Кичево
Во ОВР Кичево пријавени три напади во еден ден од кучиња скитници врз граѓани

Портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски денес ја изврстува јавноста дека на 16.03.2021 година, К.М.(38) од Кичево во полициската станица пријавила дека во 08:00 часот на улицата „Олга Мицеска“ во Кичево, била нападната од куче скитник.
Истиот ден, напад од куче случен на улицата „Гоце Делчев“ пријавил Ц.Ј.(65) од Кичево како и Х.И.(54) од кичевското село Стрелци.
Извор: СВР Охрид
Кичево
(ФОТО) Директорот на БЈБ Јанев денес во посета на Кичево, Осломеј и Зајас

Во рамки на денешната работна агенда директорот на БЈБ г-дин Александар Јанев ги посети полициските одделенија во Зајас и Осломеј, како и Полициската станица во Кичево, при што се остварија средби со полициските службеници кои секојдневно ја извршуваат својата работа на терен и во заедницата.
Фокусот на посетата беше улогата на полицијата во предизборниот период и на изборниот ден, како и потребата од професионално, одговорно и етичко постапување не само во овој чувствителен период, туку и во рамки на редовното работење. Во разговорите се опфатија актуелните состојби, можностите и предизвиците со кои се соочуваат службениците, како и претстојната реорганизација на Министерството за внатрешни работи и Бирото за јавна безбедност.
Посебно беше нагласено дека нема место за насилство, криминал и непрофесионално или неетичко однесување. Полицијата претставува една од клучните институции во системот и има обврска да ја гарантира безбедноста, да го спроведува законот и да обезбеди секој граѓанин слободно да го оствари своето демократско право на избор. Тоа зависи од професионалниот и одговорен пристап на секој полициски службеник и од соработката со сите чинители, истакна директорот на својата официјална фејсбук страница.
Кичево
ЕВН на терен: Непланиран прекин на електрична енергија на превој „Стража“ и кичевските села Вранештица, Цер и Црско, Кладник, Велмевци и Прострање.

„ЕВН Дистрибуција“ известува дека непланиран прекин на електрична енергија има на превој „Стража“, с.Вранештица, Цер и Црско, Кладник, Велмевци и Прострање. Како што дознаваме од извори на терен, екипите на ЕВН Македонија се на терен и вложуваат напори за што побрзо стабилизирање на електрична енергија во овие краеви.
Кичево
Граѓаните на Кичево денес ја покажаа својата хуманост на дело и доброволно даруваа крв, во организација на „РЦУК Кичево“ во соработка со „ОО Црвен Крст“ и „Институтот за трансфузиона медицина“ Кичево

Во рамките на активностите за одбележување на 5 Октомври, денот на отпочнување со работа на ЦУК, РЦУК Кичево успешно организира уште една традиционална крводарителна акција.
Оваа акција се спроведува во соработка со ОО Црвен Крст – Кичево и Институтот за трансфузиона медицина Кичево. Ацијата се реализираше во просториите на Институтот за трансфузиона медицина Кичево.
На акцијата од 50 доброволни дарители беа собрани 38 единици крв, со што се покажа хуманоста и солидарноста на вработените од РЦУК Кичево, но и на вработени од други инстиуции и голем број хумани граѓани. Дел од доброволните дарители беа вратени поради здравствени причини.
Галерија:
-
Кичево9 часа
(ФОТО) Директорот на БЈБ Јанев денес во посета на Кичево, Осломеј и Зајас
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (3 октомври)
-
Хороскоп24 часа
Хороскоп за сабота (4 октомври)
-
Спорт3 часа
Кичевски ФК Напредок како во старите добри времиња, 4 погодоци против ФК Скендербегу на градски!
-
Lifestyle1 ден
Никогаш не ставајте ја оваа храна во замрзнувач
-
Lifestyle1 ден
Трикот за совршено сварени јајца
-
Автомобили1 ден
Ferrari неприкосновен: Профит од 118.000 евра по автомобил
-
Магазин1 ден
YouTube тестира нов мобилен изглед – корисниците поделени