Скопје
МВР приведе жена од Скопје, бидејќи истата ги принудувала своите малолетни деца да питачат

На 27.09.2022 во 17.30 часот на подрачјето на Аеродром-Скопје, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево ја лишиле од слобода Л.С.(46) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на малолетно лице“ по член 201 од Кривичниот законик. Претходно, истиот ден, на крстосницата од бул.„Србија“ со бул.„Јане Сандански“ биле затекнати нејзините две малолетни деца како питачат.
Претставници на Центар за социјални работи извршиле службен разговор со малолетниците, а исто така и со неа бил извршен службен разговор во полициска станица, во кој таа во целост го појасни начинот на извршувањето на делото.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.
Извор: МВР / Дневен билтен за медиуми
Скопје
Во Скопје посебен режим на сообраќај за утре и задутре

СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 30.06.2025 (понеделник) и 01.07.2025 (вторник) поради одржување на средба на лидерите од Западен Балкан, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Скопје
Во училиште на подрачјето на населба Ѓорче Петров, жена со стол фрлила по вработена во училиштето, МВР го расчистува случајот

На 17.06.2025 во 08.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во просторија од основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, Н.С.(43) од Скопје со стол кој го фрлила наназад ја удрила Г.Н.(45) од Скопје-вработена во училиштето.
Се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР.
Скопје
МВР: Расчистен вчерашниот инцидент во Чаир, поднесена кривична пријава против едно лице

По преземени мерки и активности, СВР Скопје – Единицата за насилен криминал, до ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава по итна постапка по член 131 од Кривичниот законик против лицето Ф.С.(18) од Скопје.
Имено, на 17.06.2025 околу 19.50 часот на ул. ,,Цветан Димов” во Скопје, по кратка расправија во сообраќајот, настанала физичка пресметка помеѓу лицата Ф.С. и Р.С.(56) од една страна и 14-годишник од Скопје од друга страна, при што биле употребени остри предмети.
Во пресметката со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот и Р.С., додека Ф.С. се здобил со телесни повреди. Ф.С. бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му изрекол мерка на претпазливост – времено одземање на патната исправа, вели МВР.
-
Македонија1 ден
МВР истакна важна информација која стартува од утре 1 јули
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (1 јули)
-
Магазин2 дена
Вечерва започнува првиот фитнес подкаст во Македонија за сите љубители на здравиот живот заедно со „Adastra“ и Дејан Пауновски „Pakigram“
-
Македонија12 часа
(ФОТО) СВР Охрид и „РЦ Запад“ подготвени за туристичката сезона и безбедноста на граѓаните и туристите
-
Македонија2 дена
Од ноќеска цената на нафтените деривати се намалува, ова е новата цена
-
Хороскоп7 часа
Хороскоп за среда (2 јули)
-
Македонија2 дена
СВР Охрид изнесе детали за запалениот глисер, бил приватна сопственост
-
Магазин8 часа
(ВИДЕО) Хитот од Спасен Сиљаноски „Ќе ти дојдам вечер“ популарна и помеѓу најмладите генерации