Македонија
Воведена забрана за тешки товарни возила за патен правец Гостивар-Стража-Маврово поради обилни врнежи од снег
Од 16:05 часот на патниот правец Гостивар- Стража – Маврово, поради обилни врнежи од снег, воведена е забрана за движење на ТМВ. Од 14:10 часот се воведува забрана за тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка – Г.П. Деве Баир.
Од 14:15 часот превој Ѓавато ,магистрален пат Битола – Ресен.
УКИНАТИ ЗАБРАНИ ЗА ТТВ: Во 7 часот е укината забраната за ТТВ на патниот правец крак Маврово – Дебар.
Забраните за сообраќај за тешки товарни возила на планинските премини Стража и Пресека се укинуваат во 04:40 часот.
СОСТОЈБА НА ПАТИШТА: Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози.Слаби врнежи од снег има во Крушево, Буково, Ѓавато и Плетвар.
Извештајот е изготвен од АМСМ
Македонија
ПС Франгово и РЦ Запад запленија три торби со 62 паковки со марихуана
Денеска (08.12.2025) во 07:05 часот, на магистралниот пат Струга-Ќафасан, во близина на струшкото село Франгово, полициски службеници од, Полициската станица Франгово, при Регионалниот центар за гранични работи Запад, од слобода го лишија А.Т.(46) од Поградец, Република Албанија.
При преглед извршен во патничко возило „опел зафира“ со струшки регистарски ознаки, кое тој го управувал, пронајдени се три торби со 62 паковки со марихуана.
Известен е јавен обвинител, дрогата е одземена, а А.Т. е задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Македонија
„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, денеска изјави дека е позитивно тоа што бензинските станици на „Лукоил“ можат непречено да работат во сите држави каде што се присутни. Тој потенцира дека изминатиот месец, и покрај воведените санкции, не се појавиле никакви потешкотии во работењето на „Лукоил Македонија“.
– „Снабдувањето со нафтени деривати се одвива стабилно и без застои. Причината за тоа е што Македонија, за разлика од голем дел од другите земји, не поседува рафинерија во сопственост ниту на Лукоил, ниту на Руската Федерација. Новите мерки донесени од САД дополнително ќе имаат позитивно влијание врз состојбата“, истакна Бислимоски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата.
Вчера во официјалното соопштение од „OFAC“ беше прецизирано дека роковите се пролонгирани до 29 април 2026 година.
Македонија
Сообраќај по наместа влажни коловози, намалена видливост поради магла има на превоите „Стража, Ѓавато, Плетвар и Крушево “
АМСМ и Македонија Пат известуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 50 м. има на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево.
-
Кичево19 часа„ЕВН КЕЦ Кичево“ во вторник ќе работи на терен, дел од „Ужичка“, „Мечкин Камен“ и дел од месноста „Под Крушино“ времено ќе бидат без електрична енергија
-
Хороскоп2 денаХороскоп за недела (7 декември)
-
Хороскоп16 часаХороскоп за понеделник (8 декември)
-
Здравје и убавина2 денаКако полесно да ја издржите диетата за слабеење
-
Здравје и убавина20 часаДајте им одмор на цревата во организмот со ова овошје
-
Македонија38 минутиПС Франгово и РЦ Запад запленија три торби со 62 паковки со марихуана
