Следете не

Култура

Зошто паричката не се става на „Бадник“ туку за „Василица“

Објавено пред

на

Историјата на „василопитата“ е еден настан, кој се случи во IV век во градот Кесарија Кападокиска, во Мала Азија. Во тоа време, Свети Василиј Велики беше епископ на Кесарија и живееше во единство со неговите сограѓани, со љубов, разбирање и помагање еден на друг.

Еден ден, кога Јулијан Отстапникот, нечесен цар и гонител на Христијаните, сакаше да оди за Персија и да војува со Сасанидите, тој помина близу Кесарија. Тогаш Св. Василиј, кој добро го познаваше, бидејќи беа соученици во Атина, излезе заедно со народот да го пречека и почести. Јулијан побара дарови, очекувајќи злато и скапоцености.

Но, светиот немаше ништо друго, освен три леба од јачмен, кои му ги принесе на злобниот цар. Треба да се знае дека тој не принесе скапоцености, бидејќи не сакаше да даде нешто повредно, туку бидејќи мнозинството на жители во Кесарија беше навистина сиромашно. Кога го виде тоа, Јулијан им нареди на своите слуги да соберат трева од ливадата и да му ја дадат на епископот за возврат. Тогаш светиот праведно му одговори на Јулијан: „Ние, цару, откако ни побара, ти  принесовме од нашата храна, па и ти, очигледно, ни возврати од тоа што и самиот го јадеш.“

Кога ги слушна овие зборови, Јулијан многу се налути и вети дека кога ќе извојува победа во Персија, ќе се врати во Кесарија, ќе го запали градот и ќе ги пороби неговите жители, а Василиј ќе го награди со иста мера.

Поради тоа, Св. Василиј побара од народот да го соберат сето злато што го имаат и да го зачуваат некаде, за да му го дадат на среброљубивиот Јулијан кога ќе се врати,  па така, можеби, да го намалат неговиот гнев. Исто така, епископот им наложи на Христијаните да постат и да се молат, додека не се врати Јулијан.

За време на богослужбата, светиот имаше небесно видение: Пресветата Мајка Божја, носена на ангелски престоли, нареди да го повикаат маченикот Меркуриј и го испрати со војска од ангели против Јулијан, непријателот на нејзиниот Син.

Тогаш го виде и св. Меркуриј, вооружен и јавнат на коњ, како заедно со ангелските војски, тргна против безумниот цар и го уби со своето копје. Освестувајќи се од ова видение, св. Василиј, во придружба на неколку клирици, побрза во храмот на свети Меркуриј, кој сто години пред тоа имаше пострадано во Кападокија и видоа дека од храмот беа исчезнати неговите мошти и копјето, кои таму се чуваа.

Подоцна дојдоа во градот вести дека Јулијан е убиен. Всушност, тоа што го виде великиот Василиј, беше токму тоа, што во истиот миг, навистина се случи на едно место недалеку од Кесарија.

Така се спаси градот Кесарија. Но, тогаш свети Василиј се најде во многу тешка положба. Требаше да го подели златото, кое граѓаните го собраа за да се избават од гневот на Јулијан, но таа поделба да е праведна, односно, секој да си го добие своето.

Се помоли светителот и Бог го просвети што да направи. Тој ги повика своите ѓакони и помошници и им рече да замесат лебови и во секој леб да стават по малку од златните предмети. Кога лебовите беа готови, епископот ги подели како благослов на сите жители на градот Кесарија.

Во почетокот сите се зачудија, а потоа нивното изненадување стана уште поголемо: кога секое семејство го пресече лебот, во него најде злато, но не било кое, туку токму она  што му го имаше дадено на својот епископ.

Така значи, со тогашната „василопита“, Св. Василиј им донесе и благослов на луѓето и радост заради избавувањето. Оттогаш и ние, на денот на свети Василиј, 1ви јануари, месиме василопита и внатре ставаме златник, во спомен на чудото, кое се случи во Кесарија.

Литература

Кичевчани помеѓу наградените на овогодинешната меѓународна поетска манифестација „Охридски поетски бисер“

Објавено пред

на

Во Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско по седми пат се реализираше Меѓународната поетска манифестација „Охридски поетски бисер“ во организација на истоименото Здружение за литература и култура „Охридски поетски бисер“, со поддршка на Општина Охрид. Оваа манифестација има за цел меѓународна промоција на поетската реч, македонскиот јазик и македонската литература, градот Охрид и Македонија

Нашите сограѓани Лидија Аврамоска, Наташа Наумоска и Јован Миноски од Кичево беа помеѓу наградените во категоријата на Македонски автори на овогодинешната меѓународната поетска манифестација „Охридски Поетски Бисер“.

– За сите дарови Му благодарам на Бога, па и за овој дар, за оваа награда од страна на организаторите на манифестацијата Охридски поетски бисер, во која зедоа учество околу 150 македонски автори, и околу 60 од регионот и од дијаспората, а на која ми беше чест и задоволство да учествувам.

– Затоа тоа што истата испраќа една силна порака до верниот народ за зачувување на вистинските морални вредности на кои новите времиња не само што не може да ги уништат, туку не може воопшто да ги разнишаат. Затоа што нашиот народ е народ со висока свест за човечноста, а таа извира од длабоките корени на традицијата, додека организаторите на оваа традиционална манифестација токму тоа и го прават, ги негуваат тие вредности и го приближуваат народот кон човечноста, а со тоа и кон божественото.

– Им благодарам што и преку наградувањето на стиховите на „Себепознание“ го докажаа тоа со тоа што третото место ни го доделија мене и на мојата колешка Лидија Аврамоска. И преку овој гест се потврдува поговорката дека сѐ што се дели се намалува, само љубовта кога се дели станува уште поголема. А Божествената љубов е токму таква, за нашиот портал додаде г-ѓа Наумоска и ни испрати текст од стиховите на „Себепознание

Ѕирка, довикува
од самиот раб на провалијата
наречена суета.
Понекогаш ни изгледа блиску
заради лажното смирение.
Никако не може
нашето ,,јас” да разбере
дека лажно е сѐ.
Оној ден штом осамне
утрото на вистината,
дека не на дното
ами сме под него разбереме,
тивко ќе нѐ прегрне
бескрајна смиреност,
ќе одекнува силно аплаузот
на едно себепознание,
додека образот на нашето ,,јас”
силно ќе црвенее од срам
поради нашата
правлива безвредност.

– Охридски поетски бисер е манифестација од меѓународен карактер на која имаше поети од Македоноја, Србија, Црна гора и БиХ. Од испратени 160-тина творби од македонски автори беа одбрани 50-тина. Имаше многу убави песни кои секако заалужуваа да бидат наградени, но комисијата одлучи да ми го додели 3-то место на мое огромно задоволство кое го делев со Наташа Наумоска исто така од Кичево и член на литературниот клуб „Китка“. Ова е манифестација има благородна мисија во афирмирањето, пренесувањето и зачувувањето на македонскиот јазик и поезија, не само во Македонија, туку и низ светот, а со тоа и нам да станеме дел од промоторите на пишуваниот поетски, литературен македонски јазик – за порта.мк исто така додава добитничката Аврамоска и ни ја претстави својата творба „Илузија“

Сонот лекува,
но е само пауза во бекството.
Улиците се тмурни
за фантазерите и романтичарите.
Полни се со безнадежност
Среќата е залутана
Каде е патоказот
кон она што се вика дом…
Осамени лица
под испукано небо
во џеб мирисот
на безгрижно детство
и топол леб.
Гужва и галама
на луѓе гладни,
невидливи и ладни
никој, никого на мир не остава,
а никој за никого не се грижи.
Сонцето е се подалеку и поладно.
Сакам да заспијам
и да се разбудам
кај што сонцето ја топли душата..
на некое друго место
и во некое друго време…

Прочитај повеќе...

Култура

Нов трејлер за продолжението Stranger things 4

Објавено пред

на

Фото: ScreenShot Youtube

Пристигна нов трејлер за продолжението на Stranger things 4. Поточно, за преостанатите две епизоди од актуелната четврта сезона, кои ќе бидат достапни на Netflix од 1 јули.

Има многу нови кадри и јасно е дека главните актери ќе се соочат со Вечниот. Елевен како да ќе им помогне, иако прашање е дали е подготвена да се бори.

Секако, песната Running Up That Hill на Кејт Буш и понатаму е главниот мотив.

Прочитај повеќе...

Филм

На „Китино Кале“ во Кичево викендов Кино под отворено небо за сите љубители на филмската проекција

Објавено пред

на

Втор пат годинава, „Европското патувачко кино под отворено небо“ носи нови европски филмови со проекции на отворено за публиката ширум земјата, овој пат во Валандово, Кичево и Штип.

Европското патувачко кино под отворено небо прикажува нови европски филмови, признаени од европската критика и сакани од европската публика, и секоја година овој филмски фестивал патува во три различни града ширум земјата.

Европското патувачко кино под отворено небо, годинава прикажува 6 нови европски долгометражни филмови – повеќето од нив наградувани филмови кои се израз на европската креативност и разноликост и нудат по нешто за сечиј вкус, како и 6 македонски кратки филмови, од кои некои се исто така наградувани на различни филмски фестивали, но и омилени меѓу домашните љубители на филмот.

Годинава, фестивалот започнa во Валандово на 13 и 14 јуни пред Салата „Јанко Узунов“ а потоа продолжува во Кичево на 18 и 19 јуни, на Китино кале.

– Првата вечер на Китино кале во Кичево ќе биде прикажан краткометражниот македонски филм Прашливи цвеќиња и долгометражниот филм Маре кој раскажува за малото семејство на Маре и како таа го води скромното домаќинство, се додека случајна средба не го размрда нејзиното либидо. По проекцијата следува разговор со Марија Димитрова, на тема: Жените во филмот и зголемување на женското учество во филмската продукција.

– Втората вечер ќе биде прикажан краткометражниот македонски филм Новиот почеток и долгометражниот филм Надеж кој раскажува за големото семејство на Ања и Томас, а кога Ања открива дека има терминална фаза на рак нивниот живот се распаѓа и ја разоткрива занемарената љубов. По проекцијата следува разговор со Наташа Дамјаноска, на тема: болест во семејството и начини на справување.

По Валандово на 13 и 14 јуни, и Кичево на 18 и 19 јуни , европското патувачко кино продолжува во Штип на летната сцена во Домот на млади на 24 и 25 јуни.

Проекциите започнуваат во 20.30 и влезот е бесплатен.

* Кичево, Китино кале, 18 – 19 јуни 2022

Сабота, 18 јуни 2022

ПРАШЛИВИ ЦВЕЌИЊА, режија Мирослав Илиќ, 15 мин

Сентиментална жена, која по неколку неуспешни обиди да има свое биолошко дете, принудена е да се откаже од антидепресивната терапија, затоа што ја намалуваат нејзината фертилност.

МАРЕ (MARE), режија Андреа Штака, 84 мин
Рутински, но со посветеност, Маре го води скромното домаќинство на своето мало семејство, иако нова машина за перење не е единственото што недостасува. Кога случајна средба ќе го разгори нејзиното либидо, таа не се воздржува долго.

Разговор со Марија Димитрова, наградувана филмска продуцентка

Тема: Жените во филмот, зголемување на женското учество во филмската индустрија

Модератор: Златко Ѓелески, филмски критичар

Трејлер: ТУКА

Недела, 19 јуни 2022

НОВИОТ ПОЧЕТОК, режија Тања Симоновска, 15 мин
23-годишната Ана по смртта на родителите се сели во Скопје во потрага по нов почеток.

НАДЕЖ (HOPE), режија Марија Содал, 130 мин

Содржина: 43-годишната Ања и 59-годишниот Томас имаат големо семејство биолошки и посвоени деца. Веќе неколку години, тие се имаат отуѓено еден од друг, живеејќи и работејќи во паралелни светови. Кога Ања открива дека има терминална фаза на рак, нивниот живот се распаѓа и ја разоткрива занемарената љубов. Сама со своите тага и стравови, Ања сфаќа дека ѝ е потребна помош и поддршка од Томас. Тоа е нивната единствена шанса. Како инаку нивните деца ќе најдат сила откако таа ќе замине, ако нивните родители не можат заедно да одат низ бурата? Ања и Томас се присилени да најдат решение за меѓусебна доверба, а на крајот заедничка борба, да се справат со неочекуваната и прерана смрт. Но, откако повторно ќе се најдат еден со друг, тие стануваат главни ликови во љубовна приказна и учат вистински да се сакаат по долгиот заеднички живот.

Разговор со Наташа Дамјаноска, претставничка од Институтот за брак, семејство и системска пракса „Алтернатива“

Тема: Болест во семејството и начини на справување

Модератор: Златко Ѓелески, филмски критичар

Трејлер: ТУКА

Featured photo by: Global Engineering Int

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Магазин2 минути

iPhone 14 ќе руши различни рекорди, еден од нив е цената

Законите на пазарот налагаат дека цените што еднаш ќе се зголемат тешко се враќаат на претходното ниво. Откако еднаш ја...

Свет5 минути

Сателитот на НАСА ја напушти орбитата на Земјата и се упати кон Месечината

Сателит не поголем од микробранова печка денеска успешно ја напушти орбитата на Земјата и се упати кон Месечината, што е...

Магазин6 минути

Претплатниците на Twitter на Android имаат опција која ќе ја олесни навигацијата

Прилагодената навигација е веќе достапна за корисниците на Twitter Blue на платформата iOS, а сега ја добиваат и корисниците на...

Магазин8 минути

Xiaomi ја претстави серијата 12S телефони со „Leica“ камери

На вчерашната конференција, Xiaomi претстави три телефони од новата серија 12S: Xiaomi 12S, Xiaomi 12S Pro и Xiaomi 12S Ultra....

Временска прогноза10 минути

На почеток од денот многу топло, додека во попладневните часови пороен дожд. Нови врнежи и пониски температури доаѓаат викендов..

Под влијание на многу топлата воздушна маса од Африка, до четврток времето во Македонија ќе се задржи многу топло и...

На денешен ден11 часа

5 јули – На денешен ден

1596.- Англиските морнари го опустошиле шпанскиот брег и го ограбиле Кадиз, пристаниште кое добило првокласно значење со откривањето на Америка....

Хороскоп12 часа

Хороскоп за вторник (5 јули)

Овен Во текот на оваа недела наизменично ќе се менуваат различни емоции – нежност и лутина, грижа и страст. Ќе...

Македонија18 часа

Мало намалување на цената на бензинот, додека дизелот останува непроменет

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалуваат за половина денар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1 денар, за...

Временска прогноза23 часа

Останува исто време, многу топло со освежување во попладневните часови – ова се деталите

Под влијание на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка, и во текот на следните неколку денови времето во Македонија ќе...

Магазин24 часа

Google го олеснува управувањето со лозинките на сите платформи

Корисниците на Chrome ќе добијат предупредувања доколку Google верува дека зачуваните лозинки се компромитирани. Google ја ажурира својата услуга за...

НАЈЧИТАНИ