Следете не

Занимливости

Во 2022 година исчезнаа 80.000 Bitcoin милионери

Објавено пред

на

Фото: Unsplash

Инвеститорите кои го постигнаа својот статус на милионери благодарение на високата цена на водечката криптовалута, веќе не се милионери, барем повеќето од нив. Драстичниот пад на цената на криптовалутите, главно најпопуларни од сите, значи дека над 80.000 луѓе повеќе не се милионери.

Bitcoin милионери

Пред 9 месеци, поточно на 12 ноември 2021 година, неколку дена откако Bitcoin достигна рекордно високо ниво од 69.000 долари, скоро 109.000 биткоин паричници чуваа повеќе од 1 милион долари во криптовалута Bitcoin.

Денес, кога цената на 1 Bitcoin се бори да го задржи својот нос над 20.000 долари, само 26.284 паричници можат да кажат дека имаат повеќе од 1 милион долари во криптовалута Bitcoin , што значи дека бројот на милионери BTC е намален за над 75 отсто во последните 9 месеци.

Драматичниот пад на вредноста на криптовалутите доведе и до намалување на бројот на „крипто китови“, сопственици на паричници кои имаат повеќе од 10 милиони долари на својата сметка. Бројот на такви корисници падна од 10.587 паричници на 4.342, што е пад од речиси 60 проценти.

И покрај падот на вредноста на целиот крипто-пазар, се појавија над 13.000 нови паричници кои имаат најмалку еден BTC во нивниот дигитален џеб.

Сегашната состојба на пад на цените е комбинација од сложени настани кои имаа негативно влијание врз криптовалутите. Тука мислиме на регулативите на Федералните резерви на САД, геополитичката нестабилност, зголемената инфлација и кредитните стапки. За жал, без вистинска стабилност на финансиските пазари ширум светот, се чини дека цената на Bitcoin и другите криптовалути ќе продолжи да страда уште некое време.

Занимливости

„Астероидот 2025 PM“ безбедно прелета покрај Земјата

Објавено пред

на

ФОТО: ActionVance @ Unsplash.com

Астероидот кој беше откриен годинава, безбедно прелета покрај Земјата на растојание од околу еден милион километри — што е над два и пол пати подалеку од оддалеченоста на Месечината.

Според Лабораторијата за сончева астрономија при IKI RAN, најновите набљудувања овозможија попрецизно да се утврдат неговите димензии. Се покажало дека астероидот има дијаметар од приближно 53 метри, што е малку повеќе од првичните проценки. Неговата орбита е темелно проучена и не постои ризик од судир со Земјата.

Минувањето се случи денеска во 11:03 часот по средноевропско време, точно како што беше предвидено.

Во втората половина на септември се очекува уште едно блиско прелетување: астероидот 2025 FA22, со дијаметар од околу 200 метри, ќе помине на слична оддалеченост од околу еден милион километри. Иако не претставува непосредна закана, астрономите внимателно го следат поради неговата големина, со што тој се вбројува меѓу потенцијално опасните објекти, пишуваат светските медиуми.

Прочитај повеќе...

Занимливости

Во Македонија возиме драстично поевтино гориво за разлика од соседството?

Објавено пред

на

©porta.mk

Во следната недела во соседна Србија, цената на дизелот ќе биде пониска, имено литар еуродизел чини 192 динари, додека цената на бензинот е 178 динари. Во наша валута на македонски денари, тоа значи дека во Србија литар дизел до следниот петок ќе се продава за 101 денар, додека бензинот 93,50 денари.

Ако го споредиме со износите од минатата недела, еуродизелот поевтини за еден динар, додека цената на литар бензин остана иста.

Според моменталните податоци од берзата, цената на суровата нафта малку се зголеми на 66.839 долари, а цената на нафтата Брент падна на 66.546 долари.

Кај нас моменталната цена на еуродизелот е 68,50 ден/лит, додека бензинот (95 октани) на малопродажните објекти се продава за 74,50 ден/лит, а (98 октани) за 76,50 ден/лит.

Прочитај повеќе...

Занимливости

Во најголемиот рудник за јаглен во Полска, истражувачи откриле остатоци од крокодил стар околу 17 милиони години

Објавено пред

на

ФОТО: Juliana e Mariana Amorim @ Unsplash.com

Истражувачи откриле остатоци од древен крокодил стар околу 17 милиони години во најголемиот рудник за јаглен во Полска, Белхатов. Се работи за изумрен вид што припаѓал на семејството гавијали – блиски роднини на денешните крокодили и алигатори – кој живеел во миоценската епоха.

– Најдени биле фосили од череп, заби, скелет и фрагмент од кожна обвивка наречена остеодерм. Овој мал фосилен дел, со дијаметар од само 30 мм, бил откриен во јуни 2023 година во седименти на дното од езеро во рудникот. Иако првично изгледал како обично парче коска, деталната анализа покажала дека станува збор за дел од кожа од крокодил.

Според научниците, остатоците припаѓаат на видот диплоцинодон – изумрен вид влекач. Интересно е што ова е најсеверната точка на која досега се пронајдени фосили од крокодили од миоценот, иако има и постари откритија од периодот на креда, како на пример во Шведска.

Миоценот бил период со топла и влажна клима, што овозможило развој на богата флора и фауна. Крокодилите од тоа време можеле да пораснат и до шест метри, додека помалите, кои живееле во слатки води, достигнувале должина од три метри.

Фосилот сега е сочуван во Музејот на Геолошкиот факултет при Универзитетот во Варшава, а резултатите од истражувањето се објавени во научното списание Acta Palaeontologica Polonica, пренесува notesfrompoland.com

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Фото: Michael Fousert @ unsplash Фото: Michael Fousert @ unsplash
Автомобили2 часа

Колку се задоволни возачите од реалниот домет на електричните автомобили?

Колку навистина може да издржи едно електрично возило со едно полнење во споредба со бројките што производителите ги ветуваат? Тоа...

Фото: William Hook @ unsplash Фото: William Hook @ unsplash
Магазин2 часа

Осум iOS 26 промени што мора да ги пробате

iOS 26 носи свежи можности и визуелни подобрувања за iPhone, но голем дел од нив не се активираат автоматски –...

ФОТО: Unsplash.com @ Amanz ФОТО: Unsplash.com @ Amanz
Магазин2 часа

Samsung го претстави One UI 8 – еве кога Galaxy уредите ќе го добијат ажурирањето

Samsung Electronics официјално го претстави One UI 8, новата верзија на својот кориснички интерфејс која носи напредни мултимодални можности со...

Фото: Leon Bublitz @ unsplash Фото: Leon Bublitz @ unsplash
Магазин2 часа

YouTube ја воведе повеќејазичната аудио функција – креаторите добиваат глобален досег

По двегодишна пилот-програма, YouTube официјално ја лансира повеќејазичната аудио функција, овозможувајќи им на милиони креатори да додаваат синхронизација на своите...

Музика5 часа

Училиштето за Црковна музика „Митрополит Козма Пречистански“ во петок и сабота преку „аудиција“ врши упис на нови членови за источно пеење

Училиштето за Црковна музика „Митрополит Козма Пречистански“ со голема радост Ве известува дека отворена е сесија за упис на нови...

Временска прогноза5 часа

Брз продор на ладен воздух од север, додека само утре услови за слаб локален дожд

Поради брз продор на ладен воздух од север, утре и задутре (среда и четврток 17/18 септември) во Македонија ќе дува...

Хороскоп14 часа

Хороскоп за среда (17 септември)

ОВЕН Слушајте ги другите повеќе од себе. Луѓето околу вас и оние со кои деловно соработувате сега повеќе гледаат од...

Македонија23 часа

„СОЗР“ стави крај на злоупотребите на службените возила и зголемување на транспарентноста од денес граѓаните можат да пријавуваат случаи на незаконита употреба на службени возила

Граѓаните од денеска можат да пријавуваат случаи на незаконита, партиска или приватна употреба на службени возила, на 070 399 050...

Македонија24 часа

Министерството за одбрана, петта година по ред ги задржа максималните 100 % активна транспарентност и е практично најтранспарентна институција во државата

Центарот за граѓански комуникации го објави најновото годишно рангирање според Индексот на активна транспарентност – мерка која ја оценува отвореноста...

Фото: William Hook @ unsplash Фото: William Hook @ unsplash
Магазин1 ден

iOS 26 е тука! 10 големи нови функции и три модели на iPhone без поддршка

Apple го објави iOS 26, првиот оперативен систем чиј број во името е усогласен со годината на издавање. Најновата верзија...

НАЈЧИТАНИ