Македонија
Во среда времен застој на ГП “Делчево” поради градежни работи

Регионалниот центар за гранични работи „Исток“ ја информира јавноста дека задутре (06.08.) ГП и ГН „Делчево“, односно од бугарска страна ГКПП „Станке Лисичково“ целосно ќе бидат затворени за секаков сообраќај во периодот од 08:00 до 14:00 часот.
Причина за тоа, според официјалното известување добиено од бугарските гранични полициски служби, се градежните работи на патната делница кај ГКПП „Станке Лисичково“.
По завршувањето на работите сообраќајот и функционирањето на граничните премини ќе продолжи непречено да се одвива, информира МВР.
Македонија
Во Куманово по пожар на сува трева, се зафатил плац со паркирани возила, камиони и автобуси

На 23.08.2025 во 23.51 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Народна Револуција“ во Куманово настанал пожар на сува трева, по што бил зафатен и плац, сопственост на Б.Р., каде што биле опожарени патничко возило „Форд мондео“, патничко возило „Сеат кордоба“, автобус „Санос“, мини бус „Ивеко“, товарно возило „Застава“, автобус „ТАМ“, товарно возило „Пежо“ и приколка за возил, сите сопственост на неколку приватни фирми, а кои претходно биле паркирани на плацот.
Од екипа на Територијалната противпожарна едница Куманово пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема, известува МВР.
Македонија
Добра вест: До моментов само 3 активни пожари, состојбата со пожарите се смирува

На ден 24.08.2025 година, до 12:00 часот, на територијата на Македонија има вкупно 3 пожари на отворен простор, од кои 1 е активен, 1 е под контрола и 1 е изгаснат, известуваат од ЦУК.
АКТИВНИ: 1
1. Општина Василево: с. Пиперово (сува трева)
ПОД КОНТРОЛА: 1
1. Општина Македонски Брод: Повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума)
ИЗГАСНАТИ: 1
1. Општина Куманово: ул. 60, до железничка станица (сува трева)
Македонија
Времен прекин на сообраќај утре и задутре поради меѓународниот ФИС ролер-ски натпревар „Тодор Проески“

Од АМСМ информираат дека на 23 и 24 август 2025 година, во периодот од 09:00 до 12:00 часот, на регионалниот пат Р-1306 Кривогаштани – Прилеп, поради одржување на меѓународниот ФИС ролер-ски натпревар „Тодор Проески“, сообраќајот ќе биде во прекин.
Сообраќајот ќе се пренасочува по алтернативни патишта.
-
Кичево1 ден
Кичево: Најавени градежни работи кон месност Крушино, за тоа време ќе има времен прекин на сообраќај
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (23 август)
-
Хороскоп24 часа
Хороскоп за недела (24 август)
-
Временска прогноза1 ден
Попоски со нова метео анализа, септември надпросечно топол
-
Хроника1 ден
Уште една трагедија на македонските патишта, загина украинец пешак, го удрил жител на Косово од Германија
-
Lifestyle1 ден
Како да ја направите вашата орхидеја да расцвета: 4 корисни совети
-
Спорт1 ден
Роналдо стана единствен фудбалер во историјата кој постигнал најмалку 100 голови во четири различни клубови
-
Гејминг1 ден
Fortnite повторно достапен на iOS во Австралија