Скопје
Во Скопје утре посебен сообраќаен режим во следниве реони поради „ИТ трка“

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 25.09.2022 (недела), со почеток во 09.00 часот, во организација на Здружението на граѓани СОС Детско село, ќе се одржи хуманитарна ИТ трка.
Трасата на движење се протега на дел од велосипедската патека на кејот на реката Вардар, почнувајќи од мостот на Вардар на бул.„8 Септември“, во близина на хотелот „Александар Палас“, па сѐ до мостот на Вардар на бул.„Киро Глигоров“, во близина на хотел „Хилтон“.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.
Скопје
(ВИДЕО) Снимка од подметнувањето на пожарот во Пинтија, каде ние човечноста?!

Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, објави видео-снимка на која се гледа моментот кога е подметнат пожарот во сервисот за автомобили во населбата Пинтија, кој утрово целосно изгоре. На материјалот јасно се забележува човек со качулка како прескокнува ограда, истура гориво врз паркирани возила и предизвикува силна експлозија, по што пламените за кратко време го зафаќаат целиот објект.
Пожарот избувнал нешто пред четири часот наутро, во близина на Стаклара, на местото познато како Каменик. Поради големата количина на возила и запаливи материи во сервисот, огнот се проширил со огромна брзина. Скопската Противпожарна бригада интервенирала со осум возила и успеала да ја стави ситуацијата под контрола до шест часот.
Дирекцијата за заштита и спасување потврди дека, иако нема повредени лица, материјалната штета е сериозна и се проценува на значителна вредност.
Објавувањето на видеото отвора нов правец во истрагата, бидејќи станува јасно дека пожарот не е случаен, туку намерно предизвикан. Полицијата интензивно работи на откривање на идентитетот на осомничениот што се гледа на снимката.
Скопје
(ВИДЕО) Уништени над 4 тони и 18 илјади стебла марихуана и повеќе од 21 килограми друга дрога

Денеска во присуство на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и раководството на МВР, Агенцијата за управување со одземен имот, Државната комисија за уништување на наркотични дроги и Националната комисија за мало и лесно оружје, во електропечката на Макстил – Скопје со палење беа уништени голема количина на дрога и оружје.
– „Денеска уништуваме над четири тони марихуана. осумнаесет илјади стебла на марихуана, над 79 килограми цвет од марихуана и над 21 килограми други видови дрога како амфетамини, хероин, кокаин и други видови дрога. Исто така уништуваме над стотина парчиња оружје и над 1000 парчиња чаури и други компоненти од оружје. Сакаме да упатиме јасна порака до сите дека дрогата и нелегалното оружје немаат иднина во Македонија. Со секој еден уништен грам дрога или парче оружје, безбедноста на граѓаните се крева на повисоко ниво и во иднина очекуваме уништување на уште поголеми количини.“, потенцираше министерот Тошковски.
Министерот Тошковски пренесе порака до граѓаните кои во изминатиот период беа сведоци на делувањето на криминалните банди како во Скопје така и други региони можеа да се уверaт дека со нивното разбивање и заплената на големи количини оружје и дрога полицијата решително ја спречува нелегалната трговија, а запленетите количества ефикасно и безбедно ќе бидат уништувани.
Скопје
СВР Скопје: Кривична пријава против двајца скопјани, одгледувале канабис во нивните дворови

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Б.А.(42) и Б.А.(40), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”.
Во периодот од 2020 до 2025 година, пријавените набавувале семки од растението канабис и во дворовите од нивните куќи во с.Огњанци, скопско, одгледувале стебла, кои ги береле, сушеле, а потоа ги пакувале во зипер ќеси и ги продавале на уживатели на подрачјето на град Скопје по цена од 500 денари за една зипер ќеса.
На 06.09.2025, со судска наредба, полициски службеници извршија претреси во домовите на пријавените. Притоа, во домот и дворот на Б.А.(42) се пронајдени и одземени марихуана и осум стебла од растениетѕо канабис. Додека, во домот и дворот на Б.А.(40) се пронајдени и одземени марихуана, амфетамин, дробилка и четири стебла од растението канабис, известуваат од МВР.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (16 септември)
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за среда (17 септември)
-
Скопје2 дена
(ВИДЕО) Снимка од подметнувањето на пожарот во Пинтија, каде ние човечноста?!
-
Македонија1 ден
Министерството за одбрана, петта година по ред ги задржа максималните 100 % активна транспарентност и е практично најтранспарентна институција во државата
-
Музика14 часа
Училиштето за Црковна музика „Митрополит Козма Пречистански“ во петок и сабота преку „аудиција“ врши упис на нови членови за источно пеење
-
Временска прогноза2 дена
По ладни утра проследени со ладен воздух од северен правец
-
Свет2 дена
„Google“ со сериозна инвестиција на центри за податоци и вештачка интелигенција во Велика Британија
-
Македонија1 ден
„СОЗР“ стави крај на злоупотребите на службените возила и зголемување на транспарентноста од денес граѓаните можат да пријавуваат случаи на незаконита употреба на службени возила