Свет
(ВО ЖИВО) Почна судењето за Новак Ѓоковиќ, тој ќе се обрати пред тричлениот совет од кабинетот каде што престојува

Судењето на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ почна во 23 часот и 30 минути, откако тој од привремен притвор беше префрлен во канцеларијата каде што се адвокатите на српскиот тенисер.
Српскиот тенисер ќе се обрати пред тричлениот совет од кабинетот каде што е префрлен.
Главниот судија Џејмс Алсоп даде воведен говор, објаснувајќи зошто суди комисија од судии, а не само еден. Тој посочи дека „ова е важен случај, доволен за целосен суд“.
Беше неопходно веднаш да се оди на највисоко ниво, бидејќи Австралија Опен е блиску“, изјави Алсоп.
Како што наведе, се треба да се знае до ручек. Се разбира, според австралиско време, што значи дека има големи шанси конечната пресуда да биде донесена преку ноќ во Србија. Сепак, судијата додаде дека нема временско ограничување.
Следете во живо:
Свет
Најголемото парче од планетата Марс на Земјата продадено преку аукција за рекордни 5,3 милиони долари!

Најголемиот досега познат марсовски метеорит што стигнал до Земјата е продаден на аукција во Њујорк за импресивни 5,3 милиони долари. Оваа вонземска карпа, тешка 25 килограми, била откриена минатата година во пустината Сахара во Нигер. Научниците сметаат дека парчето било исфрлено од Марс по силен удар со астероид.
Метеоритот, означен како NWA 16788, е околу 70% поголем од кој било друг познат метеорит од Марс. Неговите димензии изнесуваат приближно 38 x 28 x 15 сантиметри, а пред да биде продаден, бил изложен во Италијанската вселенска агенција во Рим.
Иако почетната проценка на вредноста се движела помеѓу 2 и 4 милиони долари, интересот кај купувачите нагло пораснал, па по неколку понуди, цената достигнала 5,3 милиони долари. Името на купувачот останува непознато.
На Земјата постојат помалку од 400 потврдени примероци од Марс, а овој метеорит самостојно претставува околу 7% од вкупниот познат марсовски материјал. Ваквите примероци се од огромна научна и културна вредност и служат како потсетник за поврзаноста на нашата планета со останатите небески тела – дури и кога тие доаѓаат од 225 милиони километри далечина.
Извор: kosmickiglasnik.rs
Свет
Маск: „SpaceX“ нема да го повлече својот вселенски брод „Dragon“

Илон Маск објави дека неговата ракетна компанија SpaceX нема да го повлече својот вселенски брод „Драгон“. Иако само неколку часа претходно тој изјави спротивното, дека авионот ќе биде повлечен од оперативна употреба.
Оваа ненадејна промена на ставот доаѓа во време на ескалација на јавниот конфликт меѓу Маск и претседателот на САД, Доналд Трамп. Конфликтот се засили во последните денови со размена на остри коментари на социјалните мрежи и изјави во медиумите.
Маск не ги објасни детално причините поради кои одлучил да ја промени претходната одлука. Сепак, постојат шпекулации од кругови блиски до компанијата дека моменталната политичка ситуација и потенцијалното влијание врз договорите со американската влада би можеле да играат клучна улога.
Вселенскиот брод „Драгон“, кој се користи за транспорт на товар и астронаути до Меѓународната вселенска станица, останува дел од вселенската програма на „Спејс Екс“.
Извор: phys.org
Свет
Ноќеска во Грција регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала

Во раните утрински часови, во 3:06 по локално време, во областа на Коринтскиот Залив во Грција бил забележан земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, информира Атинскиот геодинамички институт.
Според информациите од институтот, епицентарот се наоѓал на 13 километри југоисточно од градот Галаксиди, а потресот бил на длабочина од 13,5 километри.
Коринтскиот Залив е познат како подрачје со висока сеизмичка активност, каде често се случуваат земјотреси, пишува „Катимерини“.
On 2025-05-27, at 00:06:31 (UTC), there was an earthquake around 13 km S of Antikyra, Greece. The depth of the hypocenter is about 10.0km, and the magnitude of the earthquake is estimated to be about 5.0.https://t.co/hFZ2S358qV pic.twitter.com/9qHxtoNxGu
— World EQ Locator (@WorldEQLocator) May 27, 2025
-
Кичево18 часа
(ФОТО) Предмалку во кичевско спречен нов поголем пожар на стрниште и сува трева кој поради ветерот стигнал речиси до куќите
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (30 јули)
-
Хороскоп13 часа
Хороскоп за четврток (31 јули)
-
Спорт19 часа
Германската Бундеслига воведува камери на судиите и јавни објаснувања за „VAR“
-
Кичево28 минути
Ќе имаме по свежо време, но во Кичево вечерва епицентарот ќе биде на градскиот плоштад!