Следете не

Временска прогноза

Вонредно метео, во недела доаѓаат дождови и вистинска есен?

Објавено пред

на

Од утре, а особено за време на викендот, целиот балкан ќе биде под влијание на силен Џеновски циклон кој ќе донесе локално силно невреме, проследено со многу дожд, силни грмежи, крупен град и олуен ветер.

Токму поради ова апелираме на крајна внимателност, дури можна е појава и на Суперќелијско невреме, а постои опасност и од локални поплавувања. Судирот на двете воздушни маси (топлата од југ и студената од север) ќе го направат своето, односно ќе предизвикаат големо невреме на многу места на балканот.

Температурите драстично ќе се намалат, што значи за викендот доаѓа вистинска есен на балканот.

Овој бран во Македонија ќе пристигне во недела, особено попладне и навечер кога на многу места ќе има развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од јужен правец. Локално ќе има појава на невреме, проследено со интензивен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со појава на град. Не се исклучува можноста локално градот да биде и покрупен.

Барем според сегашните изгледи, честа нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на локално невреме ќе има и следната седмица, кога ќе биде и значително посвежо. Односно пад на температурите на воздухот се очекува уште од недела попладне и навечер. И на граѓаните во Македонија ги советуваме да бидат крајно внимателни од недела, и тоа во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Во алпскиот регион оваа голема промена ќе донесе и поинтензивни врнежи од снег, пишува Славчо Попоски.

Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)

Временска прогноза

Ни претстои промена на синоптичката состојба со времето, не се исклучува можноста да имаме снег за новогодишните празници!

Објавено пред

на

©porta.mk

Според она што можам денес да го изјавам за јавноста е тоа дека од ден 25 декември Католички Божик па во деновите потоа секако и за нова година ни претстои промена на синоптичката состојба над Европа, Балканот и Македонија.

Тоа значи дека на повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир кој ќе ни донесе вистинско зимско време баш за време на споменатиот период погоре.

Во ваква ситуација секако може да се очекува и снег.

– Се на се после овој подолг период на суво и натпросечно топло време за месец декември кончено може да се надеваме за надоаѓање на вистинската зима кај нас.

Следува најново ажурирање на прогностичките материјали па така од моја страна понатаму следува нова  и по потреба обновена метео анализа токму околу ова, предмалку соопшти Славчо Попоски

Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Временска прогноза до 22 декември, следува ладен период, појава на слана, мраз, подледици по речните долини и магла

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Pascal Dbrunner

Во текот на целата наредна седмица и тоа во периодот од 15 декември па се до 22 декември територијата на целиот Балкан и Македонија останува да биде под влијание на силниот Антициклон (Поле на висок воздушен притисок) кој се протега од југ и истиот условува да имаме температури значително над просекот за месец декември и стабилно и суво време без никави врнежи.

Сепак наутро останува да е ладно и на повеќе места температурите ќе се спуштаат за неколку степени под нулата па така се очекува појава на слана и на слаб мраз. Во ваква ситуација по котлините и по речните долини и понатаму особено во ноќните и во утринските часови ќе има појава на магла и на ниска облачност и таа повремено ќе биде густа и ќе условува намалена видливост.

Појава на магла и на ниска облачност особено во ноќните и во утринските часови ќе има и во делови од Скопската котлина.

Температурите пак како и до сега остануваат значително да бидат над просекот за месец декември и тие на повеќе места кај нас ќе надминуваат 10 степени а во југоисточните предели температурите ќе се искачуваат до околу 15 степени.

Во Скопје и околината наутро пак температурата ќе се спушта за некој степен под нулата а преку ден таа ќе се искачува до околу или ќе надминува 10 степени, доцна вечерва соопшти метеорологот Славчо Попоски

Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Ладно на утро со температури под нулата

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Влијанието на силниот Антициклон кој се протега од југ и кај нас условува да имаме стабилно суво и претежно сончево време со појава на магла  и ниска облачност во дел од котлините ќе продолжи и за време на овој викенд. Сепак, температурите ќе бидат за неколку степени пониски за разлика од изминатите денови но и покрај ова тие  и понатаму ќе бидат над просекот за месец декември.

И во Скопје  и околината за време на овој викенд ќе продолжи стабилното суво и претежно сончево време. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Во делови од колтината особено во утринските  и во ноќните часови ќе има појава на магла  и ниска облачност.

Викендов наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 3 степени а преку ден температурата ќе се искачува во интервалот од 7 до 14 степени.

Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта за некој степен под нулата а преку ден таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 9 и 11 степени, соопшти Славчо Попоски

Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт2 часа

Никола Јокиќ го сруши рекордот, оствари нов трипл-дабл

Никола Јокиќ испиша нова страница во НБА историјата во победата на Денвер над Орландо од 126-115, со што го надмина...

Хороскоп12 часа

Хороскоп за петок (19 декември)

ОВЕН Денес ќе ви се чини особено напорен ден затоа што ќе бидете помалку продуктивни од вообичаено, нема да имате...

Кичево16 часа

(ФОТО) Вкусете ја свежината и направете го секојдневието повкусно со пиљара „Бамби“ – вистинскиот избор за секој дом!

Кога станува збор за квалитет, разновидност и секогаш свежи производи, пиљара „Бамби“ е вистинскиот избор за секој дом. Фирма посветена...

Кичево17 часа

Внимание: Измена во сообраќаен режим кон Охрид по една коловозна лента

СВР Охрид ја информира јавноста дека, од денеска во наредниве десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим...

Македонија21 час

Бензините од вечерва со намалена цена за литар, дизелот останува непроменет

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени...

Временска прогноза22 часа

Ни претстои промена на синоптичката состојба со времето, не се исклучува можноста да имаме снег за новогодишните празници!

Според она што можам денес да го изјавам за јавноста е тоа дека од ден 25 декември Католички Божик па...

Кичево23 часа

Среќна потрага во Кичево, пронајден 12-годишникот кој родителите го пријавија за исчезнат

На 17.12.2025 во 16:40 часот на улица „Ужичка Република“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го пронајдоа 12-годишното дете,...

Македонија1 ден

„Од народ, за народ“: До сите градови, во тек е шестата најмасовна хуманитарна акција – „Пакетчиња за сите дечиња“, радувај се на новогодишната магија!

Во тек е најмасовната хуманитарна акција „Пакетчиња за Сите Дечиња“ која започна во Охрид, но за брзо се прошири во...

Фото: Brooke Cagle @ unsplash Фото: Brooke Cagle @ unsplash
Магазин1 ден

Заборавете го лаптопот: Galaxy Tab S11 носи сериозен мултитаскинг

За сите што некогаш се прашувале дали таблетот може целосно да го замени лаптопот, Samsung нуди јасен одговор – може,...

Фото: Cassiano K. Wehr @ unsplash Фото: Cassiano K. Wehr @ unsplash
Македонија1 ден

Намалена видливост поради магла на патен правец Неготино – Демир Капија

АМСМ известува дека намалена видливост поради магла до 100 метри има на патниот правец Неготино – Демир Капија, прилагодете ја брзината...

НАЈЧИТАНИ