Временска прогноза
(ВИДЕО) Во соседна Србија веќе започна најавеното невреме, според Попоски истото доаѓа кон нашиот регион
Некои делови од Србија во вечерните часови денес ги зафати силно невреме пропратено со силен ветер. Судејќи според видеата од социјалните мрежи, вечерва околу 19 часот наврнало големо количество дожд, а како што пренесуваат медиумите, невремето се уште трае.
Катастрофи ги погодија Кула, Србобран и Фекетиќ, а Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) испраќа предупредување за северниот дел на Србија.
Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија (РХМЗ) претходно издаде предупредување за облачност и лошо време што доаѓа од Босна и Херцеговина и ја смени прогнозата – наместо во петок, невремето почна веќе денеска.
– Врнежите и грмежите кои денеска во вториот дел од денот се очекуваат на подрачјето на северна Србија, а утре во поголемиот дел од нашата земја, локално ќе бидат придружени со град, засилен или невреме и со количество на врнежи поголеми од 20 мм за кратко време“, соопштија метеоролозите.
Исто така, како што информираат, во сабота се очекуваат грмежи на југот и на истокот на Србија, а во останатите делови од земјата врнежи од дожд, кои ќе бидат поинтензивни во вечерните часови и во ноќните часови кон недела, заедно со заладување и засилен и бурен северозападен ветер.
Големо силно невреме денеска го погоди Чазма во Хрватска и предизвика огромни материјални штети, урна покриви и урнати гранки. На едно девојче паднало дури и дрво.
Спрема последните метео информации од Македонија, Славчо Попоски пишува дека на пат е продор на МНОГУ ПОСТУДЕН воздух од север кој ќе се судри со ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛАТА воздушна маса од север, од денес, па во следните неколку денови ќе услови СТРАШНО НЕВРЕМЕ во целиот регион. Постои опасност од невреме кое може да предизвика штети во сите земји од регионот. Препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ. Исто така можни се и локални поплави.
Со продорот на МНОГУ ПОСТУДЕН воздух од север, во недела се очекува и првиот снег на највисоките планински места од Балканот.
Можно НЕВРЕМЕ во сабота и во Македонија, па затоа крајна претпазливост. До сабота температурите ќе бидат натпросечно високи и на многу места истите ќе се искачуваат над 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели температурите се очекува да се искачат дури и над 35 степени.
Од недела па натаму и во Македонија следува ПОЗНАЧИТЕЛНО ЗАЛАДУВАЊЕ на времето и пад на температурите за околу, а понекаде и за повеќе од 10 степени. Ако вака останат работите, во текот на следната седмица се очекува и првиот снег за оваа сезона на највисоките ланински врвови во Македонија.
Видеото снимено во Србија, проследете го ТУКА
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Временска прогноза
Ни претстои промена на синоптичката состојба со времето, не се исклучува можноста да имаме снег за новогодишните празници!
Според она што можам денес да го изјавам за јавноста е тоа дека од ден 25 декември Католички Божик па во деновите потоа секако и за нова година ни претстои промена на синоптичката состојба над Европа, Балканот и Македонија.
Тоа значи дека на повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир кој ќе ни донесе вистинско зимско време баш за време на споменатиот период погоре.
Во ваква ситуација секако може да се очекува и снег.
– Се на се после овој подолг период на суво и натпросечно топло време за месец декември кончено може да се надеваме за надоаѓање на вистинската зима кај нас.
Следува најново ажурирање на прогностичките материјали па така од моја страна понатаму следува нова и по потреба обновена метео анализа токму околу ова, предмалку соопшти Славчо Попоски
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Временска прогноза
Временска прогноза до 22 декември, следува ладен период, појава на слана, мраз, подледици по речните долини и магла
Во текот на целата наредна седмица и тоа во периодот од 15 декември па се до 22 декември територијата на целиот Балкан и Македонија останува да биде под влијание на силниот Антициклон (Поле на висок воздушен притисок) кој се протега од југ и истиот условува да имаме температури значително над просекот за месец декември и стабилно и суво време без никави врнежи.
Сепак наутро останува да е ладно и на повеќе места температурите ќе се спуштаат за неколку степени под нулата па така се очекува појава на слана и на слаб мраз. Во ваква ситуација по котлините и по речните долини и понатаму особено во ноќните и во утринските часови ќе има појава на магла и на ниска облачност и таа повремено ќе биде густа и ќе условува намалена видливост.
Појава на магла и на ниска облачност особено во ноќните и во утринските часови ќе има и во делови од Скопската котлина.
Температурите пак како и до сега остануваат значително да бидат над просекот за месец декември и тие на повеќе места кај нас ќе надминуваат 10 степени а во југоисточните предели температурите ќе се искачуваат до околу 15 степени.
Во Скопје и околината наутро пак температурата ќе се спушта за некој степен под нулата а преку ден таа ќе се искачува до околу или ќе надминува 10 степени, доцна вечерва соопшти метеорологот Славчо Попоски
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Временска прогноза
Ладно на утро со температури под нулата
Влијанието на силниот Антициклон кој се протега од југ и кај нас условува да имаме стабилно суво и претежно сончево време со појава на магла и ниска облачност во дел од котлините ќе продолжи и за време на овој викенд. Сепак, температурите ќе бидат за неколку степени пониски за разлика од изминатите денови но и покрај ова тие и понатаму ќе бидат над просекот за месец декември.
И во Скопје и околината за време на овој викенд ќе продолжи стабилното суво и претежно сончево време. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Во делови од колтината особено во утринските и во ноќните часови ќе има појава на магла и ниска облачност.
Викендов наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 3 степени а преку ден температурата ќе се искачува во интервалот од 7 до 14 степени.
Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта за некој степен под нулата а преку ден таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 9 и 11 степени, соопшти Славчо Попоски
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
-
Кичево12 часаСреќна потрага во Кичево, пронајден 12-годишникот кој родителите го пријавија за исчезнат
-
Кичево1 денПразничната магија во Кичево започнува, фотографии со Дедо Мраз, Дочек за Новата 2026 година, Хуманитарен Божиќен Базар
-
Временска прогноза11 часаНи претстои промена на синоптичката состојба со времето, не се исклучува можноста да имаме снег за новогодишните празници!
-
Култура2 денаНа врата ни доаѓа големиот празник Св.Никола, светоцот заштитник на децата, сиромашните и работниците, за многу години најчестата слава во македонските домови!
-
Македонија1 денЖивот непредвидлив, вчера вечер до темел изгоре куќата на Јане во село Воѓани, општина Кривогаштани, да донираме и да помогнеме да се возобнови!
-
Хороскоп1 денХороскоп за четврток (18 декември)
-
Македонија14 часа„Од народ, за народ“: До сите градови, во тек е шестата најмасовна хуманитарна акција – „Пакетчиња за сите дечиња“, радувај се на новогодишната магија!
-
Магазин2 денаГолема промена кај паметните телефони: SIM-картичката станува минато
