Следете не

Култура

Во петок е „Стара година“, се испраќа со палење Василичарски огнови, кои се симбол на божествената светлина што според народно верување, ги прогонуваат лошите сили.

Објавено пред

на

Православните христијани кои се водат според Јулијански календар во петок ќе ја пречекаат Православната или Старата нова година. Голем број македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики го слават својот именден.

На Василица верниците кои се водат по овој календар кршат и лепче со паричка и исто така се верува дека на оној кој ќе му се падне паричка ќе биде среќен во текот на целата година.

Старата година се испраќа и со палење василичарски огнови, кои се симбол на божествената светлина што, според народното верување, ги прогонуваат лошите сили.

Инаку, Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина.

Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење.

Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.

Култура

Денеска е Крстовден, од народните верувања се вели дека денот и ноќта се крстосуваат, а температурата почнува да паѓа

Објавено пред

на

©porta.mk

Во народните верувања, на денот кој се нарекува Крстовден, се смета дека сите молитви ќе се остварат.

На Крстовден се прави аџилак пред Светиот крст. По страдањата и распнувањето на Спасителот крстот станува жртвен знак на спасението и откуп на гревот. Крстот отелотворува жртвенa љубов, победата над злото, припадноста кон христијанството.

Според народните верувања од Крстовден почнува есента. Се вели дека денот и ноќта се крстосуваат, а температурата почнува да се намалува.

Од Крстовден почнува гроздоберот, а првото откинато грозје мора да се однесе во црквата, за да се освети. Почнува и сеидбата на зимските житни култури.

На Крстовден највозрасните жени во домот е потребно да испечат специјален обреден леб, украсен со голем крст на средината. Лебот се раздава, кога целото семејство е на масата и се вели Крстец крст да боли мене, крст да не боли. Се смета дека со овие зборови луѓето се штитат од болки во грбот за време на работа.

На Крстовден се почитува и строг пост – не треба да се јаде ништо црвено како пиперки, домати, ’родокви, црвени јаболка и друго. На трпезата освен обреден леб задолжително треба да присуствува печена тиква и грозје. Во народните верувања се вели дека сите молитви ќе бидат слушнати на овој ден.

Се проценува дека во ноќта спроти Крстовден, Господ слегува на земјата и ја исполнува секоја посакана желба. Ова верување има најголема сила во Крстови Гора.

Прочитај повеќе...

Култура

(ФОТО) Нашиот заштитник Манастир „Св.Богородица – Пречиста“ по повод празникот „Рождество на Мајката Божја“ беше посетен од голем број верници

Објавено пред

на

ФОТО: Свештена Пречистанска Обител „Благовештение на Пресвета Богородица“

Започнувајќи со традиционалната празнична богослужба, кичевскиот манастир „Св.Богородица – Пречиста“ и оваа слава беше посетен од голем број на верници на патрон празникот на Рождество на Мајката Божја.

Исто така недела ден беше посебен затоа што Манастирскиот кум Цане Ѓорѓијоски послужи манастирски ручек и изврши примопредавање на кумството на новиот кум, г-дин Димитрија Крпачоски.

Во прилог мал дел фотографии кои ги одбележаа овие празнични денови:

Прочитај повеќе...

Култура

За многу години Рождество на Пресвета Богородица

Објавено пред

на

©porta.mk

Денес се одбележува Раѓањето на Пресвета Богородица – празник познат како Мала Богородица, кој припаѓа на редот на големите празници во црковната година.

Според преданието, Светата Дева Марија била родена од Јоаким и Ана, праведни и побожни луѓе од Назарет. Иако долго време немале пород, по повеќе од педесет години брак, Господ им ја подарил ќерката Марија – благослов кој се смета за плод на нивната вера и добродетелност.

Култот кон Богородица е длабоко вкоренет во духовноста на македонскиот народ. Многу храмови низ земјата се посветени токму на неа, а бројни преданија зборуваат за чудотворни икони со нејзиниот лик. Народната традиција го поврзува овој ден со обичаи што симболично го величаат животот и новото раѓање.

Се верува дека Богородица е заштитничка на мајките и породилките, па жените што очекуваат потомство ѝ се обраќаат со молитви за лесно раѓање, а таа им пружа утеха и на оние што немаат деца.

Веднаш по овој празник, на 22 септември, Црквата го чествува споменот на светите Јоаким и Ана – родителите на Пресветата Богородица.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп7 часа

Хороскоп за недела (26 октомври)

Бик  Љубов Некои би можеле да минуваат низ искушение на тајна еротска љубовна врска или да ја кријат својата наклонетост...

Спорт9 часа

ФК Напредок со победа и едноминутно молчење оддаде почит кон легендата Зоран Ѓорѓиоски-Мрско

Пред денешниот првенствен натпревар помеѓу ФК. Напредок – ФК. Дрита со едно минутно молчење клубовите и управата му оддадоа почит...

Магазин14 часа

Видео и аудио платформата „Јутјуб“ постави нов рекорд во исплати за нивните креатори

YouTube најави дека меѓу јули 2024 и јули 2025 година ќе исплати повеќе од 8 милијарди долари на музичката индустрија,...

Кичево15 часа

Вчера во кичевското с.Староец затекнат бил крушевчанец на криволов

На 24.10.2025 околу 23:00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода А.З.(60) од Крушево. Претходно, во атарот...

Временска прогноза17 часа

Од утре доаѓа бура од дождови во западниот регион од Македонија

Под влијание на циклонска активност со центар над Џенова, денот (недела 26 октомври) ни носи променливо време со локални врнежи...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за сабота (25 октомври)

ОВЕН Денот е идеален за решавање на сите незавршени работи како и за дискусии поврзани со финансиски проблеми со личност...

Македонија1 ден

Високи претставници на МВР денес беа во работна посета на ГП Блато и ОВР Дебар

Заменик министерот Исени во работна посета на ОВР Дебар и Граничниот премин Блато Како дел од работните активности на Министерството...

Мобилни уреди2 дена

„Samsung Galaxy S26 Ultra“, се очекува да биде презентиран кон почеток на јануари идната година, супер моќен и елегантен мобилен телефон

Samsung подготвува силен старт за 2026 година со својата следна генерација на флагшип уреди – Galaxy S26 серијата. Најистакнатиот модел,...

Кичево2 дена

Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развој, да бидеме хумани!

Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во...

Македонија2 дена

АМСМ: Поради излетано тешко товарно возило, патот Скопје-Куманово кај Хиподром (обиколница) е во прекин

На 24.10.2025 година од 09.00 часот на патниот правец Скопје – Куманово, на клучка Хиподром (обиколница Скопје) кон Куманово, поради...

НАЈЧИТАНИ