Скопје
(ВИДЕО) Уништени над 4 тони и 18 илјади стебла марихуана и повеќе од 21 килограми друга дрога
Денеска во присуство на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и раководството на МВР, Агенцијата за управување со одземен имот, Државната комисија за уништување на наркотични дроги и Националната комисија за мало и лесно оружје, во електропечката на Макстил – Скопје со палење беа уништени голема количина на дрога и оружје.
– „Денеска уништуваме над четири тони марихуана. осумнаесет илјади стебла на марихуана, над 79 килограми цвет од марихуана и над 21 килограми други видови дрога како амфетамини, хероин, кокаин и други видови дрога. Исто така уништуваме над стотина парчиња оружје и над 1000 парчиња чаури и други компоненти од оружје. Сакаме да упатиме јасна порака до сите дека дрогата и нелегалното оружје немаат иднина во Македонија. Со секој еден уништен грам дрога или парче оружје, безбедноста на граѓаните се крева на повисоко ниво и во иднина очекуваме уништување на уште поголеми количини.“, потенцираше министерот Тошковски.
Министерот Тошковски пренесе порака до граѓаните кои во изминатиот период беа сведоци на делувањето на криминалните банди како во Скопје така и други региони можеа да се уверaт дека со нивното разбивање и заплената на големи количини оружје и дрога полицијата решително ја спречува нелегалната трговија, а запленетите количества ефикасно и безбедно ќе бидат уништувани.
Скопје
Во СВР Скопје пријавено дека починат во својот дом бил пронајден 55-годишник од Драчево
На 16.11.2025 во 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на Драчево пронајден е починат М.А. (55) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, за јавноста извести МВР преку својот билтен за медиуми.
Скопје
ЦУК: Двете жени се пронајдени во црн пат помеѓу Долно Количани и Батинци и се во добра здравствена состојба, истите биле државјанки на Македонија
Добиена е повратна информација од Полициската станица Драчево дека двете женски лица се пронајдени на црн пат помеѓу Долно Количани и Батинци. Лицата се во добра здравствена состојба и со возило, во придружба на полицијата, веќе се движат кон Драчево.
Појаснуваме дека, поради грешка во првичната комуникација, не станува збор за странски државјанки, туку за државјанки на Македонија, предмалку информираше ЦУК за јавноста.
Скопје
Лишен од слобода возачот кој удри малолетничка на ул. „Перо Наков“ во Скопје и избега од местото на настанот
На 30.10.2025 околу 19:30 часот, по преземени оперативни мерки, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Б.Р. (59) од Скопје.
Тој на 28.10.2025 околу 20:30 часот на ул.„Перо Наков“ во Скопје, со патничко возило „фиат сеиченто“ удрил во 11-годишна малолетничка од Скопје, по што со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и возачот и возилото се пронајдени и Б.Р. по наредба на јавен обвинител е задржан во полициска станица, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, истакна МВР.
-
Кичево8 часа„ЕВН КЕЦ Кичево“ најави прекин на електрична енергија на овие локации, работите на терен се планирани за вторник и четврток
-
Хороскоп2 денаХороскоп за недела (16 ноември)
-
Хороскоп18 часаХороскоп за понеделник (17 ноември)
-
Спорт1 ден(ЖИВО) У17: Македонија – Русија во вториот контролен меч, кичевчанецот Војчески во стартниот состав
-
Временска прогноза17 часаПопоски: Доаѓаат обилни врнежи од дожд кои ќе предизвикаат поплави, ќе има засилен ветер, западниот дел од државата ќе наврнат до 200 литри/м³ дожд
-
Спорт22 часа(ФОТО) У17: Русија поуспешна од Македонија во вториот контролен меч, одигран денес во Струмица
-
Здравје и убавина20 часаАко ви недостасуваат протеини, овие намирници се вистинското решение за вас
-
Македонија3 часаПоскапи нафтени деривати од ноќеска, ова е новата цена за источен литар
