Следете не

Кичево

(ВИДЕО) Семејство на печалбари од Кичево кој живеат во Швајцарија се жалат за вртоглави суми за потрошена електрична енергија иако не биле дома

Објавено пред

на

Кичевчанецот Фатлинд Далипи заедно со семејството кој живеат во Швајцарија за ТВ21 преку видео запис упатуваат жалби дека последните два месеца – август и септември добиле вртоглави сметки за имовината во град Кичево, иако не биле таму. За август сметката била 5 илјади, а за септември 9.300 денари, како што тврди тие месеци не биле дома. За период 8 септември-7 октомври добил сметка за струја од 9.271 денар. Исто така вели дека бројките од потрошените киловат часови на сметката, не се совпаѓаат со бројките на броилото кој ги фотографирал лицето кое се грижи за неговата куќа.

Повеќе прочитајте на официјалната репортажа од ТВ21 – ТУКА

Извор/Репортажа: ТВ21
Хост: Салије Садику

Кичево

Кичевските села „Козица, Белица, ХПП Белица и Белица 1“ во петок ќе бидат со времен прекин на електрична енергија

Објавено пред

на

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа на ден 09.12 – петок, ЕВН КЕЦ Кичево ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата во следните кичевски улици и села:

  • Од (08:20 до 16:00 часот) – село Козица, Белица, ХПП Белица 1 и ХПП Белица
  • Времетраењето „од-до“ може да зависи од ефикасноста на работата.

    За нашиот медиум известува ЕВН Македонија.

Прочитај повеќе...

Кичево

Кичевски магацинско-дистрибутивен центар за прехрамбени производи има потреба од двајца Комерцијалисти за град Кичево

Објавено пред

на

Магацинско-дистрибутивниот центар за прехрамбени производи „УНИОН ЕМ ЕМ“ од Кичево, како увозник и застапник за брендовите на „GOLD,WALTZ, SALBOS, COCOLINE, Sarajevska Mlekara“, поради проширување на својот работен ангажман во таа област има потреба од двајца КОМЕРЦИЈАЛИСТИ за реон територија на град Кичево.

Услови за аплицирање: „Поседување на важечка возачка дозвола минимум „Б“ категорија.

Сите заинтересирани добиваат работа на неопределено, додека работните активности се од понеделник до петок по 8 часа на ден, службено возило и телефон“

Апликацирањето започнува од 07.12.2022 (среда) и истото може да го поднесете во вид на „CV“ или оставање телефон за контакт преку електронска пошта [email protected] или директно со јавување на телефонскиот број 078/476-961.

Прочитај повеќе...

Кичево

Дали и оваа година Кичево ќе остане без новогодишни украси?

Објавено пред

на

Доаѓаат предноводишните празници и секако најлудата ноќ. Оваа година најверојатно ќе прославиме слободни, без ограничувања поради олеснителните околности од пандемијата, фала богу.

Печалбарите дел се враќаат да прослават со најблиските, дел доаѓаат покасно.

Скоро секој град факт е дека се труди да биде препознатливо украсен за овие денови, но нашиот град Кичево, односно челниците веќе 5 години по ред финансиските средства предвидени за украсување истакнуваа дека ќе бидат распределувани во хуманитарни цели, онаму каде е најпотребно.

Поради новонастанатата енергетска криза, каква ќе биде одлуката за оваа година останува да видиме, иако градот располага со реквизити за новогодишно украсување, кои се употребувани изминатите години.

Имено кичевчани сигурно нема да останат рамнодушни и ќе ги украсат своите тераси, прозори и со тоа ќе го разубават своето живеалиште и секако градот во целина.

Во 2019 година ТУКА направивме еден вид мал натпревар во „најубаво украсена куќа или стан“ во Кичево, со тоа што сакавме да ја доловиме новогодишната атмосфера, преку вашите домови и вашите најразлични декорации, со илјадници сијалички обвиткани околу терасите, дрвцата и прозорците на куќите, но и со светлечки фигури на Дедо Мраз, Снешко, буквално се што е од новогодишен украс.

Доколку одлучиме и оваа година да направиме нешто слично, ќе ве известиме, до тогаш погледнете ја галеријата од 2019 и победникот ТУКА

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

На денешен ден3 часа

8 декември – Светот „На денешен ден“

1542.- Родена е Мери Стјуарт, кралица на Шкотска од 1560 година. Поради нејзината про-католичка политика, била принудена да абдицира во...

Хороскоп10 часа

Хороскоп за четврток (8 декември)

ОВЕН Барате начин како да ги оправдате причините поради кои сеуште се наоѓате на место на кое многу ваши соработници...

Спорт13 часа

Познати противниците на младите женски репрезентации во фудбал до 17 и 19 години за турнирот кој ќе се одржи во Македонија

Младите женски селекции на Македонија до 17 и до 19 години ги дознаа противниците за следните квалификации што ќе се...

Култура13 часа

Утре се празнува Св.Ѓорѓија, голем ден, куќна слава и именден, нека е за многу години домаќини!

Верниците со православна вероисповед го празнуваат посен свети Ѓорѓија. Освен како семејна слава, овој голем ден се празнува и како...

Кичево17 часа

Кичевските села „Козица, Белица, ХПП Белица и Белица 1“ во петок ќе бидат со времен прекин на електрична енергија

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа на ден 09.12 – петок, ЕВН КЕЦ Кичево ќе работи на терен, така што прекини во снабдување...

Македонија19 часа

Бензините повторно поевтинуваат, дизелот и автоплинот остануваат со иста цена

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени...

Временска прогноза21 час

Временска промена со моќен циклон, Попоски најавува дождлив викенд со снег на некои места

Моќниот циклон кој за време на викендот ќе го погоди целиот Балкански Полуостров, ќе донесе ОПАСНОСТ од локални ПОПЛАВИ.  Со продорот...

На денешен ден1 ден

7 декември – На денешен ден

1857 Роден е српскиот сликар Урош Предиќ, член на Српската академија на науките и уметностите, претставник на академскиот реализам, мајстор...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за среда (7 декември)

ОВЕН Може да очекувате фаза која ќе биде многу поволна за вас. Ќе успеете да остварите стабилизација на работа. Ве...

Кичево2 дена

Кичевски магацинско-дистрибутивен центар за прехрамбени производи има потреба од двајца Комерцијалисти за град Кичево

Магацинско-дистрибутивниот центар за прехрамбени производи „УНИОН ЕМ ЕМ“ од Кичево, како увозник и застапник за брендовите на „GOLD,WALTZ, SALBOS, COCOLINE,...

НАЈЧИТАНИ