Следете не

Видео

Вистинско пријателство, за само неколку секунди! Ова видео ќе го стопи и најтврдото срце! (ВИДЕО)

Објавено пред

на

Фото: ScreenShot/Instagram

Навистина трогателна е љубовта што малото девојче ја чувствува кон кучето и обратно

Кога децата ќе се запознаат со домашните миленици уште од мали нозе, нема сомнеж дека токму поради тоа рано ќе го откријат значењето на љубовта, наклонетоста и одговорноста.

Ако му дозволите на детето да има некого да се грижи и сака, сигурно е дека ќе остане таква грижлива и добра личност подоцна во животот.

А колку може да биде силна врската помеѓу малиот сопственик и неговиот миленик, покажува видеото до кое неодамна наидовме.

Малото девојче и нејзиното куче мирно седат на каучот, додека кучето се гушка до неа, подготвено за неговата дневна доза гушкање.

И девојката му даде бакнеж, а тој удобно се смести во нејзиниот скут.

Погледнете како изгледаше во видеото на почетокот на текстот.

/informer

Македонија

Посебно внимание во сообраќајот поради појава на голомразица „подледена површина“ на асфалтот

Објавено пред

на

Нашиот сообраќаен сервис апелира за поголемо внимание во патниот сообраќај поради појава на голомразица (подледена површина) на коловозот во нашиот регион, поготово во доцните и раните утрински часови на превој Пресека, Стража и Кичево.

Имајте пријатно и безбедно патување, проследено со законски поставената патна и сообраќајна сигнализација

Прочитај повеќе...

Македонија

„Dacia Duster“ добива уште две верзии 4×4, на пазарот достапен ќе биде и новиот бензинец 1.2 турбо мотор со 130 коњски сили

Објавено пред

на

Кога пристигна новиот Dacia Duster, на клиентите не им беше понуден турбодизел моторот, кој беше столбот на погонот 4×4 во претходните две генерации на овој модел. Сега верзијата со погон на сите тркала е придвижувана од 1,2-литарски турбо бензинец со 130 КС, но тоа очигледно не е доволно.

Имено, Dacia Duster наскоро ќе биде достапен во хибридна верзија со автоматски менувач и погон на сите тркала, потврди извршниот директор Денис Ле Вот.

„Имаше нешто што недостасуваше во нашиот опсег. Работевме напорно на тоа бидејќи мораме да ги направиме овие системи достапни. Ле Вот изјави дека погонот на 4 тркала ќе биде поврзан со хибриден погонски систем TCe 140, а на некои пазари и систем Bi-Fuel LPG. Во хибридниот систем задната оска ќе се движи од електричен мотор, пренесува Autocar.

Новите модели се очекуваат на крајот на годината. Очигледно е дека ова е обид на Dacia да понуди поекономични мотори/погонски системи на своите верзии 4×4 како адекватна замена за дизел моторите.

Извор: AutoCar

Прочитај повеќе...

Македонија

(ФОТО) Петта футсал шампионска титула за „Лукоил Македонија“ во „Бизнис Лигата“

Објавено пред

на

Многу публика и со позитивна атмосфера заврши финалниот меч во Бизнис Лигата на Македонија, одигран во СЦ Борис Трајковски.

Во големото финале од Бизнис Лигата на Македонија кое водеше до шампионската титула вчера силите ги одмерија екипите на бранителот на титулата Лукоил и Ван Хоол.

Екипата на Ван Хоол уште во раната фаза од натпреварот во 7та минута дојде до водство од 0-1 со погодокот на Даниел Стаменковски.

По овој погодок Ван Хоол играше повлечено со целосен акцент на играта во одбраната, со ваква поставеност зададе големи проблеми во нападот на Лукоил кој не можеше да најде решение за ваквата одбрана на Ван Хоол. Од ова и предноста на Ван Хоол од 0-1 на полувремето.

Второто полувреме Лукоил го отвори со офанзивна игра и пресинг по целиот терен, со ваква игра успеваше да развие контра напад кој преку Стојанов во 23та минута успеа да го претвори во гол и израмни на 1-1.

Во понатамошниот дел од натпреварот кај Лукоил проработи и Иван Стојчев кој со два гола во низа успеа да му донесе на Лукоил водство од 3-1. Екипата на Ван Хоол беше упорна и со чести измени се обидуваше да се врати во натпреварот, но искуството на Лукоил дојде до израз во самиот финиш кога играа смирено со долги напади.

Во ваквата игра Александар Ѓоргиевски успеа да постигне гол и да ја запечати победата.

Лукоил со оваа победа од 4-1 стана старо-нов шамипон по 5-ти пат на Бизнис Лигата на Македонија, додека задоволството и среќните моменти за освоеното прво место не ги криеше и првиот човек на Лукоил Македонија, г-дин Андреј М. Куку, кој дава огромна поддршка за спортот, па може често да се забележи неговото присуство каде настапуваат луѓе од компанијата.

Со официјални награди се закитија и неколку фудбалери од Лукоил во повеќе категории.

Стрелци на погодоците:

Лукоил: Горан Стојанов 23’ Иван Стојчев 29’ 33’ Александар Георгиевски 39’

Ван Хоол: Даниел Стаменковски 7’

Нашиот медиум упатува срдечни честитки за екипата на Лукоил Македонија, целата организацијата на Бизнис Лигата и сите учесниците кои се закитија со награди.

Повеќе фотографии ќе најдете ТУКА

Дел инфо текст: Бизнис лига

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево7 часа

Кичевски „ЈКП Комуналец“ ги засука ракавите за почисто и поубаво Кичево во пресрет на новогодишните празници

Според она што граѓаните на град Кичево можат да го видат, повеќе од евидентно е дека „ЈКП Комуналец“ – Кичево...

Култура11 часа

Денес започнува Божиќниот пост кој трае 40 дена и завршува на денот кога се слави Христовото раѓање, Лесни и богоугодни пости!

Денес започнува Божиќниот пост, кој трае 40 дена и завршува на 7 јануари денот кога се слави Христовото раѓање. Овој...

Магазин12 часа

За напредување на вашите мускули при вежбање, следните вообичаени грешки треба да ги одбегнувате

Изградбата на мускули и зајакнувањето на телото започнуваат веднаш штом ќе почнете да тренирате. Но, по одредено време, мускулите можат...

Хороскоп23 часа

Хороскоп за петок (28 ноември)

Овен Денес, комуникацијата со луѓето е многу подобра од вообичаеното, искористете ја. Наизглед безначајна идеја во разговор со пријателите може...

Македонија1 ден

Бензините остануваат исто, додека Дизелот од ноќеска со нова намалена цена за литар

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за...

Lifestyle1 ден

„Travelers Cycling Macedonia“ – Кичево ја лансира првата андроид мобилна апликација за велосипедизам во Македонија

Пред неколку недели во употреба е пуштена првата мобилна апликација за велосипедизам во Македонија – „Travelers Cycling Macedonia“. Апликацијата има за...

Кичево1 ден

ОВР Кичево поднесе кривична за лице од скопско, најдена банкарска картичка употребил за купување на производи

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ќ.И. (47) од скопското село Палиград, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

Македонија2 дена

АМСМ: На патниот правец Отешево – Сирхан, поради одрон на патот, сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента

Внимание на патниот правец Отешево – Сирхан, поради одрон на патот, сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента, рано утрово...

На денешен ден2 дена

Времеплов: На денешен ден – 27 ноември

На денешен ден 27 ноември, важни историски настани кои се случиле во различни години и делови од светот. Еве краток преглед...

Временска прогноза2 дена

Попоски: Врнежите од дожд не престануваат, особено внимание во недела, каде можни се врнежи од снег и на превоите до 1000 нмв.

Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот и на поладен воздух од север до недела (30 Ноември) во...

НАЈЧИТАНИ