Кичево
Во Кичево вчера 14 ја пречекориле брзината во населено место

На 20.02.2022 година од 12 до 18 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли при што, полициските службеници во Охрид, регистрираа 41 пречекорување на дозволената брзина (16-надвор од населено место, 25-во населено место).
Во Струга, затекнати се 42 возачи кои возеле моторно возило со брзина поголема од дозволената (06-надвор од населено место, 36- во населено место),
Во Кичево евидентирани се 16 пречекорувања на дозволената брзина (02 надвор од населено место, 14-во населено место).
Во Дебар 22 возачи, управувале моторно возило со поголема брзина од дозволената (10-надвор од населено место, 12-во населено место).
Против овие возачи преземени се соодветни законски санкции.
Упатуваме апел до сите учесници во сообраќајо, доследно да се придржуваат до сообраќајните правила и прописи а посебно, возачите на моторни возила да ја прилагодуваат брзината според поставената сообраќајна сигнализација и према условите и состојбите на патот, истакна портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски
Кичево
Поради одржување на атлетска трка во Кичево, во недела следните улици и делови на градот ќе бидат затворени за сообраќај

- Градски плоштад
- Бул. „Ослободување“ до раскрсница со ул. „11-ти Септември“
- Ул. „11-ти Септември“ до ул. „Веле Змејковски“
- Ул. „Маршал Тито“ до Берза
- Ул. „Амит Челопечанец“
- Ул. „29 Ноември“
- Ул. „Борис Кидрич“ до раскрсница со ул. „Рудничка“
- Ул. „Рудничка“ до Бул. „Ослободување“
- Ул. „Тане Цалески“ до ул. „Маршал Тито“
- Ул. „Маршал Тито“ до градски плоштад
Кичево
Кичево: Филм, музика и креативност во село Ехлоец: Echoes in the Wild на 7 септември

На 7 септември (недела), во селото Ехлоец, сместено на падините на планината Стогово во близина на Кичево, ќе се одржи уникатниот настан Echoes in the Wild – фестивал кој го поврзува филмот, музиката и младинската креативност во едно заедничко искуство на отворено.
Програма на настанот
- 19:00 часот – филмска проекција
Организирана од EcoKult и Nightflix, проекцијата има за цел да ја донесе интимноста на кино-искуството надвор од градските сали, во срцето на природата. - По проекцијата – музички дел
Вечерта продолжува со диџеј сетови на:- Ива Арифај (Србија)
- Aco Sound (Македонија)
- Дарко Јованоски (Македонија)
Настапите ќе ја донесат енергијата на младата електронска сцена од регионот во живописното место познато како „На камен“.
Пораката на организаторите
Во разговор со Дарко Јованоски, член на „Montparnasse“ и еден од организаторите, дознавме дека идејата зад овој настан е да се создаде нова културна навика кај младите:
„И малите села, и планините, и историските места, и заборавените предели можат да станат простори каде младите ја обликуваат својата креативна сцена. А младите дефинитивно имаат енергија и идеи за тоа да го остварат.“
Поддршка и организација
- Настанот е во организација на Montparnasse.
- Дел е од проектот на Western Balkans Youth Cultural Fund, спроведен од Regional Youth Cooperation Office (RYCO) со поддршка од Германското Министерство за надворешни работи.
Практични информации
- Организаторите ги повикуваат посетителите да пристигнат уште од пладневните часови, за да ја доживеат убавината на Ехлоец и Стогово во целост.
- Се препорачува носење на топла облека за вечерните часови.
- Влезот е бесплатен.
Кичево
(ВИДЕО) Спречен голем пожар во кичевската населба Иванидол

Предмалку благодарение на брзата интервенција од ТППЕ Кичево, беше спречена пламната огнена стихија на сува трева да дојде до далековод и до населените куќи.
За среќа нема штети, нема повредени. На терен беше и ОВР Кичево кои го обезбедија местото.
-
Хороскоп22 часа
Хороскоп за петок (5 септември)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (4 септември)
-
Кичево10 часа
Поради одржување на атлетска трка во Кичево, во недела следните улици и делови на градот ќе бидат затворени за сообраќај
-
Свет2 дена
(ВИДЕО) „Ден на жалост“ во Португалија по страшната трагедија каде од шините излета жичара и одзеде најмалце 15 животи, неофицијално има и странци
-
Македонија2 дена
МВР: Кривична пријава против петмина вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за „злоупотреба на службена положба и овластување“
-
Временска прогноза2 дена
Најавената промена на времето се оствари, во текот на ноќта наврнаа 23 л/м2 дожд
-
Спорт1 ден
Елмас пред вечерашниот настап против Саудиска Арабија: „Ние секогаш излегуваме на терен по победа, со верба во квалитетот што го имаме.“
-
Социјални мрежи1 ден
Корисниците во повеќе европски земји, како и кај нас пријавија потешкотии при користење на „Google, Gmail“ и останатите сервиси