Следете не

Култура

Дeн на очекување на радосната вест, денес е БАДНИК, да се помолиме за здравје, среќа, љубов и мир!

Објавено пред

на

Македонскиот народ со многу внимание го празнува Божик, денот на Христовото раѓање.

Обичаите што се изведуваат на овој празник се остатоци од минатото, но поголемиот број од нив се исчезнати, а ние денес за нив дознаваме од записите на собирачите на македонски фолклорни и етнографски материјали како што се браќата Миладиновци, К. Шапкарев, Е. Спространов, В. Икономов, М. Цепенков и многу други. Особено од минатото се останати богати обичаи и верувања поврзани со Бадник или Коледе, денот што му претходи на Божик.

Истражувачите на овие обичаи истакнуваат дека во почетокот Коледе бил празник поврзан со враќањето на Сонцето од јужните напоредници, со раѓањето на новото сонце што значело и раѓање или обнова на животот. Подоцна Христијанската црква овој ден го поврзала со Христовото раѓање. На прекорот дека христијаните започнале да го празнуваат денот на Сонцето исто како и паганите свети Августин одговарал: „Ние го празнуваме не како неверниците поради сонцето, туку поради оној што го создал сонцето”.
Иако обичаите што се изведуваат на Бадник и Божик во некои детали меѓусебно се разликуваат од регион до регион, па дури и од село до село, сепак, во основа се изделуваат неколку заеднички елементи, како што се богатата софра, што се подготвува на Бадник навечер, потоа коледарскиот оган заедно со дрвото Бадник, како и коледицата проследена со многу коледарски песни.

Богатата трпеза со исклучително посна храна: питулици, сарма, грав, компир, риба, зелник, овошје и сл. според верувањето, има цел врз принципот на имитативната магија да обезбеди богат род на земјоделските култури. Обичај е по вечерата софрата да не се крева, туку така, заедно со храната да остане целата ноќ, а во некои места така останува во текот на трите дена додека се празнува Божик. Ова е поврзано со верувањето дека ноќта ќе дојде дедо Боже и ќе се нахрани. Во Кукушко се подготвувала вечера и за дедо Боже, трпезата се поставувала во дворот, а домаќинот го поканувал: „Поели дедо Боже да вечераме.” На Бадник софрата се става врз слама за спомен на јаслите од Витлеемската пештера во која е роден Исус. Подоцна со оваа слама се врзуваат овошките со верување дека таа ќе ги штити од болести и штетници и дека ќе дадат богат род.

На Бадник, во повеќе краишта на Македонија се меси кравајче, пита или погача во која се става сребрена пара. Вечерта кога сите ќе седнат на вечера домаќинот, откако ќе се прекрсти и ќе ја благослови трпезата, го крши кравајчето на толку делови колку што има членови семејството, оставајќи уште дел за Бога и за куќата. Сите присутни во својот дел од кравајчето ја бараат парата и оној што ќе ја најде се смета за најсреќниот во годината што претстои. Оној што ќе ја најдел парата ја ставал во грне или чаша со вино од која сите пиеле за здравје и среќа. Парата ја земал тој што ја нашол или му ја давал на домаќинот и за тоа добивал подароци. Во некои краишта овој обичај се изведува на Василица.

Богати обичаи и верувања на Бадник се поврзани со обредниот оган како и со горењето на дрвото наречено Бадник или Бадникојца. Во некои краишта дрвото што се гори е пенушка од даб, во други смрека, а некаде се гори круша горничка (дива круша) зашто се сметало дека таа е најродна, раѓа секоја година. Тоа се правело за да биде и годината родна. Таа ноќ, како што запишал К. Шапкарев, „сите домашни луѓе не заспиваат туку преноќеваат будни, та од тоа се гледа дека таа ноќ е наречена: Бадник – будник”. И многумина други истражувачи на овие обичаи сметаат дека името на овој ден доаѓа од бдеењето, будноста покрај овој обреден оган. К. Шапкарев уште забележал дека во Скопје кога оваа пенушка „ќе приближи на догорување, ги истеруваат машките деца надвор, а остануваат само женските, за да видат само тие кога ќе догори. Тоа значело да се раќаат се женски од живата стока на домаќинот т.е. јагниња, телиња, коњи и сл.” Во зборникот на браќата Миладиновци среќаваме податок дека во Кукуш од пенушката оставале едно парче „кое вардат до другата година, за да потпалет огнот во истиот вечер”, а во Воден „това парче закопват в лозје за да се сторит лозјето црно”. Во Дебарско, според записите на В. Икономов, исто така, внимавале “да остане едно парче недогорена гламна коешто секоја вечер од Божик до Богојавление се подгорува и се угаснува со вино – за зачувување од повреда на домашниот ситен добиток.

Во Струга децата одејќи по коледа носеле дрвени чеканчиња со кои тропале по влезните врати и пееле:
– Сива, сива голабица,
каде си се осивила?
– Таму горе на бел Дунав.
– Што имаше, што немаше?
– Ми имаше златна чаша,
златрна чаша, иконата,
да служиме млада Бога,
млада Бога Божикова,
Божик ми е на небеса,
слава му е на земјата.

Раѓањето на Исус Христос нашло место и во повеќе други верувања и преданија, а некои истражувачи веруваат дека оттогаш останало коледето, децата да одат по куќите и да го соопштуваат раѓањето на Богомладенецот Исус Христос.
Интересни обичаи поврзани со овој празник сè уште се изведуваат во Западна Македонија, поточно во с. Битуше. Денот пред Бадник се вика Кршенделија и тогаш при ставање на софрата се става и каленик (чинија) со ореви. Секој зема по неколку и ги крши при што се верува дека ако тие се здрави, односно со бели и големи јатки и годината ќе биде плодна, односно семејството ќе има напредок. На Бадник, рано наутро, децата оделе во гората да соберат бодници (бадници). Тоа се дабови гранки коишто потоа стоеле покрај домашната икона односно покрај иконата на светецот заштитник. Вечерта кога ќе седнеле на вечера сите се фаќале за бадниците, при што едно бадниково гранче фрлале во разгорениот оган. Верувајќи дека оваа ноќ може да биде опасна поради негативните демони, луѓето ги затворале портите верувајќи дека со тоа им го зџатвораат и простапот на нечистите сили. Тоа трело до пеењето на првите петли кога сите станувале и се подготвувале за одење „в црква”.

Литература

Кичевчани помеѓу наградените на овогодинешната меѓународна поетска манифестација „Охридски поетски бисер“

Објавено пред

на

Во Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско по седми пат се реализираше Меѓународната поетска манифестација „Охридски поетски бисер“ во организација на истоименото Здружение за литература и култура „Охридски поетски бисер“, со поддршка на Општина Охрид. Оваа манифестација има за цел меѓународна промоција на поетската реч, македонскиот јазик и македонската литература, градот Охрид и Македонија

Нашите сограѓани Лидија Аврамоска, Наташа Наумоска и Јован Миноски од Кичево беа помеѓу наградените во категоријата на Македонски автори на овогодинешната меѓународната поетска манифестација „Охридски Поетски Бисер“.

– За сите дарови Му благодарам на Бога, па и за овој дар, за оваа награда од страна на организаторите на манифестацијата Охридски поетски бисер, во која зедоа учество околу 150 македонски автори, и околу 60 од регионот и од дијаспората, а на која ми беше чест и задоволство да учествувам.

– Затоа тоа што истата испраќа една силна порака до верниот народ за зачувување на вистинските морални вредности на кои новите времиња не само што не може да ги уништат, туку не може воопшто да ги разнишаат. Затоа што нашиот народ е народ со висока свест за човечноста, а таа извира од длабоките корени на традицијата, додека организаторите на оваа традиционална манифестација токму тоа и го прават, ги негуваат тие вредности и го приближуваат народот кон човечноста, а со тоа и кон божественото.

– Им благодарам што и преку наградувањето на стиховите на „Себепознание“ го докажаа тоа со тоа што третото место ни го доделија мене и на мојата колешка Лидија Аврамоска. И преку овој гест се потврдува поговорката дека сѐ што се дели се намалува, само љубовта кога се дели станува уште поголема. А Божествената љубов е токму таква, за нашиот портал додаде г-ѓа Наумоска и ни испрати текст од стиховите на „Себепознание

Ѕирка, довикува
од самиот раб на провалијата
наречена суета.
Понекогаш ни изгледа блиску
заради лажното смирение.
Никако не може
нашето ,,јас” да разбере
дека лажно е сѐ.
Оној ден штом осамне
утрото на вистината,
дека не на дното
ами сме под него разбереме,
тивко ќе нѐ прегрне
бескрајна смиреност,
ќе одекнува силно аплаузот
на едно себепознание,
додека образот на нашето ,,јас”
силно ќе црвенее од срам
поради нашата
правлива безвредност.

– Охридски поетски бисер е манифестација од меѓународен карактер на која имаше поети од Македоноја, Србија, Црна гора и БиХ. Од испратени 160-тина творби од македонски автори беа одбрани 50-тина. Имаше многу убави песни кои секако заалужуваа да бидат наградени, но комисијата одлучи да ми го додели 3-то место на мое огромно задоволство кое го делев со Наташа Наумоска исто така од Кичево и член на литературниот клуб „Китка“. Ова е манифестација има благородна мисија во афирмирањето, пренесувањето и зачувувањето на македонскиот јазик и поезија, не само во Македонија, туку и низ светот, а со тоа и нам да станеме дел од промоторите на пишуваниот поетски, литературен македонски јазик – за порта.мк исто така додава добитничката Аврамоска и ни ја претстави својата творба „Илузија“

Сонот лекува,
но е само пауза во бекството.
Улиците се тмурни
за фантазерите и романтичарите.
Полни се со безнадежност
Среќата е залутана
Каде е патоказот
кон она што се вика дом…
Осамени лица
под испукано небо
во џеб мирисот
на безгрижно детство
и топол леб.
Гужва и галама
на луѓе гладни,
невидливи и ладни
никој, никого на мир не остава,
а никој за никого не се грижи.
Сонцето е се подалеку и поладно.
Сакам да заспијам
и да се разбудам
кај што сонцето ја топли душата..
на некое друго место
и во некое друго време…

Прочитај повеќе...

Култура

Нов трејлер за продолжението Stranger things 4

Објавено пред

на

Фото: ScreenShot Youtube

Пристигна нов трејлер за продолжението на Stranger things 4. Поточно, за преостанатите две епизоди од актуелната четврта сезона, кои ќе бидат достапни на Netflix од 1 јули.

Има многу нови кадри и јасно е дека главните актери ќе се соочат со Вечниот. Елевен како да ќе им помогне, иако прашање е дали е подготвена да се бори.

Секако, песната Running Up That Hill на Кејт Буш и понатаму е главниот мотив.

Прочитај повеќе...

Филм

На „Китино Кале“ во Кичево викендов Кино под отворено небо за сите љубители на филмската проекција

Објавено пред

на

Втор пат годинава, „Европското патувачко кино под отворено небо“ носи нови европски филмови со проекции на отворено за публиката ширум земјата, овој пат во Валандово, Кичево и Штип.

Европското патувачко кино под отворено небо прикажува нови европски филмови, признаени од европската критика и сакани од европската публика, и секоја година овој филмски фестивал патува во три различни града ширум земјата.

Европското патувачко кино под отворено небо, годинава прикажува 6 нови европски долгометражни филмови – повеќето од нив наградувани филмови кои се израз на европската креативност и разноликост и нудат по нешто за сечиј вкус, како и 6 македонски кратки филмови, од кои некои се исто така наградувани на различни филмски фестивали, но и омилени меѓу домашните љубители на филмот.

Годинава, фестивалот започнa во Валандово на 13 и 14 јуни пред Салата „Јанко Узунов“ а потоа продолжува во Кичево на 18 и 19 јуни, на Китино кале.

– Првата вечер на Китино кале во Кичево ќе биде прикажан краткометражниот македонски филм Прашливи цвеќиња и долгометражниот филм Маре кој раскажува за малото семејство на Маре и како таа го води скромното домаќинство, се додека случајна средба не го размрда нејзиното либидо. По проекцијата следува разговор со Марија Димитрова, на тема: Жените во филмот и зголемување на женското учество во филмската продукција.

– Втората вечер ќе биде прикажан краткометражниот македонски филм Новиот почеток и долгометражниот филм Надеж кој раскажува за големото семејство на Ања и Томас, а кога Ања открива дека има терминална фаза на рак нивниот живот се распаѓа и ја разоткрива занемарената љубов. По проекцијата следува разговор со Наташа Дамјаноска, на тема: болест во семејството и начини на справување.

По Валандово на 13 и 14 јуни, и Кичево на 18 и 19 јуни , европското патувачко кино продолжува во Штип на летната сцена во Домот на млади на 24 и 25 јуни.

Проекциите започнуваат во 20.30 и влезот е бесплатен.

* Кичево, Китино кале, 18 – 19 јуни 2022

Сабота, 18 јуни 2022

ПРАШЛИВИ ЦВЕЌИЊА, режија Мирослав Илиќ, 15 мин

Сентиментална жена, која по неколку неуспешни обиди да има свое биолошко дете, принудена е да се откаже од антидепресивната терапија, затоа што ја намалуваат нејзината фертилност.

МАРЕ (MARE), режија Андреа Штака, 84 мин
Рутински, но со посветеност, Маре го води скромното домаќинство на своето мало семејство, иако нова машина за перење не е единственото што недостасува. Кога случајна средба ќе го разгори нејзиното либидо, таа не се воздржува долго.

Разговор со Марија Димитрова, наградувана филмска продуцентка

Тема: Жените во филмот, зголемување на женското учество во филмската индустрија

Модератор: Златко Ѓелески, филмски критичар

Трејлер: ТУКА

Недела, 19 јуни 2022

НОВИОТ ПОЧЕТОК, режија Тања Симоновска, 15 мин
23-годишната Ана по смртта на родителите се сели во Скопје во потрага по нов почеток.

НАДЕЖ (HOPE), режија Марија Содал, 130 мин

Содржина: 43-годишната Ања и 59-годишниот Томас имаат големо семејство биолошки и посвоени деца. Веќе неколку години, тие се имаат отуѓено еден од друг, живеејќи и работејќи во паралелни светови. Кога Ања открива дека има терминална фаза на рак, нивниот живот се распаѓа и ја разоткрива занемарената љубов. Сама со своите тага и стравови, Ања сфаќа дека ѝ е потребна помош и поддршка од Томас. Тоа е нивната единствена шанса. Како инаку нивните деца ќе најдат сила откако таа ќе замине, ако нивните родители не можат заедно да одат низ бурата? Ања и Томас се присилени да најдат решение за меѓусебна доверба, а на крајот заедничка борба, да се справат со неочекуваната и прерана смрт. Но, откако повторно ќе се најдат еден со друг, тие стануваат главни ликови во љубовна приказна и учат вистински да се сакаат по долгиот заеднички живот.

Разговор со Наташа Дамјаноска, претставничка од Институтот за брак, семејство и системска пракса „Алтернатива“

Тема: Болест во семејството и начини на справување

Модератор: Златко Ѓелески, филмски критичар

Трејлер: ТУКА

Featured photo by: Global Engineering Int

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија3 часа

РКЕ денес одлучи цените на горивата да останат непроменети

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло...

Свет3 часа

Хакери украле податоци на милијарда кинески граѓани

Хакерски напади на сите страни. Звучи сензационално, па дури и малку нереално, но тоа е токму реалноста. Само неколку дена...

Гејминг3 часа

Diablo Immortal сè уште заработува повеќе од милион долари дневно

Досега дури и птиците на гранката знаат дека обожавателите на Diablo воопшто не се задоволни кога станува збор за играта...

Кичево4 часа

Викенд програма @Република 96250

Петок (08/07/2022) во Клуб Република 96250 уживајте во електронските звуци предводени од „Andreja Salpe“ со почеток во 21:00 часот. „The...

Магазин4 часа

TikTok се откажува од своите планови

Додека TikTok изгледа како незапирлива машина за забава, барем еден дел од понудата на компанијата не работи како што се...

Магазин4 часа

PayPal ги прекинува бесплатните Friends & Family плаќања за деловни сметки

PayPal одлучи да ја ограничи функцијата што им овозможува на корисниците да добиваат пари без да плаќаат дополнителни провизии. Од...

Автомобили4 часа

Автомобилите на Tesla конечно се подготвени за македонските патишта, ја добија опцијата за откривање дупки

Компанијата Tesla започна со испорачување на нова софтверска надградба која, барем теоретски, би можела значително да го подобри квалитетот и...

Хроника4 часа

Во близина на авто-камп Струга во охридско езеро, било забележано удавено лице

Вчера на ден 05.07.2022 во 14.50 часот во СВР Охрид  пријавено е дека на плажа во близина на авто-камп кај...

На денешен ден17 часа

6 јули – На денешен ден

1415.- Чешкиот реформатор Јан Хус бил запален како еретик на клада во Констанца за неговото теолошко-полемичко дело „За црквата“. Бил...

Хороскоп18 часа

Денешен Хороскоп (6 јули) – среда

Овен Неискреноста во вашата околина станува неподнослива. Не ја префрлајте вината на другите луѓе бидејќи тие ве лажат само онолку...

НАЈЧИТАНИ