Следете не

Балкан

Во Србија денес регистрирани 3,484 нови случаи на Коронавирус од 14,699 тестирани, починале 59 пациенти..

Објавено пред

на

Од последниот пресек на состојбата во Србија, тестирани се 14.699 лица за коронавирус, од кои 3.484 се позитивни. На респиратор се регистрирани 274 пациенти, додека според официјалните податоци, уште 59 лица починале во последните 24 часа како последица на коронавирусот во Србија, со што вкупниот број на жртви е 10.781, објавено е на веб-страницата на Министерството за здравство Covid19.rs. 

Вкупно 6.509 лица се хоспитализирани.

Од почетокот на епидемијата, во Србија официјално се потврдени 1.208.386 случаи на заразени.

Стапката на смртност е 0,89 отсто.

Денес до 15 часот на 13 ноември 2021 година во Србија биле тестирани вкупно 6.557.604 лица кои ги исполнувале критериумите за утврдување на случај

Балкан

Авион од типот „AT-802“ попладнево се срушил во близина на Сењ, Хрватска

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ krisna azie

Турскиот авион „Ер Трактор“ се урна попладнево во близина на Сењ, објавија хрватските медиуми, додавајќи дека е пронајдено телото на пилотот. Според информациите на Управата за цивилна заштита, авионот од типот „AT-802“ се срушил додека извршувал кружен лет на релација Риека–Загреб.

Хрватската контрола на летање во 16:53 часот пријавила дека авионот исчезнал од радар, а во 17:11 часот бил добиен извештај за падот и избувнатиот пожар.

Првичните податоци укажуваат дека леталото се урнало во областа Криви Пут. На местото на несреќата веднаш пристигнале полициски екипи, пожарникари и служби за итна медицинска помош.

Пожарникарите од градот Сењ успеале да го пронајдат авионот.

– „Откако го лоцираа леталото што се урна во подрачјето Криви Пут, пожарникарите го изгаснаа запалениот авион и го обезбедија местото на несреќата“, соопшти Хрватската противпожарна служба.

Од Министерството за одбрана на Хрватска потврдија дека не станува збор за авион или екипаж на хрватските воздухопловни сили, демантирајќи ги шпекулациите кои се појавија во некои медиуми.

Извор: sputnikportal.rs

Прочитај повеќе...

Балкан

Црвена Ѕвезда во Белград убедливо го совлада грчки Панатинаикос во рамки на 9-то коло во Евролига

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com / Инстаграм reel

Црвена Ѕвезда синоќа во Белград извојува убедлива победа над Панатинаикос со резултат 86:68, во рамките на 9. коло од кошаркарската Евролига. Најистакнати поединци кај домаќините беа Милер-Мекинтајр и Монеке, кои постигнаа по 14 поени, додека кај гостинскиот состав најдобар беше Слукас со 16 поени.

Со овој триумф, „црвено-белите“ ја продолжија својата победничка серија на седум натпревари и се искачија на првото место на табелата со учинок 7 победи и 2 порази.

Тимот на Панатинаикос моментално се наоѓа на осмата позиција со биланс 5-4.

Карактеристично е што после мечот, во прес салата тренерот одговараше на прашања од новинарите, каде извесен Гоце од Кичево, кој барем така се претстави, праша според „присутните“ нелогично прашање, со што ги збуни присутните и тренерот, па побараа следно прашање.

Проследете го моментот ТУКА. Евидентно е дека се работи за монтирано видео/пародија, останува да видиме. Некои во коментарите пишуваат дека според гласот тоа бил извесен новинар Горан, а со помош на модерни алатки гласот да е модериран дека станува збор за Гоце од Кичево.

Извор: off.net.mk

Прочитај повеќе...

Балкан

Уште три пациенти повредени во пожарот од Кочани пренесени на „Клиничкиот центар“ во Ниш на пластична и реконструктивна хирургија

Објавено пред

на

Уште тројца пациенти повредени во пожарот што се случи на 16 март во Кочани биле донесени вчера однесени во Универзитетскиот клинички центар Ниш. Двајца мажи и една жена се префрлени од УКЦС во УКЦ Ниш и лекувањето ќе го продолжат на Одделот на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија.

– „Вкупно шест повредени во овој трагичен настан во моментов се хоспитализирани во Клиничкиот центар Ниш. Четворица мажи и една жена се на одделението на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, додека еден пациент се уште е на одделението за интензивна нега на Клиниката за анестезија и интензивна терапија“, соопштија од Клиничкиот центар во Ниш.

Сите оперативни мерки и напори на медицинскиот персонал се насочени кон опоравување на повредените, се вели во изворот.

Им посакуваме побрзо закрепнување!

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Технологија8 минути

„Sony“ го лансира најновиот супер моќен продукт „Sony A7 V“, опремен со нов сензор и „partial stacked“ архитектура

На пазарот излегува супер моќниот „Sony a7 V“, кој претставува напреден хибриден фотоапарат насочен кон ентузијасти и полупрофесионалци, опремен со...

Хороскоп11 часа

Хороскоп за среда (3 декември)

ОВЕН Ќе се почувствувате благодарни што ќе успеете да му помогнете некому во некој голем проблем. Оваа личност можа да...

Македонија12 часа

Тргнати блокадите на граничен премин „Евзони“ за влез и излез кон Грција

АМСМ предмалку соопшти дека од 21:00 ч. блокадите на ГП Евзони, за влез и излез кон Р.Грција се отстранети. Сообраќајот...

Македонија16 часа

РЦ „Запад“ и СВР Охрид на охридскиот аеродром учествуваа на симулирана показна вежба „Воздухоплов со запален мотор на полетување“

Денеска, полициски службеници од СВР Охрид и граничната полиција Регионален центар „Запад“, учествуваа на симулирана показна вежба „ Воздухоплов со...

Магазин20 часа

(ВИДЕО) „Not Gonna Run Away“ е третиот дел од „Marbled In Stone“, наше кичевско, а светско!

„Marbled In Stone“ вчера официјално го претстави третото и завршно продолжение од „Men Of Silver Soul“ истакнато како „Not Gonna...

Македонија20 часа

МВР: До 2030 преполовување на жртвите во сообраќајот, до 2050 – нула жртви

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на првата Национална конференција „Безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа“, што...

Кичево21 час

„Canvas Print Media“ Кичево: Слики на Платно и Фото хартија, премиум Fine Art печатење со материјали од светски брендови и бесплатна достава во Кичево

Како современа и професионална компанија која поставува сосема нов стандард во печатењето на фотографии, „Canvas Print Media“ го нуди најквалитетното...

Временска прогноза21 час

Од утре до сабота повторно врнежи од дожд во Македонија

Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот и на серија на влажни воздушни бранови од утре (среда 3...

Македонија23 часа

ДЕМАНТ: Внимание за злоупотреба на името на Бигорскиот манастир за продажба на лажни лекови

Бигорскиот манастир истакна соопштение и демант за злоупотребата на името на Бигорскиот манастир за продажба на лажни лекови. Се чувствуваме...

Кичево1 ден

(ФОТО) Конечно „ATVA Residence Hotel & Spa“ официјално отворен, уникатен модерен хотелски комплекс, уреден според највисоки светски стандарди

Вчера, со свечен настан исполнет со емоции и големна гордост, беше означен официјалниот старт на гламурозниот „Atva Residence Hotel &...

НАЈЧИТАНИ