Македонија
Возило со миганти учествувало во сообраќајка кај Струмица, возачот и мигрантите избегале, па биле пронајдени..
На 01.12.2023 околу 08.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионалниот пат Валандово – Струмица се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „ауди а8“ со гевгелиски регистарски ознаки, во кое биле превезувани илегални мигранти и патничко моторно возило „фолксваген туран“ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Ѓ.(25) од с.Пиперово, струмичко.
По незгодата, возачот на возилото „ауди“ и неколку мигранти го напуштиле местото, а по преземени мерки во близина биле пронајдени две лица мигранти од Сирија.
Тие биле сместени во Приватен центар за странци во Скопје, а возилото „ауди“ било одземено.
Во незгодата со повреди се здобиле возачот на возилото „фолксваген туран“ и неговите сопатници Р.П.(36) и С.С.(44), двајцата од Струмица.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот
Македонија
„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, денеска изјави дека е позитивно тоа што бензинските станици на „Лукоил“ можат непречено да работат во сите држави каде што се присутни. Тој потенцира дека изминатиот месец, и покрај воведените санкции, не се појавиле никакви потешкотии во работењето на „Лукоил Македонија“.
– „Снабдувањето со нафтени деривати се одвива стабилно и без застои. Причината за тоа е што Македонија, за разлика од голем дел од другите земји, не поседува рафинерија во сопственост ниту на Лукоил, ниту на Руската Федерација. Новите мерки донесени од САД дополнително ќе имаат позитивно влијание врз состојбата“, истакна Бислимоски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата.
Вчера во официјалното соопштение од „OFAC“ беше прецизирано дека роковите се пролонгирани до 29 април 2026 година.
Македонија
Сообраќај по наместа влажни коловози, намалена видливост поради магла има на превоите „Стража, Ѓавато, Плетвар и Крушево “
АМСМ и Македонија Пат известуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 50 м. има на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево.
Македонија
Тргнати блокадите на граничен премин „Евзони“ за влез и излез кон Грција
АМСМ предмалку соопшти дека од 21:00 ч. блокадите на ГП Евзони, за влез и излез кон Р.Грција се отстранети. Сообраќајот за сите видови возила е нормализиран.
-
Хороскоп1 денХороскоп за недела (7 декември)
-
Кичево12 часа„ЕВН КЕЦ Кичево“ во вторник ќе работи на терен, дел од „Ужичка“, „Мечкин Камен“ и дел од месноста „Под Крушино“ времено ќе бидат без електрична енергија
-
Временска прогноза2 денаСе менува ли климата? Најава за невообичаено топло време од следната седмица во месец декември – ова се информациите
-
Хороскоп9 часаХороскоп за понеделник (8 декември)
-
Здравје и убавина1 денКако полесно да ја издржите диетата за слабеење
-
Здравје и убавина13 часаДајте им одмор на цревата во организмот со ова овошје
