Култура
Во среда сите патишта водат кон кичевскиот манастир Св.Богородица – Пречиста

Возлубени читатели, и поклоници на нашата света обител, по повод големиот празник на Богомајката-Нејзиното Рождество, нашата света обител серадосно се подготвува преку торжествено богослужение да ја пресретне Мајката на животот, чија што помош и молитви како свештен омофор низ вековите го закрилува нашето древно светилиште. И ете, повторно срцата наши ги преклонуваме кон Неа, просејќи го најважното за нас нејзините недостојни слугинки, да не удостои остатокот од нашиот живот да го поминеме неуморно трудејќи се во послушанието кон својот Старец како и напредување во добродетелите во нејзината Пречистанска градина.
Со голема чест ве покануваме молитвено да присуствувате на свечената Вечерна богослужба, на која ќе претстои нашиот монахољубив пастир Неговото Високопреосвештенство г. Тимотеј во сослужение со нашиот Старец -Неговото Преосвештенство, Епископот Антаниски г. Партениј и многуброен клир на јеромонаси и свештенослужители на Дебарско-Кичевската Обител и околните епархии.
На наша голема радост како и за радост на целата небесна црква, во навечерието на 20 септември (среда), на празничната вечерна Богослужба која ќе започне во 18:30 часот нашиот надлежен Архипастир неговото Високопреосвештенство митрополитот г.Тимотеј ќе ги положи своите раце и ќе благослови со монашки потстриг една искушеничка од нашето сестринство, присоединувајќи ја кон рамноангелен живот.
Следниот ден, богослужението ќе започне во 07:30 часот со Утрена богослужба, а ќе продолжи со свечена Архиерејска Богослужба со почеток во 09:00 часот.
„Овој ден е Господов“, вели црковниот поет, и затоа „луѓе, радувајте се, зашто палатата на Светлината и книгата на словото на животот од утробата произлезе“. Раѓањето на Пресвета Богородица од престарените Јоаким и Ана, е објавување на радоста на целиот свет, бидејќи неплодноста на нашата природа се разрешува, зашто неплодната станува мајка на Онаа, Која и по раѓањето на Животодавецот останува Девојка.
Култура
Денеска е Крстовден, од народните верувања се вели дека денот и ноќта се крстосуваат, а температурата почнува да паѓа

Во народните верувања, на денот кој се нарекува Крстовден, се смета дека сите молитви ќе се остварат.
На Крстовден се прави аџилак пред Светиот крст. По страдањата и распнувањето на Спасителот крстот станува жртвен знак на спасението и откуп на гревот. Крстот отелотворува жртвенa љубов, победата над злото, припадноста кон христијанството.
Според народните верувања од Крстовден почнува есента. Се вели дека денот и ноќта се крстосуваат, а температурата почнува да се намалува.
Од Крстовден почнува гроздоберот, а првото откинато грозје мора да се однесе во црквата, за да се освети. Почнува и сеидбата на зимските житни култури.
На Крстовден највозрасните жени во домот е потребно да испечат специјален обреден леб, украсен со голем крст на средината. Лебот се раздава, кога целото семејство е на масата и се вели Крстец крст да боли мене, крст да не боли. Се смета дека со овие зборови луѓето се штитат од болки во грбот за време на работа.
На Крстовден се почитува и строг пост – не треба да се јаде ништо црвено како пиперки, домати, ’родокви, црвени јаболка и друго. На трпезата освен обреден леб задолжително треба да присуствува печена тиква и грозје. Во народните верувања се вели дека сите молитви ќе бидат слушнати на овој ден.
Се проценува дека во ноќта спроти Крстовден, Господ слегува на земјата и ја исполнува секоја посакана желба. Ова верување има најголема сила во Крстови Гора.
Култура
(ФОТО) Нашиот заштитник Манастир „Св.Богородица – Пречиста“ по повод празникот „Рождество на Мајката Божја“ беше посетен од голем број верници

Започнувајќи со традиционалната празнична богослужба, кичевскиот манастир „Св.Богородица – Пречиста“ и оваа слава беше посетен од голем број на верници на патрон празникот на Рождество на Мајката Божја.
Исто така недела ден беше посебен затоа што Манастирскиот кум Цане Ѓорѓијоски послужи манастирски ручек и изврши примопредавање на кумството на новиот кум, г-дин Димитрија Крпачоски.
Во прилог мал дел фотографии кои ги одбележаа овие празнични денови:
Култура
За многу години Рождество на Пресвета Богородица

Денес се одбележува Раѓањето на Пресвета Богородица – празник познат како Мала Богородица, кој припаѓа на редот на големите празници во црковната година.
Според преданието, Светата Дева Марија била родена од Јоаким и Ана, праведни и побожни луѓе од Назарет. Иако долго време немале пород, по повеќе од педесет години брак, Господ им ја подарил ќерката Марија – благослов кој се смета за плод на нивната вера и добродетелност.
Култот кон Богородица е длабоко вкоренет во духовноста на македонскиот народ. Многу храмови низ земјата се посветени токму на неа, а бројни преданија зборуваат за чудотворни икони со нејзиниот лик. Народната традиција го поврзува овој ден со обичаи што симболично го величаат животот и новото раѓање.
Се верува дека Богородица е заштитничка на мајките и породилките, па жените што очекуваат потомство ѝ се обраќаат со молитви за лесно раѓање, а таа им пружа утеха и на оние што немаат деца.
Веднаш по овој празник, на 22 септември, Црквата го чествува споменот на светите Јоаким и Ана – родителите на Пресветата Богородица.
-
Хроника2 дена
Вчера утро на магистралниот пат Кичево-Охрид се случила трагична сообраќајка каде животот го загуби младо момче од кичевско
-
Кичево4 часа
Кичевските бербери на состанок одлучија да ги поскапат нивните услуги
-
Кичево2 дена
Денес се одбележува 82 години од најкрвавата битка кај с.Кленоец кичевско, додека на денешен ден загинал и Јосиф Јосифовски-Свештарот
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (7 октомври)
-
Македонија1 ден
Од вечерва горивата со намалена цена за литар
-
Македонија18 часа
Целосно затворен патен правец Велес-Тетово помеѓу Волково и Кондово, истиот ќе се одвива двонасочно поради градежни работи
-
Хроника12 часа
По долга и тешка болест почина познатиот пејач – Халид Бешлиќ
-
Хороскоп3 часа
Хороскоп за среда (8 октомври)