу здравје, среќа и бериќет во плодна работа.
Советниците ги зедоа своите уверенија за четиригодишниот мандат, а примопредавање во една добра атмосфера му оддаде и досегашниот градоначалник Фатмир Дехари кој му посака успех во работата и многу здравје каде му врачи еден скромен поклон – четири слики во една од град Кичево, изгравиран со честитка за успешна работа.
– Верувам дека со заедничка работа, искрен дијалог и посветеност ќе создадеме поубав, поправеден и поуспешен град за сите нас и за идните генерации. Нека е аирлија, да продолжиме напред заедно, за мене како што знаете поделбите не постојат, она по што ќе се водиме е достоинствен живот за сите – истакна Јовановски на социјаните мрежи.
Посакуваме среќен почеток и успешна работа!
Кичево
Во сабота спремете се за третото концертно издание на „Enigma Rock Night Vol.3“ во НУЦК „Кочо Рацин“, на сцената ќе настапат сите локални бендови
Подгответе се за вечер полна со жива музика, силен звук и незаборавна атмосфера! На 15 ноември, со почеток од 19:30 часот, во НУЦК „Кочо Рацин“ во Кичево, ќе се одржи третото издание на најгласниот градски настан, фестивалот кој ја пренесува најдобрата рок енергија.
На сцената ќе настапат некои од најдобрите локални и регионални бендови:
⚡ Phoenix
⚡ Addicted
⚡ Future Band
⚡ Sound Division
⚡ Plum
⚡ Hush
Секој од нив ќе ја крене енергијата до максимум и ќе го потсети публиката зошто рокот никогаш не излегува од мода.
Настанот има и хуманитарен карактер, имено сите собрани средства ќе бидат наменети за континуирано реновирање на просториите на „Енигма“, култното место каде што се создава и негува автентичниот кичевски рок звук.
Влез: 200 денари
📍 Локација: Фоаје на Дом на култура „Кочо Рацин“ – Кичево
Датум: 15 ноември, 19:30 часот
Бидете дел и заеднички да ја почувствуваме моќта на локалната рок сцена и да бидете дел од нешто што расте од година во година, потврдете го вашето присуство преку фејсбук настанот ТУКА
-
Кичево1 денНа градскиот плоштад во Кичево и оваа година ќе блесне хуманитарниот „Божиќен Базар“ покрај најубавиот украс „Витлеемската Пештера“
-
Кичево2 дена(ФОТО) Д-р Александар Јовановски денеска со свеченост ја презеде функцијата градоначалник на општина Кичево, „За мене како што знаете поделбите не постојат, ќе продолжиме напред заедно“
-
Хороскоп1 денХороскоп за вторник (11 ноември)
-
Македонија10 часаТелефони во рака, да му помогнеме на нашиот другар Ивица Попоски од Охрид, треба да оди итно на операција во Турција
-
Хороскоп10 часаХороскоп за среда (12 ноември)
-
Здравје и убавина2 денаДомашен напиток од свежи билки против болки во Бубрезите од бубрежните камења
-
Временска прогноза24 часаОд утре целосна стабилизација на времето ширум Македонија, ова се деталите
-
Спорт2 денаАталанта го разреши од должноста досегашниот тренер Иван Јуриќ

