Спорт
(ВИДЕО) Првиот човек на Фудбалската федерација во новогодишното интервју одговараше на секаков вид прашања од медиумите

Претседателот на ФФМ, г-дин Масар Омерагиќ денес премиерно се обрати пред јавноста во своето новогодишно интервју, каде одговараше на новинарските прашања од медиумите ширум Македонија. Интервјуто го водеше г-дин Златко Андоновски.
Првиот човек на Федерацијата одговори на сите прашања, а тие беа поврзани со клупскиот и репрезентативниот фудбал, судиската комисија, ВАР-технологијата, спонзорства, инвестиции, поддршка од државните институции и локалната самоуправа поврзана со инфраструктурата, враќањето на фудбалските великани во „Куќа на фудбалот“
Во продолжение проследете го интервјуто објавено на официјалниот јутјуб канал од Фудбалската федерација на Македонија:
Спорт
Познати противниците на младата репрезентација на Македонија за ЕП 2027 во Албанија и Србија

Денеска во седиштето на УЕФА, Нион се одржа ждребот за квалификациите за пласман на Европско првенство 2027 во Албанија и Србија за фудбалери до 21 година.
Нашата млада селекција за противници ги доби репрезентациите на Италија, Полска, Шведска, Црна Гора и Ерменија во рамки на групата Е.
Квалификацискиот циклус ќе започне во март годинава и ќе трае се до ноември 2026 . Домаќините на претстојното Европско првенство, Албанија и Србија се директни учесници на турнирот.
Повеќе прочитајте на официјалниот натпис од ФФМ, ТУКА
Спорт
(ВИДЕО) Првиот човек на ФФМ се сретна со вработените задолжени за терените, нивниот труд конечно е вреднуван

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ првата работна средба денес ја оствари со вработените задолжени за одржувањето на фудбалските терени.
– Со Амди, Џеко, Диљо и Исак разговаравме за нивната работа и подобрувањата на условите за работа.
– Ја препознавам нивната посветеност, работат и по 14 часови на ден во секакви временски услови. Заеднички ќе се потрудиме да обезбедиме терени со врвен квалитет, конечно, го вреднуваме нивниот труд – истакна Омерагиќ на неговиот официјален фејсбук профил.
Во прилог погледнете го видеото ТУКА од средбата со истакнатите вработени во Фудбалската федерација на Македонија
Спорт
Комисијата за натпревари при ФФМ закажа редовен семинар со делегатите од првата и втората македонска фудбалска лига

Комисијата за натпревари при Фудбалска федерација на Македонија ќе одржи редовен семинар со делегатите од Прва и Втора МФЛ. Семинарот ќе се одржи во хотелот Хилтон, на 11. февруари (вторник), со почеток од 11:00 часот, пред продолжување на пролетниот дел од сезоната 2024 – 2025 во Првата и Втора МФЛ, истакнаа од Фудбалската федерација на Македонија
-
Кичево9 часа
Рекапитулар на сработеното во „ЈЗУ Општа Болница“ – Кичево, по првите шест месеци од новото раководство, кичевчани заслужуваат подобро!
-
Кичево5 часа
Од испукана петарда, малолетничка од Кичево се здобила со повреди констатирани во Општата Болница
-
Хороскоп22 часа
Хороскоп за четврток (6 февруари)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (5 февруари)
-
Спорт1 ден
(ВИДЕО) Првиот човек на ФФМ се сретна со вработените задолжени за терените, нивниот труд конечно е вреднуван
-
Lifestyle1 ден
Истражувачите објаснуваат: Кои намирници навистина го зајакнуваат имунитетот?
-
Магазин1 ден
Apple плаќа 20 милиони долари за батеријата на Apple Watch
-
Здравје и убавина1 ден
Дознајте детали за вашето здравје преку јазикот