Следете не

Спорт

(ВИДЕО) Следете го судењето за Новак Ѓоковиќ во живо

Објавено пред

на

Моментално судењето за светскиот првак, србинот Новак Ѓоковиќ е во тек, следете ги најновите вести преку официјалниот јутјуб линк во продолжение:

Спорт

Робин Госенс се поблиску до преселба во Интер

Објавено пред

на

Фудбалерот на Аталанта, Робин Госенс ​​е блиску до преселба во Интер, објавија италијанските медиуми. Германскиот репрезентативец поради повреда на тетивата последниот натпревар го одигра на 25 септември, а во четврток треба да ги направи лекарските прегледи и потоа да потпише договор.

Гусенс до крајот на сезоната ќе настапува за клубот од Милано како позајмен играч со обврска за откуп за 27 милиони евра.

Фудбалерот кој игра на позицијата лево крило пристигна во Аталанта како слободен играч во 2017 година од холандски Хераклес, за италијанскиот клуб одигра 157 натпревари и постигна 29 гола.

За германската репрезентација дебитираше во 2020 година и запиша 13 настапи за националниот тим.

Прочитај повеќе...

Спорт

Димитар Мечкаровски е новиот претседател на Судискиот одбор на ФФМ

Објавено пред

на

О. на ФФМ донесе одлука Редовното Годишно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија да се оддржи на 12. март 2022 година во Скопје.

– У.О. на ФФМ донесе одлука средствата од солидарната шема за развој на младински фудбал од сезона 2020/2021 во УЕФА Лига Шампиони да бидат распоредени подеднакво на клубовите учесници во Прва МФЛ во сезоната 2020/2021.

– У.О.  на ФФМ го усвои предлогот на Одборот на клубови од Прва МФЛ за зголемување на бројот на резервни фудбалери на записник од натпревар од 7 на 11 фудбалери.

– У.О на ФФМ констатираше дека досегашниот претседател на Судискиот одбор, Емил Божиновски се повлекува од функцијата, по што го усвои предлогот доставен од Судиски одбор на ФФМ и го назначи Димитар Мечкаровски за нов претседател на Судискиот одбор на ФФМ. Досегашниот претседател на Судискиот одбор, Емил Божиновски останува член на Судискиот одбор.

Прочитај повеќе...

Спорт

ФФМ и општина Аеродром: Да започнеме проект кој ќе биде обележје на едно време

Објавено пред

на

Раководството на Фудбалската федерација на Македонија, претседателот Муамед Сејдини, генералниот секретар, Филип Поповски и неговиот заменик, Дрилон Ганиу во „Куќа на фудбалот“ имаа работна средба со градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски и шефот на кабинетот на градоначалникот во општината, Марјан Христов.

На состанокот разговараа за фудбалската инфраструктура во општина Аеродром и можноста за соработка на двете институции во изградба на капитален проект, односно изградба на нов репрезентативен стадион во рамки на „Куќа на фудбалот“ во општина Аеродром.

Муамед Сејдини – претседател на ФФМ:

–  „Би сакал да упатам благодарнот до градоначалникот Муцунски за конструктивниот разговор. Инфраструктурата е секогаш важна. Секогаш велам дека нас, како Фудбалска федерација на Македонија, ни треба стадион. Ние ќе бидеме носители на проектот, но добредојдени се локалната самоуправа, државата и сите останати кои можат да помогнат. 

Нѐ радува искрената желба и отвореноста за помош и поддршка од општина Аеродром и градоначалникот Муцунски за започнување на еден ваков голем проект. Ова беше првичен состанок, но сигурен сум дека соработката со општината ќе биде одлична. Верувам дека заеднички ќе создадеме услови да започнеме со проект кој ќе биде обележје на едно време. 

Ние како Фудбалска федерација сме исклучително активни кога е во прашање подобрувањето на фудбалските услови и на тој начин ќе продолжиме и во иднина“.

Тимчо Муцунски – градоначалник на општина Аеродром:

–  „Фудбалската федерација на Македонија го продолжува континуитетот на квалитетна работа и заедништво, вие сте пример за другите како една успешна федерација може да функционира. Не само заради резултатите на репрезентацијата која ја обедини цела Македонија, туку и за силните напори да го развивате фудбалот на сите нивоа. 

Наша обврска како општина е да се обидеме да придонесеме за напредок на спортот и фудбалот во општината и токму тоа е целта и на нашата денешна посета на „Куќа на фудбалот“. 

Инфраструктурата останува засекогаш. Верувам дека таквата политика на Федерацијата ќе трае. Со претседателот на ФФМ, Сејдини разговаравме за изградба на репрезентативен стадион во општина Аеродром и во блиска иднина верувам дека ќе започнеме со активности. Нашата општина ќе помогне во рамки на своите можности да биде вистински партнер во изградба на репрезентативен стадион кој ќе биде гордост на Аеродром и целата држава“.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Магазин3 минути

Измама која им се закани на 105 милиони корисници на Android

Измамата со Android, која вклучува претплата на премиум услуги, е активна речиси две години. Тоа е Dark Herring, операција во...

Магазин13 минути

Xiaomi го претстави Redmi Note 11: четири модели за сечиј џеб

Xiaomi го претстави Redmi Note 11. Популарна серија на уреди за сечиј џеб. Компанијата претстави четири телефони, а спецификациите се...

Автомобили22 минути

Rimac најавува нов хиперавтомобил Bugatti со SUS мотор?

Rimac ветува дека ќе бидеме „изненадени“ од новиот хиперавтомобил, кој ќе има невидени карактеристики на сериски автомобил. Уште во август...

Кичево1 час

Сабота со „The Groove“ бенд во „Република 96250“ – Кичево

Сабота (29.01.2022) е вечер која не треба да ја пропуштите во Република 96250, на репертоарот ги имаме THE GROOVE Резервации...

Lifestyle1 час

Дали го местиш креветот наутро? Еве што кажува за вас тоа

Според истражувањето спроведено на 68.000 луѓе, дури 59 отсто од нив признале дека не го средуваат креветот наутро кога ќе...

Скопје2 часа

За утре најавен прекин на електрична енергија во следните локации на град Скопје

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа, утре на ден 28.01.2022 година – петок, ЕВН Скопје ќе работи на терен, така што прекини во...

Занимливости2 часа

Непознат ротирачки објект е откриен во нашата галаксија

Австралиските научници тврдат дека откриле непознат ротирачки објект во нашата галаксија и истакнуваат дека тоа е нешто што досега не...

Кичево2 часа

Сѐ е полесно со „топла вода“, остатоците од замрзнат снег веќе не се проблем – Самопослужна автоперална и Вулканизер „Виктор“ – Кичево

За прв пат во нашиот град веќе 3 години покрај достапноста за самоуслужување на вашиот автомобил овозможено е перење со...

На денешен ден13 часа

На денешен ден (27 јануари)

1235.- Во Трново, Бугарија, почина Сава Немањиќ (Свети Сава), основач на Српската православна црква, држава и училиште. Во 1219 година...

Хороскоп16 часа

Дневен Хороскоп (27 јануари) – четврток

ОВЕН Денес е позитивен ден за вас. Месечината е на ваша страна, ќе бидете во добро расположение и полни со...

НАЈЧИТАНИ