Скопје
Во понеделник во Скопје посебен режим на сообраќај
СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека на 07.10.2024 (понеделник) поради официјална посета на претседателот на Владата на Република Србија, Милош Вучевиќ, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
Скопје
Приведен крадец на електричен тротинет во Скопје, одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот
На 16.11.2024 во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б.(31) од Скопје поради сомнение дека на 09.11.2024 во трговски центар на подрачјето на Чаир одзел електричен тротинет, сопственост на И.Ш. од Скопје. Со него бил извршен службен разговор во полициска станица, при што го признал делото.
Тротинетот бил одземен и вратен на сопственикот и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, истакнаа од МВР.
Скопје
Такси возач од Косово бил физички нападнат на Меѓународниот аеродром во Скопје
На 16.11.2024 во 19.30 часот во СВР Скопје, Ф.С.(34) од Косово пријавил дека околу 18.30 часот пред зградата на Меѓународен Аеродром Скопје во своето такси возило со косовски национални ознаки бил физички нападнат од едно лице.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, известуваат од МВР.
Скопје
СВР Скопје расчисти два напади со нож во Скопје во кои беа повредени двајца малолетници
На 15.11.2024, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од с.Ласкарци, скопско. Тој се сомничи дека на 28.10.2024 на автобуска постојка кај трговски центар на подрачјето на Карпош со нож нападнал и повредил малолетник од Скопје и дека на 13.11.2024, исто така, на автобуска постојка на подрачјето на Карпош со нож нападнал и повредил друг малолетник од Скопје.
Со него бил извршен службен разговор во полициска станица и по консултација со јавен обвинител, поднесена му е кривична пријава по итна постапка по член 386 од Кривичниот законик.
Судија на претходна постапка на малолетникот му изрече мерка притвор во траење од 30 дена, по што бил пренесен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката, велат од СВР Скопје
-
Кичево15 часа
Пополнета рубрика 2024: „Зошто вредиТ да си од Кичево“ – некои натписи сигурно за прв пат ќе ги прочитате
-
Временска прогноза2 дена
Според Европскиот центар за среднорочна прогноза во сабота го очекуваме првиот снег во Македонија и на Балканот, ова се последните информации..
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (19 ноември)
-
Хороскоп13 часа
Хороскоп за среда (20 ноември)
-
На денешен ден1 ден
На денешен ден – 19 ноември
-
Здравје и убавина1 ден
Овој е можеби единствениот напиток за отстранување на непријатната миризба од устата
-
Автомобили20 часа
Во оваа земја е забрането да се управува автомобил во зимска јакна, причината е едноставна..
-
Автомобили1 ден
Volkswagen останува без шефот за инвестиции