Спорт
„Воска Спорт“ го освои пехарот за освоеното прво место во Втора МФЛ и официјално прослави влез во првата македонска фудбалска лига
Со одигрувањето на натпреварите од 30. коло, официјално се затвори натпреварувачката сезона 2022/23 во Втора МФЛ. Тимот на Воска од Охрид го слави првото место и пласманот во Прва МФЛ, заедно со второпласираниот состав на Гостивар.
Најтрофејниот македонски клуб, Вардар заврши на третото место и ќе игра бараж натпревар против Скопје за место во нашата најдобра фудбалска конкуренција. Воска денеска славеше кај Борец во Велес со убедливи 7:1, додека Гостивар успеа да слави против Караорман.
Каменица Саса успеа да обезбеди опстанок во Втора МФЛ со освоениот бод во Битола против Пелистер. Тетекс ќе игра бараж за опстанок, додека Локомотива Пехчево ќе игра во понизок ранг.
Спорт
Утре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел
Утре сабота (22.11) со почеток од 13:00ч на градскиот стадион во Кичево, домашната екипа на „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“. За домаќините овој ќе биде исклучително важен натпревар во претпоследното коло од есенскиот во третата македонска фудбалска лига запад.
– Очекувам одличен натпревар, екипата на „ФК Џепчиште“ има одличен тим, но се надевам дека ова нашите момчиња ќе прикажат една квалитетна игра со тоа што мислам дека ќе извојуваме победа, важна за нас пред крајот на есенскиот дел. Оваа прилика ја користам, да ги повикам сите љубители на фудбалот да дојдат и да уживаат на градскиот стадион, за Порта.мк истакна првиот човек на тимот Бобан Дујковиќ
Спорт
Данска првиот предизвик за „рисовите“ во март, за пласман на големиот мундијал во САД, Мексико и Канада
Спорт
Македонија во четврток го дознава новиот ривал, по катастрофалниот пораз тргнуваме по потешкиот пат за мундијалот! Глава горе момци!
Македонската фудбалска репрезентација го запиша својот прв и единствен пораз во квалификациите за Светското првенство. Националниот тим беше целосно надвор од ритам и убедливо беше совладан на „Кардиф Сити стадиум“ со 7-1 (3-1). И покрај високата загуба, Македонија и натаму остануваат во игра и во март 2026 година ќе настапат во баражот за пласман на Мундијалот.
Играч на мечот беше дефинитивно капитенот на Велс, 28-годишниот Хари Вилсон, играчот на Фулам кој запиша 3 погодоци на овој меч.
Нема очај, од овој меч треба само да се извлече поука. Одиме напред до остварување на сонот, но овој пат по потешкиот пат. Токму поради тоа, веќе во четврток го дознаваме ривалот во првиот бараж, кој ќе се игра во март и за кој се знае дека нашиот национален тим ќе гостува или не.
Стадион во Кардиф. Гледачи: 33.000. Судија: Дани Макели. Стрелци: Вилсон 18′ пен., 75′, 81′ пен., Брукс 21′, Џонсон 37′, Џејмс 57′, Бродхед 88′ (Велс), Миовски 23′ (Македонија). Ж. картони: Ашковски, Димитриевски (Македонија).
Велс: Дарлоу, Вилијамс (82′ Кпакио), Лоуер, Родон (82′ Мефам), Дасилва, Шихан, Вилсон, Џејмс (64′ Томас), Кулен (85′ Дејвис), Брукс (64′ Броудхед), Џонсон.
Македонија: Димитриевски, Илиевски, Стојчевски (55′ Ќамили), Велковски, Зајков, Ашковски, Барди, Костадинов (55′ Чурлинов), Алими (64′ Атанасов), Елмас, Миовски (64′ Растодер).
Напред „рисови“, напред Македонија!
-
Хороскоп1 денХороскоп за сабота (22 ноември)
-
Спорт2 денаУтре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел
-
Хороскоп11 часаХороскоп за недела (23 ноември)
-
Македонија2 денаПоради обилен дожд, на подрачјето од Општина Ресен се поплавени над 50 куќи и магацински простории
-
Магазин2 денаRoblox ќе ги спречи децата да разговараат со непознати возрасни
-
Магазин2 денаЗа прв пат Android телефони поддржуваат AirDrop: овие четири модели можат директно да споделуваат фотографии со iPhone
-
Магазин2 денаMicrosoft ја враќа една од најбараните функции
-
Магазин2 денаGemini го претвора текстот во видео
