Музика
Викендов сите патишта водат во „La Casa“ на Марко „Logout“ и неповторливите „Инструментал Бенд“ во живо

Кичевскиот локал кој несомнено стана омилен на младата публика викендов ќе има прилика да ужива со кралот на ноќните забави во Македонија, Марко Милановиќ или на повеќето од вас познат како – Марко „Логаут“ петок (06.08), како и во сабота (07.08) на докажаните мајстори за позитивно расположение до раните утрински часови „Инструментал Бенд“ од Битола.
Резервирајте го вашиот викенд на време на тел. 076/223-007 и уживајте!
Музика
(ВИДЕО) Кичевчани во полн ефект до достигнувања на соништата, „Men Of Silver Soul“ на „Marbled In Stone“ ќе ви стане омилена веднаш!

„Marbled In Stone“ денес официјално ја претстави својата нова песна „Men Of Silver Soul“, проследена со моќен видео спот кој го доловува духот, енергијата и визијата на овој склоп. Ова е уште едно автентично музичко патување кое ја истакнува нивната уникатна естетика и посветеност на современиот алтернативен звук.
Во спотот се појавуваат голем број учесници главно од Кичево, додека еден од главните ликови во видео записот е нашиот пријател Влатко „Перо“ Трајкоски кој практично е „Man Of Silver Soul“ кој со својата енергија и уникатност му даде посебен печат на ова музичко исполнување.
Дополнително учествуваа:
– „Матко Петровиќ, Урим Саити, Марјан Ризов, Кристијан Велјаноски, Слободан Магденоски, Бојан Дамјаноски, Бојан Велјаноски, Џеки Сулејмани, Дарко Богески, Драган Горѓиоски, Флори Саити, Даниел Димоски, Марија Лена Адамс, Јана Матеска, Ива Стојаноска, Ангела Цветаноска, Евгенија Врзовска, Слаѓана Трајковска, Кристина Биткоска, Ивица Велјаноски, Блериан Арслани – Буби, Зана Саити.“
Проследете го, доколку ви се допаѓа сподели, претплатете се на каналот и оставете „Like“
🎥 Филмска екипа:
- Режија: Влатко Толески
Продуценти: Диамонд Балажи • Бојан Велјаноски • Влатко Толески
Сценарио: Бојан Велјаноски • Влатко Толески • Диамонд Балажи • Матко Петровиќ
Видео продукција: Пинестел
Асистенција на продукција: Пеце Здравкоски
Директор на фотографија: Ѓорѓи Вацев
Камера / кинематографија: Ѓорѓи Вацев
Асистент камера: Стефан Џоканоски
Гафер: Ѓорѓи Вацев
Монтажа / колор корекција / VFX: Ѓорѓи Вацев
💄 Сценски изглед и SFX:
- SFX шминка (лидер): Мартина Петрeска
SFX асистенти: Александра Најденовска • Александра Иванова
Шминка и фризура: Александра Најденовска • Александра Иванова
Гардероба: Диамонд Балажи
Со ова издание, „Marbled In Stone“ уште еднаш докажуваат дека кичевската сцена има моќен глас кој заслужува да се слушне и подалеку од локалните граници.
Нивниот прв проект исто така може да го проследите во продолжение:
Музика
(ВИДЕО) Лозано денес премиерно го пушти во етер неговиот најнов сингл „Жолто црвено“. Нумера и видео запис кој допираат до секој Македонец

Денес премиерно нашиот кичевчанец Влатко Лозаноски го објави својот најнов сингл насловен како „Жолто црвено“. Одлична мелодија, уште подобра интерпретација, вистинска симболика на љубов, убавина и радост. Сочинета со единствени стихови кои ќе допрат до секој Македонец.
„Оваа туѓина на мир не ме остава,
во душа само празнина ми отвара,
а таму кај што чука срцево
се вее знаме жолто црвено“
дел од моќните стихови на песната.
Текстот го напиша единствената Магдалена Цветковска – Ена, додека целиот аранжман е на незаменливиот Лазар Цветковски-LCV, додека маестралниот видео запис е дело на „Сустеин Продукција“ под палката на еден од најдобрите македонски режисери Даниел Јовески.
Ова прекрасно дело погледнете го и слушнете го во продолжение:
Музика
Во сабота во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево прв концерт на Христијан Трајаноски под мотото „Чување на традицијата и негување на културното наследство“

Во сабота на 8-ми јуни со почеток од 12:00 часот во големата сала на НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, ќе се реализира официјален концерт под мотото „Чување на традицијата и негување на културното наследство“ во покровителство на Христијан Трајаноски.
Гости и соработници на концертот кои ќе бидат дел се:
- КУД Бисер
- ВИС Амајлија
- Лука Лазарески (пиано)
- Филип Михајлоски (канон)
- Мирослав Мирчески
- Методија Столески
- Дарко Стојаноски
- Михајло Данилоски
- Драган Вељаноски
- Кичевскиот оркестар за народна музика
Порта.мк како медиумски покровител ве кани да дојдете, да присуствувате и заеднички да уживаме во убавата македонска музика, проследена со најубавото македонско оро и песна!
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (13 септември)
-
Хороскоп13 часа
Хороскоп за недела (14 септември)
-
Свет2 дена
Денес во Киргистан беше регистриран силен земјотрес
-
Скопје2 дена
СВР Скопје: Кривична пријава против двајца скопјани, одгледувале канабис во нивните дворови
-
Автомобили2 дена
BMW и Qualcomm развиваат систем за помош при управување „Snapdragon Ride Pilot“
-
Спорт2 часа
„ФК Напредок“ денес на домашен терен го игра првиот натпревар од новата сезона, ве повикуваме сите на градски како во старите добри времиња
-
Спорт22 часа
Анчелоти до Нејмар: „Во денешно време е морате да бидете во добра форма“