Временска прогноза
Вонредно метео, утре се очекува пороен дожд во форма на невреме, ова се најновите детали..
Продолжува периодот на многу променливо време, поради тоа очекуваме значително неповолни. Биометеоролошки услови. Под влијание циклон од запад и на влажна и НЕСТАБИЛНА воздушна маса, особено во текот на утрешниот ден ќе има врнежи од дожд. Во попладневните часови локално врнежите ќе бидат ПОРОЈНИ и проследени со СИЛЕН ветер (над 70 км/час) и од јужен и југозападен правец како и со појава на грмежи.
Поради присуството на постуден воздух во горниот слој од Атмосферата и топлиот во долниот дел од истата локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ, проследено со обилен пороен дожд (над 25 л/м2), СИЛЕН ветер, електрични празнења и со услови за појава на град.
Услови за нестабилност ќе има и во Скопскиот регион, проследена со ПОИНТЕНЗИВЕН дожд, силен ветер и со појава на грмежи, особено во попладневните часови.
Потоа послаби локални врнежи ќе има и во сабота, кога особено во вечерните часови поради падот на температурите на воздухот на планините ќе провејува СНЕГ. Во недела ќе дува ЗАСИЛЕН северен ветер, а исто така од недела па натаму следува период на стабилно и суво време.
Температурите остануваат ПРОЛЕТНО ВИСОКИ, исклучок ќе биде недела кога истите ќе бидат ПОНИСКИ и ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени. СТУДЕНО утро очекуваме во понеделник кога температурите ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 3 степени, со што очекуваме појава и на слаб мраз.
НАПОМЕНА: Утре, во случај на појава на НЕВРЕМЕ, препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ.
Автор: Славчо Попоски
Временска прогноза
Се менува ли климата? Најава за невообичаено топло време од следната седмица во месец декември – ова се информациите
Температури за околу па и за повеќе од 10 степени повисоки од просечните за месец декември следната седмица ќе го зафатат целиот Балкан вклучувајќи ја и Македонија и ќе донесат високи температури на воздухот кои ќе бидат пролетно високи. Во делови од Балканот и во Македонија температурите ќе се искачат дури и до 20 степени а можно е тие да надминат и 20 степени. Врнежи не очекувам следната седмица што значи дека ќе имаме многу посуво и стабилно време.
Следната седмица целиот Балкан и Македонија ќе бидат под влијание на висок воздушен притисок и на топла воздушна маса од југ (Антициклон) и токму ова ќе услови да ги имаме овие невообичаено високи температури на воздухот за месец декември. Сепак во ваква ситуација по котлините ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност која во дел од котлините ќе се задржи и во текот на целиот ден па во овие котлини и температурите преку денот ќе останат пониски.
Невообичаено топло за месец декември ќе биде во најголем дел од Европскиот Континент и без врнежи.
Според она што можам да го кажам сега снежни врнежи и вистинска зима не треба да очекуваме дури до 20 декември, тоа значи дека за снегот и за вистинската зима и понатаму ќе се изначекаме, подвлече Славчо Попоски
Временска прогноза
Врнежите од дожд продолжуваат, Попоски апелира за зголемување на нивоата од реките и езерата
Под влијание на голем влажен бран од југ денес (петок 5 декември) времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд насекаде кај нас и истите ќе бидат обилни особено во јужните предели од Македонија каде локално за 24 часа ќе наврнат над 40 литри дожд. На планините пак над 1700/1800 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. И во Скопје и околината денес (Петок 5 декември) времето ќе биде облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 9 степени.
– Поради очекуваните обилни врнежи, целата територијата на Македонија ќе се наоѓа во жолта предупредувачка фаза, а југоисточните предели ќе се наоѓаат во портокалова предупредувачка фаза поради очекуваните обилни врнежи од дожд. Исто така, поради обилните врнежи од дожд повторно се очекува зголемувања на нивоата на реките и на езерата кај нас, особено во јужните предели каде се можни и нови локални поплавувања.
Апелирам поради можните нови поплавувања особено возачите да внимаваат како управуваат со своите возила, односно тие да не се движат покрај водотеците, соопшти Славчо Попоски
Временска прогноза
Дождот продолжува, на планините кои се над одредена надморска височина ќе се формира снежна покривка
Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот и на серија на влажни воздушни бранови до недела (7 декември) во Македонија времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои повремено и тоа особено во западните и во јужните предели ќе бидат обилни и во овие предели на повеќе места ќе наврнат над 30 литри дожд, локално и над 50 литри дожд.
Во Скопје и околината за време на овој период ќе има повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и во делови од котлината ќе наврнат над 25 литри дожд.
Ќе дува слаб до умерен ветер најпрвин од југоисточен а потоа од северен и од североисточен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет.
На високите планини над 1800/1900 метри надморска височина повремно врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.
Што се однесува до температурите тие наутро насекаде ќе бидат над нулата а максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачува до околу или малку над 10 степени, соопшти Славчо Попоски од метеоаларм.
-
Кичево1 ден„ЕВН КЕЦ Кичево“ во вторник ќе работи на терен, дел од „Ужичка“, „Мечкин Камен“ и дел од месноста „Под Крушино“ времено ќе бидат без електрична енергија
-
Хороскоп2 денаХороскоп за недела (7 декември)
-
Хороскоп23 часаХороскоп за понеделник (8 декември)
-
Здравје и убавина1 денДајте им одмор на цревата во организмот со ова овошје
-
Македонија2 часаЖена од охридското с.Лескоец удрила во полициско „јети“ на охридската полиција, за среќа учесниците поминале со телесни повреди
-
Македонија7 часаПС Франгово и РЦ Запад запленија три торби со 62 паковки со марихуана
-
Спорт2 часаАко не победат „Кралевите“ против Сити, клубот ќе го менува Алонсо, по незадоволството од поразот против Селта Виго?
