Следете не

Македонија

Високата претставничка на ОБСЕ брифирана за состојбата на новинарите во Македонија

Објавено пред

на

Во рамки на официјалната посета на Високата претставничка на ОБСЕ за слобода на медиумите г-ѓа Тереза Рибеиро се одржа средба со претставници на новинарските и медиумските организации. На работната средба од претставниците на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Македонскиот институт на медиуми (МИМ) беше укажано дека иако атмосферата во медиумскиот сектор е генерално подобрена сепак и после шест години отсуствуваат суштински медиумски реформи.

Овие реформи подразбираат важни измена на законите за обезбедување на поголема независност на работата на медиумите, загарантирана безбедност на новинарите и подобрување на судската пракса во насока на гарантирање на правата на медиумските работници. Освен ова, беше истакнато дека посебен проблем претставува блокирањето во Собранието на позитивните измени на Кривичниот закон со кои се овозможува поголема безбедност од притисоци и закани кон новинарите кои веќе 14 месеци не се гласаат од страна на пратениците. Дополнителен проблем кој беше истакнат се однесуваше на неизборот на членовите на управните органи во МРТ и Агенцијата за медиуми, избор кој веќе две години не се спроведува, иако мандатот на сегашните членови е изминат а со тоа се доведува во прашање и легитимноста на одлуките во јавниот радиодифузер и медиумскиот регулатор.

Директорот на ЗНМ, Драган Секуловски укажа на зголемениот број на случаи на клевета кон новинари и дека моментално се водат 52 тужби кон новинари споредбено со ланската година кога имаше 20 случаи и ова потенцијално може да ја поттикне самоцензурата кај новинарите. Освен ова, тој истакна: „Желбата на централната и локалната власт да ги вратат јавните кампањи со цел да се рекламираат во приватните медиуми е сериозен ризик кој дополнително може да ја влоши независноста на медиумите. Доколку владата, но и општините, искрено сакаат да го помогнат медиумскиот сектор тоа исклучиво може да биде преку создавање на Фонд за слободни медиуми кој ќе даде можност на транспарентен начин и со јасни критериуми да се поддржат новинарски иницијативи на теми со кои ќе се промовира јавниот интерес а не партискиот„.

Директорката на МИМ Билјана Петковска на состанокот истакна дека: ,,Минатата година започна  процесот за воведување на медиумската писменост во основното образование, што се спроведува во соработка со МОН и со Бирото за развој на образованието, и тоа е еден од најпозитивните  чекори што беа преземени изминатиот период во оваа сфера. За жал,  не постои политичка волја кај партиите за спроведување на системските реформи во медиумската сфера,  што ги бараме со години, бидејќи нашите политичари се уште гледаат на медиумите и  на новинарството како на алатки за освојување и одржување на власта, отколку на  инструменти за демократска , економска и образовна еманципација на граѓаните“.

Претседателот на ССНМ Павле Беловски сподели дека ССНМ е постојано присутен во сите случувања во медиусмката сфера. ,,Нашите активности се опширни и сеопфатни. Ги следиме сите законски измени со фокус на слободата на изразување и работничките права. Даваме предлози и учестувaме во работни групи, секогаш здружени со партнерските организации. Синдикатот бележи раст и развој но, сакам да нотирам дека сеуште и по повеќе од една децнија постоење се соочуваме со едни исти проблеми. Долг е списокот на проблеми но решенијата со кои можат да се надминат се едноставни. Синдикатот како единствена опција за надминување на лошата состојба на вработените ја гледа во потпишувањето на колективни договори. – потенцираше Беловски

Г-ѓа Тереса Рибеиро во рамки на својата посета на Македонија ќе оствари средби на теми поврзани со независноста на медиумите и правата на новинарите и со Претседателот на македонското собрание на претставници на Владата како и на Министерството за информатичко општество и администрација, јавниот сервис и медиумскиот регулатор.

Таа, како претставник на ОБСЕ за слобода на медиумите има функција на темелно разгледување и предупредување во однос на постоечки ризици за нарушување и непочитување на слободата на медиумите, но и на слободата на изразување во сите земји членки на ОБСЕ.

Извор: ЗНМ

Македонија

Лишен од слобода старец од тетовско, на нива запалил сува трева и отпадоци

Објавено пред

на

На 10.07.2025 во 21.00 часот во близина на бензинска пумпа во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.С.(74) од с Мала Речица,тетовско. Тој околу 20 часот на негова нива во Тетово вршел земјоделски работи и при тоа на три места во нивата запалил сува трева и отпадоци.

Веднаш по добиената пријава, полициски службеници се упатиле кон местото на настанот и го лишиле од слобода С.С., а огнот бил изгаснат од страна на ТППЕ Тетово. С.С. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде поднесена кривична пријава по член 288 од КЗ ,,предизвикување општа опасност“, информира МВР.

Прочитај повеќе...

Македонија

ЦУК: Ова е состојбата со пожарите до моментот, вкупно 29 пожари на отворен простор, 9 активни

Објавено пред

на

На 10.07.2025 година, до 18:30 часот, има вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои 9 се активни, 4 се под контрола, а изгаснати се 16 пожари.

🔥 АКТИВНИ (9):
Општина Чучер Сандево: помеѓу с.Блаце и с.Горњани, м.в.Рамна шума (шумски пожар)
Општина Прилеп: с.Бешиште, м.в.Бешишки Рид (приземен во мешана шума)
Општина Македонски Брод: помеѓу с.Црешнево и с.Локвица (деградирана дабова шума и грмушки)
Општина Дојран: с.Николич (нискостеблеста шума)
Општина Василево: с.Владевци (нискостеблеста шума)
Општина Чашка: под Солунска глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина дупка, каде нема активен пламен, само чад во карпест дел (шумски пожар)
Општина Крива Паланка: с.Лозаново
Општина Тетово: патен правец Тетово – с.Селце (дива депонија)
Општина Делчево: м.в.Брежје (нискостеблеста вегетација, смреки и грмушки)

🟠 ПОД КОНТРОЛА (4):
Општина Македонски Брод 1: с.Рамне – с.Ковче (ниска вегетација, проширен од фабриката Самоков)
Општина Македонски Брод 2: с.Слатина (мешана шума)
Општина Македонски Брод 3: с.Слатина (нискостеблеста мешана шума)
Општина Делчево: градска депонија Острец (депонија)

🟢 ИЗГАСНАТИ (16):
Општина Шуто Оризари: с.Визбегово (депонија)
Општина Ѓорче Петров: с.Орман (ниска вегетација и дрво)
Општина Гази Баба: Смилковско Езеро (ниска вегетација)
Општина Аеродром: ул. 3 Македонска Бригада (сува трева)
Општина Кисела Вода: ул.Малешевска во нас.Драчево (сува трева)
Општина Струмица: с.Куклиш (стрниште и сува трева)
Општина Велес: градска депонија во Велес (ѓубре)
Општина Кавадарци: ул.Диме Туриманџов (ѓубре)
Општина Делчево: м.в.Брежјето (грмушки и сува трева)
Општина Куманово: нас.Средорек (ѓубре и сува трева)
Општина Крива Паланка 1: с.Градец (шума и сува трева)
Општина Крива Паланка 2: с.Конопница (борова шума)
Општина Желино: с.Ларце – с.Горна Лешница (мешана шума)
Општина Тетово: с.Џепчиште (сува трева)
Општина Гостивар: Гостивар (сува трева)
Општина Кочани: кај селата Јастебник и Полаки, м.в.Бабиште (шума и сува трева)

Извор: ЦУК

Прочитај повеќе...

Македонија

(ФОТО) МВР: Фатени тројца малолетници, со бензин, петарди и запалка

Објавено пред

на

ФОТО: Министерство за внатрешни работи

Во рамки на преземените обемни активности околу состојбата со пожарите во скопскиот регион, вчера (09.07.) на подрачје на ЕВР Гази Баба, поточно во близина на месноста Ајватовски рид кај населбата Илинден во 23:40 часот полициски службеници при преглед на три малолетни лица, странски државјани, во ранец пронашле две шишиња со по 1,5 литри бензин, две петарди, запалка и течен лепак, по што истите се лишени од слобода. Во присуство на дежурен тим на Јавна установа центар за социјални работи и адвокат обавен е службен разговор, по што со потврда за предавање на лица истите се предадени на ЈУМЦСР.

Исто така, вчера околу 10:50 часот во отпад за хаварисани возила и старо железо во Визбегово кој се наоѓа помеѓу хотелски објект и објект на правно лице од страна на две лица извршено е кривичино дело – „Спречување службено лице во вршење службено дејствие“ врз двајца медиумски работници од национална медиумска куќа, при што едно од лицата извршило и нарушување на ЈРМ и „непочитување наредба на овластено службено лице или државен орган“, за што истите се лишени од слобода и во координација со Јавен обвинител од ОЈО Скопје се задржани за понатамошна постапка. Воедно, во близина на Раштански пат, поточно на стариот пат кон езерото Смилковци, вчера околу 22:00 часот по настанатиот пожар и по преземени мерки и дејствија на опожарениот дел пронајдени се жици од запалена гума, една ракавица и дел од ракавица, по што од страна на ЕУМНА при СВР Скопје истите се подигнати за вештачење.

Она што, исто така, е битно да се нагласи е дека вчера со директно вклучени над 170 полициски службеници од неколку полициски станици од општа надлежност, како и над 80 полициски службеници од крим полицијата, СВР СКопје преку координација на Посебен оперативен штаб формиран за таа цел, учествуваше во гаснењето и локализирањето на 28 пожари пријавени на подрачјето на главниот град. Всушност, освен на подрачјето на надлежност на ПСОН Центар и ПО Арачиново, вчера сите други подрачја на останатите организациони единици при СВР Скопје беа зафатени со пожари.

Најмногу регистрирани пожари имаше на подрачјето на ПСОН Ѓорче Петров – седум, каде што се опожарени сува трева, жито, три куќи и 2 помошни простории, потоа на подрачјето на ПСОН Гази Баба четири регистрирани пожари, на подрачјето на ПО Мирковци, ПО Петровец и ПО Шуто Оризари по три пожари, на подрачјето на ПО Шуто Оризари е изгорен еден простор со отпад во целост, а на останатите подрачја е изгорена сува трева. На подрачјето на ПСОН Кисела Вода и ПСОН Чаир регистрирани се по два пожари каде што е изгорена сува трева, а на подрачјата на ПСОН Аеродром, ПСОН Драчево, ПСОН Карпош и ПО Сарај регистрирани се по еден пожар каде што е изгорено сува трева и нискостеблеста шума.

Практично, вчера Секторот за внатрешни работи Скопје (вклучувајќи ги и Единицата за Интервенции и команда при СВР Скопје и Сектор за известување и координација на состојби при БЈБ) во содејство со Дирекција за заштита и спасување, Центар за управување со кризи, Бригада за противпожарна заштита, Итна медицинска помош, ЈП Водовод и Канализација, ЈП Улици и патишта, постапувајќи во рамките на своите надлежности превзеде низа мерки и активности а учествуваше и во активности за евакуација на жителите кои живеат во близина на опожарените предели, давање помош на БППЗ и на жителите на опожарените предели за локализирање на пожарите во целост. Така во селото Орман и во Шуто Оризари направена е евакуација на население на потесен периметар од пожарот.

Од страна на СВР Скопје сеуште се преземаат мерки и активности со цел за расчистување на причините на настанување на пожарите. За пожарот на подрачјето на ПСОН Аеродром утврдено е дека истиот настанал поради спој на електрични кабли предизвикан од силен ветер.

Министерството за внатрешни работи покрај конкретните секојдневни активности во гаснење на пожарите и континуираното превентивно присуство на терен, ќе продолжи со интензивни оперативни активности на расчистување на причините за избувнување на пожарите крајно одговорно и ригорозно со цел правно санкционирање на сите евентуални сторители на ваквиот вид кривични дела.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Култура2 часа

Денес е голем празник „Петровден“, утре „Павловден“ – ова се народните верувања за празниците, за многу години!

Денеска е Петровден, а утре Павловден, со кој се поврзани многу обичаи. Собор на 12 Апостоли – Павловден. Бидејќи претходниот...

Хороскоп13 часа

Хороскоп за сабота (12 јули)

Овен Не сте баш расположени, но наместо да бидете сами, поминувајте време со блиски луѓе, тоа ќе ве израдува. На...

Спорт15 часа

Синер и Алкараз во големото финале на Вимблдон во 2025 година

Јаник Синер ќе игра во своето прво финале на Вимблдон, откако успеа да го совлада Новак Ѓоковиќ во три сета...

Скопје15 часа

СВР Скопје лиши од слобода уште еден предизвикувач на пожар

Денеска (11.07.2025) полициски службеници од СВР Скопје во 18.30 часот, кај старата депонија во с.Огњанци го затекнале А. Ф. (61)...

Кичево19 часа

ТППЕ Кичево и денес интервенираа на опожарена куќа и плевна

Денес во 9 часот во ТППЕ Кичево било пријавено за настанат пожар на куќа и плевна во село Јагол кичевско....

Култура19 часа

Кичевската парохија истакна известување за Хиротонијата на идниот високопреосвештен Митрополит дебарско-кичевски г. Георгиј

Со благослов на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, а во духот на молитвено единство и...

Автомобили1 ден

ЕУ инвестира 852 милиони евра во фабрики за батерии за електрични возила – еве каде ќе се градат

Европската Унија започнува со значајна инвестиција во иднината на одржливиот транспорт. Европската комисија објави дека преку Фондот за иновации ќе...

Lifestyle1 ден

Топлотниот бран може да биде смртоносен за кучињата оставени во автомобил – еве како да ги заштитите

Во летните денови, температурите во автомобилите можат да достигнат опасно високо ниво за само неколку минути – и тоа е...

Магазин1 ден

OpenAI подготвува нов веб-прелистувач со интегриран ChatGPT – револуција во начинот на сурфање?

OpenAI работи на развој на сопствен веб-прелистувач кој би можел целосно да го промени начинот на кој ги користиме интернет...

Македонија1 ден

Лишен од слобода старец од тетовско, на нива запалил сува трева и отпадоци

На 10.07.2025 во 21.00 часот во близина на бензинска пумпа во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од...

НАЈЧИТАНИ