Следете не

Балкан

(ВИДЕО) Први снимки од Загреб каде што пред неполн час се случила експлозија, неофицијално најдени биле делови од авион..

Објавено пред

на

Околу 23 часот во близина на студентскиот дом на Сава во Загреб одекна силна експлозија која ги вознемири жителите на околните згради.

Според медиумите во Хрватска, Итната помош веднаш заминала на местото на настанот, а според првите информации од очевидци се чини дека се урнал воен авион.

Исто така, пожарникарите добиле дојава за пронајдениот падобран.

Полицијата и пожарникарите се на терен и веднаш го оградија просторот околу големата дупка во асфалтот. Патот Јарун и паркингот се полни со шут и асфалт, а има и оштетени автомобили.

По непотврдените изјави на очевидци, но и видеото кое го доби Јутарњи лист, на местото каде што се случила експлозијата се гледаат делови од авионот. Други информации што се појавуваат сугерираат дека можеби станува збор за експлозија на гас.

Засега нема официјални информации, полицијата е на терен.

Така што според првите официјални информации до кои дошол репортерот на Дневник.хр, се чини дека на местото на падот бил пронајден дел од моторот на авионот, кој направил кратер со дијаметар од околу три метри и длабочина од еден метар.

Пожарникарите се обидуваат да отстранат уште еден предмет кој се заглавил на блиското дрво.

На десетина минути пред полноќ на местото на нападот пристигнала и воената полиција.

Ова се првите снимки од местото на настанот:

Извор: (b92.net)
Фото: printscreen/twitter videos

Балкан

Црвена Ѕвезда во Белград убедливо го совлада грчки Панатинаикос во рамки на 9-то коло во Евролига

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com / Инстаграм reel

Црвена Ѕвезда синоќа во Белград извојува убедлива победа над Панатинаикос со резултат 86:68, во рамките на 9. коло од кошаркарската Евролига. Најистакнати поединци кај домаќините беа Милер-Мекинтајр и Монеке, кои постигнаа по 14 поени, додека кај гостинскиот состав најдобар беше Слукас со 16 поени.

Со овој триумф, „црвено-белите“ ја продолжија својата победничка серија на седум натпревари и се искачија на првото место на табелата со учинок 7 победи и 2 порази.

Тимот на Панатинаикос моментално се наоѓа на осмата позиција со биланс 5-4.

Карактеристично е што после мечот, во прес салата тренерот одговараше на прашања од новинарите, каде извесен Гоце од Кичево, кој барем така се претстави, праша според „присутните“ нелогично прашање, со што ги збуни присутните и тренерот, па побараа следно прашање.

Проследете го моментот ТУКА. Евидентно е дека се работи за монтирано видео/пародија, останува да видиме. Некои во коментарите пишуваат дека според гласот тоа бил извесен новинар Горан, а со помош на модерни алатки гласот да е модериран дека станува збор за Гоце од Кичево.

Извор: off.net.mk

Прочитај повеќе...

Балкан

Уште три пациенти повредени во пожарот од Кочани пренесени на „Клиничкиот центар“ во Ниш на пластична и реконструктивна хирургија

Објавено пред

на

Уште тројца пациенти повредени во пожарот што се случи на 16 март во Кочани биле донесени вчера однесени во Универзитетскиот клинички центар Ниш. Двајца мажи и една жена се префрлени од УКЦС во УКЦ Ниш и лекувањето ќе го продолжат на Одделот на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија.

– „Вкупно шест повредени во овој трагичен настан во моментов се хоспитализирани во Клиничкиот центар Ниш. Четворица мажи и една жена се на одделението на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, додека еден пациент се уште е на одделението за интензивна нега на Клиниката за анестезија и интензивна терапија“, соопштија од Клиничкиот центар во Ниш.

Сите оперативни мерки и напори на медицинскиот персонал се насочени кон опоравување на повредените, се вели во изворот.

Им посакуваме побрзо закрепнување!

Прочитај повеќе...

Балкан

(ВИДЕО) Претседателот Александар Вучиќ ги посети повредените македонски државјани во српските клиники

Објавено пред

на

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ги посети повредените Македонци кои се на лекување во Универзитетскиот клинички центар на Србија. Разговараше со нив, и им даваше мотив и сила дека се ќе биде во ред.

– „Само држете се, ви посакувам се најдобро, не плачете, ќе бидете добро“, рече претседателот додавајќи дека состојбата на девојчето е донекаде сериозна, но нејзиниот живот не е во опасност.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп8 часа

Хороскоп за среда (12 ноември)

Овен Пристапете се чекор по чекор денес, бидејќи тоа е како да се движите низ минско поле! Ситуацијата на работа...

Македонија9 часа

Телефони во рака, да му помогнеме на нашиот другар Ивица Попоски од Охрид, треба да оди итно на операција во Турција

Ивица Попоски од Охрид се бори со тешка хронична болест на бубрезите „стадиум 5“ и оди на хемодијализа од 2016...

Македонија18 часа

Пријави за навивачи на мечот помеѓу Силекс и Шкупи за пораки и скандирања со навредлива содржина

На 10.11.2025 на стадионот во Кратово, за време на одигрување на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Силекс“ од Кратово  и ФК...

Фото: Václav Pecharc @ unsplash Фото: Václav Pecharc @ unsplash
Автомобили19 часа

Renault Mégane се враќа на бензин: повраток кон класиката по ерата на електричните возила

По три години целосна електрификација, Renault повторно го разгледува враќањето на бензинските мотори во своите семејни модели Mégane и Scénic....

Фото: Mariia Shalabaieva @ unsplash Фото: Mariia Shalabaieva @ unsplash
Магазин19 часа

SoftBank го продаде целиот свој удел во Nvidia за 5,8 милијарди долари

Јапонскиот технолошки конгломерат SoftBank објави дека целосно го продал својот удел во Nvidia за 5,83 милијарди долари, со што ја...

Фото: Jonas Leupe @ unsplash Фото: Jonas Leupe @ unsplash
Магазин19 часа

Како да го забрзате вашиот стар Android телефон без да купувате нов

Наместо веднаш да трошите пари за нов телефон, пробајте неколку едноставни чекори што можат повторно да го направат вашиот Android...

Фото: ubeyonroad @ unsplash Фото: ubeyonroad @ unsplash
Магазин19 часа

Apple развива 100MP сензор со LOFIC технологија: iPhone ќе се доближи до професионалните камери

Apple работи на развој на свој CMOS сензор со LOFIC технологија и резолуција од 100 мегапиксели, кој ветува динамички опсег...

Временска прогноза22 часа

Од утре целосна стабилизација на времето ширум Македонија, ова се деталите

Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна и сува воздушна маса од утре (среда 12 ноември) па...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за вторник (11 ноември)

ОВЕН Работа – Пред вас е малку потежок месец, полно со искушение што се однесува до работата и работната атмосфера. Бидете...

Кичево1 ден

На градскиот плоштад во Кичево и оваа година ќе блесне хуманитарниот „Божиќен Базар“ покрај најубавиот украс „Витлеемската Пештера“

Почитувани кичевчани, драги сограѓани. Со голема радост преку нашиот медиум како главен медиумски покровител, вашиот кичевски крик кој од 2017-та...

НАЈЧИТАНИ