Кичево
Во пресрет нa празникот „Цветници“, по повод „Лазарева Сабота“ во Кичево ќе се одржи свечена Литија со песни и химни за „Лазаревото Воскресение“
Почитувана јавност, преку нашиот медиум во поддршка на хорот „Митрополит Козма Пречистански“ Ве покануваме, на денот кога си спомнуваме за Лазаревото Воскресение како наговестител на општото наше и на Христовото Воскресение, во градот Кичево, заедно да возобновиме една древна традиција на радост заради воскресението на Лазар и нетрпеливо очекување на Христовото Воскресение, свечено носејќи врбови гранчиња испратени со традиционални пенија, т.н. каланди.
Свечената Литија ќе започне од градскиот плоштад, и ќе се движи преку Булеварот „Ослободување“, до храмот на светите апостоли Петар и Павле, проследена од псалти, музичари на традиционални музички инструменти и верниот народ.
Го покануваме целиот народ да земе учество во обновувањето на една ваква голема и значајна традиција на нашите простори, за благослов и добробитие на нашиот град и нашата Татковина.
Датум: 08.04.2023г.
Почеток: 10:30 часот, на градскиот плоштад во Кичево.
Ве очекуваме низ дружба и песна да го прославиме овој серадосен настан!
Вака изгледаше ланскиот настан:
Кичево
Вчера во кичевското с.Староец затекнат бил крушевчанец на криволов
На 24.10.2025 околу 23:00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода А.З.(60) од Крушево.
Претходно, во атарот на кичевското село Староец, ловочувар од ловечко здружение „Елен“ од Кичево го затекнал А.З. при незаконит лов и додека пукал кон диво животно од пушка „Маузер“, калибар 7,9 милиметри.
По насоки на јавен обвинител, одземена му е пушката и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 228 од кривичниот законик – „незаконит лов“, за медиумите информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развој, да бидеме хумани!
Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развојот „Надеж“. Предводник на оваа манифестација, заедно со здружението е Алексо Тришоски.
Музичкиот настан е закажан со почеток од 18:00ч (сабота) 25.10.2025 г, додека влезница за овој настан ќе чини симболични 100 денари.
Бидете дел, да бидеме хумани, да помогнеме!

Кичево
(ВИДЕО) Погледнете како „везат“ нашите момчиња од „ФК Кичево“, на престижниот меѓународен турнир „Eurosport Cup“, против своите врснити од „CSKA“
Нашите млади таленти со ново искуство, неодамна на меѓународниот турнир „Eurosport Cup“ во Куманово забележаа успешно учество со генерацијата 2014/15, каде покажаа карактер, тимски дух и огромен напредок! Одигравме одлични натпревари исполнети со борбеност, желба и квалитетна игра.
Голема чест и задоволство е да се претставува нашата академија на ваков силен турнир. Продолжуваме со уште повеќе работа, ентузијазам и посветеност!
Во продолжение ТУКА ви ги претставуваме најдобрите моменти, благодарение на „Talnets“, „M-Net“, „CSKA“
-
Кичево1 денВчера во кичевското с.Староец затекнат бил крушевчанец на криволов
-
Хороскоп2 денаХороскоп за сабота (25 октомври)
-
Хороскоп21 часХороскоп за недела (26 октомври)
-
Спорт23 часаФК Напредок со победа и едноминутно молчење оддаде почит кон легендата Зоран Ѓорѓиоски-Мрско
-
Македонија2 денаВисоки претставници на МВР денес беа во работна посета на ГП Блато и ОВР Дебар
-
Временска прогноза1 денОд утре доаѓа бура од дождови во западниот регион од Македонија
-
Култура10 часаУтре е голем празник, се слави Св.Петка, за многу години „Петковден“ – честита домашна слава на сите кои чекаат гости вечерва и утре
-
Магазин1 денВидео и аудио платформата „Јутјуб“ постави нов рекорд во исплати за нивните креатори
