Временска прогноза
Вонредно: Следниот период рекордни температури дури до 47 степени – во соседна Грција дури до речиси 50 степени (под сенка)!
![](https://porta.mk/wp-content/uploads/2021/07/sonce2-portamk-scaled.jpg)
Опасниот топлотен Африкански бран во Македонија и во регионот ќе се задржи најмалку уште дестина денови и ќе донесе уште повисоки температури на воздухот, како и екстремно висок Ув индекс со вредност (10). Токму поради ова на граѓаните и понатаму им препорачуваме да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот), но и да пијат што повеќе течности.
Времето и понатаму ќе биде претежно сончево и стабилно без врнежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, ветерот повремено ќе засилува на интензитет.
Температурите и во текот на следната седмица во најголем дел од Македонија ќе надминуваат 35 степени, додека понекаде и тоа особено во централните и во југоисточните предели тие ќе надминуваат и 40 степени. Барем според сегашните достапни метео анализи, не се исклучува можноста кон крајот на следната седмица температурите во најтоплите предели од Македонија да надминат и 45 степени, односно можно е да имаме рекордни температури дури до 46, 47 степени.
Во соседна Грција температурите се очекува да се искачат дури до близу 50 степени.
Во Скопје и околината максималната температура ќе се искачува до околу, повремено и над 40 степени во текот на следната седмица.
Минималните температури во Скопје, како и во централните и во југоисточните предели од Македонија во текот на следните ноќи нема да се спуштаат под 20 степени, што значи дека очекуваме “Троспки ноќи”.
НАПОМЕНА: Горе наведените очекувани максимални температури на воздухот ќе се мерат под сенка, додека на сонце тие ќе бидат многу повисоки и локално ќе се искачуваат над 50 степени, а понекаде дури до околу 60 степени, пишува Славчо Попоски
Временска прогноза
Денес и утре посвежо особено на утро, еве какво време ни претстои
![](https://porta.mk/wp-content/uploads/2023/10/vreme2023-scaled.jpg)
Денес и утре (петок) посвежо, особено наутро, повремено со засилен ветер од северен правец (до околу 60 км/час)
Следува постепена стабилизација на атмосферата во Македонија. Сепак, денес како и утре (петок) очекуваме нешто попријатно, односно посвежо време, а особено свежо ќе биде во ноќните и во раните утрински часови кога минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 17 степени.
Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени. Во Скопје минималната температура се очекува да се спушти до околу 16 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 33 степени.
Сепак и покрај претежно стабилното и суво време, ќе биде ветровито. Односно, ќе дува умерен, повремено и тоа особено Долж Повардарието засилен ветер од северен правец (повремено со брзина до околу 60 км/час).
И во Скопскиот регион повремено ќе дува засилен ветер од северен правец, известува Славчо Попоски
Временска прогноза
Поради дестабилизација на времето на Балканот, во вечерните часови услови за невреме и во Македонија
![](https://porta.mk/wp-content/uploads/2022/09/dozd_p0rtamk.jpg)
Како резултат на продор на поладен воздух од север на висина, денес (понеделник) во попладневните и во вечерните часови ќе дојде до поголема дестабилизација на атмосферата во регионот, па така особено во западните предели на Словенија и Хрватска, потоа на повеќе места во Босна и Херцеговина, југозападна и западна Србија, а подоцна и во источните предели на Хрватска се очекува развој на грмотевични облаци кои ќе условат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Со продорот на овој ладен воздух на висина, локално во овие предели ќе има и појава на невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер и со појава на град. Не се исклучува можноста, како ќе поминува овој фронтален систем над овие краишта, да се создадат услови и за локално силно невреме.
Кај нас овој фронтален систем денес попладне и навечер, особено во западните и во северозападните планински предели од државава локално исто така ќе услови развој на грмотевични облаци кои ќе условат пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Секако во ваква ситуација, можни се и поинтензивни атмосферски процеси во вид на невреме, пишува Славчо Попоски
Временска прогноза
Локален развој на нестабилна облачност која носи пороен дожд и засилен ветер
![](https://porta.mk/wp-content/uploads/2023/05/dozd_2023-scaled.jpg)
Почитувани, во текот на новата работна седмица во Македонија особено во попладневните и во вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни и застапени во форма на невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер и со појава на град.
И во делови од Скопската котлина во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна е и појава на невреме.
Апелираме, во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Што се однесува до температурите, тие за разлика од изминатите денови, секојдневно ќе бележат тенденција на постепено опаѓање, а позначително ќе опаднат кон крајот на работната седмица и тие ќе бидат потпросечни за месец јули и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени, додека наутро тие ќе се спуштаат во интевалот помеѓу 10 и 19 степени, пренесува Славчо Попоски на метеоаларм.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (26 јули)
-
Хороскоп5 часа
Хороскоп за сабота (27 јули)
-
Временска прогноза2 дена
Денес и утре посвежо особено на утро, еве какво време ни претстои
-
Македонија1 ден
МВР истакна важно соопштение по повод чествување на 2-ри август во Крушево
-
Спорт2 дена
Закажано извлекувањето на паровите за новата сезона 24/25 од првата македонска фудбалска лига
-
Балкан9 часа
Во Србија граѓаните ќе предложуваат локации за „радар“ за зголемена сообраќајна контрола
-
Технологија1 ден
Apple би можел да примени технологија која му овозможува на „iPhone“ внатрешна меморија од 2TB?