Следете не

Музика

(ВИДЕО) Слушнете ја најновата песна на „Дац & Александар Митевски“ – „Вакцина“ за позитивна енергија

Објавено пред

на

Тоа се зборовите од најновиот хит на распеаното дуо, составено од актерот Драган Спасов Дац и кантавторот Александар Митевски наречена Вакцина“. На роденденот на Корона Чаотие направија нов кавер на светски познатата Марина од Роко Граната и како духовита химна за масовна вакцинација со позитивна енергија. Тие пејат заедно со нивните пријатели музичари и специјалниот гостин Денис Јанкуловски Космонаутко, а песната веќе стана хит на социјалните мрежи и се слуша на радио станиците.

– Велат дека песната е составена од пораки на vibera видеото е снимено со телефонот на Дац спонтано додека сите биле собрани за снимање. Ова е подарок за сите нивни фанови од Македонија и регионот, а тие на шега велат дека не е исклучено повторно некој државник од регионот да ја сподели и оваа песна, како што тоа го направи Бојко Борисов со Корона Чао“.

Нивната мисија на ширење љубов и позитивна енергија и секако поддршка на здравствените работници во ова време-невреме продолжува, а тие се сигурни дека сега кога ја имаат вакцината, тоа ќе им оди побрзо.

Уживајте во новиот хит кој нема да ве остави рамнодушни и сигурно ќе ве насмее.

Музика

Училиштето за Црковна музика „Митрополит Козма Пречистански“ во петок и сабота преку „аудиција“ врши упис на нови членови за источно пеење

Објавено пред

на

©porta.mk

Училиштето за Црковна музика „Митрополит Козма Пречистански“ со голема радост Ве известува дека отворена е сесија за упис на нови членови преку „аудиција“. Истата е закажана за 19-ти и 20-ти септември односно петок од 18:00ч и сабота од 12:00ч во просториите на НУЦК „Кочо Рацин“ (мала сала)

Ако сакаш низ дружба да научиш повеќе за источно пеење и за нашата традиционална музика, но и за нашата христијанска вера, дојди да се запознаеме. Од заинтересираните кандидати потребна ќе биде изведба на народна песна по свој личен избор.

Сите заинтересирани за упис, повеќе информации и детали ќе најдат со доаѓање во центарот за култура

Ова е и официјална страница на хорот ТУКА

Прочитај повеќе...

Музика

(ВИДЕО) Кичевчани во полн ефект до достигнувања на соништата, „Men Of Silver Soul“ на „Marbled In Stone“ ќе ви стане омилена веднаш!

Објавено пред

на

ФОТО: Marbled In Stone @ Official

„Marbled In Stone“ денес официјално ја претстави својата нова песна „Men Of Silver Soul“, проследена со моќен видео спот кој го доловува духот, енергијата и визијата на овој склоп. Ова е уште едно автентично музичко патување кое ја истакнува нивната уникатна естетика и посветеност на современиот алтернативен звук.

Во спотот се појавуваат голем број учесници главно од Кичево, додека еден од главните ликови во видео записот е нашиот пријател Влатко „Перо“ Трајкоски кој практично е „Man Of Silver Soul“ кој со својата енергија и уникатност му даде посебен печат на ова музичко исполнување.

Дополнително учествуваа:

„Матко Петровиќ, Урим Саити, Марјан Ризов, Кристијан Велјаноски, Слободан Магденоски, Бојан Дамјаноски, Бојан Велјаноски, Џеки Сулејмани, Дарко Богески, Драган Горѓиоски, Флори Саити, Даниел Димоски, Марија Лена Адамс, Јана Матеска, Ива Стојаноска, Ангела Цветаноска, Евгенија Врзовска, Слаѓана Трајковска, Кристина Биткоска, Ивица Велјаноски, Блериан Арслани – Буби, Зана Саити.“

Проследете го, доколку ви се допаѓа сподели, претплатете се на каналот и оставете „Like“

🎥 Филмска екипа:

  • Режија: Влатко Толески
    Продуценти: Диамонд Балажи • Бојан Велјаноски • Влатко Толески
    Сценарио: Бојан Велјаноски • Влатко Толески • Диамонд Балажи • Матко Петровиќ
    Видео продукција: Пинестел
    Асистенција на продукција: Пеце Здравкоски
    Директор на фотографија: Ѓорѓи Вацев
    Камера / кинематографија: Ѓорѓи Вацев
    Асистент камера: Стефан Џоканоски
    Гафер: Ѓорѓи Вацев
    Монтажа / колор корекција / VFX: Ѓорѓи Вацев

💄 Сценски изглед и SFX:

  • SFX шминка (лидер): Мартина Петрeска
    SFX асистенти: Александра Најденовска • Александра Иванова
    Шминка и фризура: Александра Најденовска • Александра Иванова
    Гардероба: Диамонд Балажи

Со ова издание, „Marbled In Stone“ уште еднаш докажуваат дека кичевската сцена има моќен глас кој заслужува да се слушне и подалеку од локалните граници.

Нивниот прв проект исто така може да го проследите во продолжение:

Прочитај повеќе...

Музика

(ВИДЕО) Лозано денес премиерно го пушти во етер неговиот најнов сингл „Жолто црвено“. Нумера и видео запис кој допираат до секој Македонец

Објавено пред

на

©porta.mk

Денес премиерно нашиот кичевчанец Влатко Лозаноски го објави својот најнов сингл насловен како „Жолто црвено“. Одлична мелодија, уште подобра интерпретација, вистинска симболика на љубов, убавина и радост. Сочинета со единствени стихови кои ќе допрат до секој Македонец.

„Оваа туѓина на мир не ме остава,
во душа само празнина ми отвара,
а таму кај што чука срцево
се вее знаме жолто црвено“

дел од моќните стихови на песната. 

Текстот го напиша единствената Магдалена Цветковска – Ена, додека целиот аранжман е на незаменливиот Лазар Цветковски-LCV, додека маестралниот видео запис е дело на „Сустеин Продукција“ под палката на еден од најдобрите македонски режисери Даниел Јовески.

Ова прекрасно дело погледнете го и слушнете го во продолжение:

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт3 часа

(ЖИВО) У17: Македонија – Русија во вториот контролен меч, кичевчанецот Војчески во стартниот состав

Фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години од 12ч го игра својот втор контролен меч против Русија. Првиот меч заврши...

Хороскоп17 часа

Хороскоп за недела (16 ноември)

ОВЕН  Ако денес планирате патување или треба да се справите со авторитети, внимавајте да не ги прекршите правилата. Некој ќе...

Скопје22 часа

ЦУК: Двете жени се пронајдени во црн пат помеѓу Долно Количани и Батинци и се во добра здравствена состојба, истите биле државјанки на Македонија

Добиена е повратна информација од Полициската станица Драчево дека двете женски лица се пронајдени на црн пат помеѓу Долно Количани...

Временска прогноза22 часа

Од вторник следува промена на времето во Македонија

Во вторник и во среда (18 и 19 ноември) нашата Македонија ќе биде зафатена од голем влажен воздушен бран од...

Спорт1 ден

Дриблинг атракции, фудбалски надигрувања и фер плеј. Фудбалски викенд во Кичево, дечињата на „ФК Кичево“ активни во сите генерации

Во рамки на денешниот ден нашите момчиња од „ФК Кичево“ одиграа првенствени натпревари во детската лига. Најголемо внимание предизвика натпреварот...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за сабота (15 ноември)

ОВЕН Ве очекува поволен период за работа. Може да се надевате на многу значајно подобрување. Можеби конечно наоѓате компромис и...

Спорт2 дена

ФФМ истакна важни информации за македонските навивачи кои го проследат мечот помеѓу Велс – Македонија

На 18 ноември, во Кардиф, машката А селекција на Македонија ќе го одигра квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2026 против...

Свет2 дена

Американската корпорација „Карлајл“ разгледува можност за купување на нафтениот гигант „Лукоил“ надвор од својата матична земја

Американската инвестициона фирма „Карлајл“ разгледува можност да ги купи странските средства на рускиот нафтен гигант „Лукоил“, повикувајќи се на неименувани...

Спорт2 дена

Македонија ремизираше на пријателскиот натпревар против Летонија на „Тодор Проески“

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра без голови на контролниот дуел против Летонија во Скопје, меч во кој создадовме неколку солидни...

Хороскоп3 дена

Хороскоп за петок (14 ноември)

ОВЕН Оние од вас кои планираат пократко патување денес можеби ќе бидат задоволни, особено ако се работи за семејна посета....

НАЈЧИТАНИ