Следете не

Временска прогноза

Временска прогноза за денес и следните денови

Објавено пред

на

Продолжува периодот на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Повремено ќе има нешто повеќе облачност, а утре ќе дува умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени, додека за време на викендот истите ќе бележат тенденција на пад за неколку степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево, повремено со умерена локална облачност.

Утре ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени.

Временска прогноза

Нови врнежи од дожд на планините ќе провејува снег, продор на ладен бран од север може да резултира со снег на превоите

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Територијата на Република Македонија останува да биде под влијание на циклонскиот систем од Џенова и на серија на влажни воздушни бранови. Во ваква ситуација од оваа вечер  и претстојната ноќ како и утре (петок 21 ноември) и за време на овој викенд ни следуваа нови обилни врнежи од дожд проследини со засилен ветер од јужен правец  и со локална појава на грмежи. Локално овие процеси повторно ќе бидат застапени во форма на невреме.

На повеќе места ќе наврне ново големо количество на воден талог (локално нови над 50 литри дожд). Токму поради ова постои можност за нови поплавувања и понатамошно зголемување на нивоата на реките и на езерата во Македонија. На возачите ги советувам да бидат крајно внимателни и да не се движат покрај водотеците.

И во Скопје  и околината во погоре споменатиот период ќе имаме нови пообилни врнежи од дожд проследени со засилен јужен ветер а ќе има услови и за локална појава на грмежи. Во делови од котлината повторно ќе наврне позначително количество на воден талог, и тоа нови над 30 литри дожд.

Што се однесува до температурите тие до сабота остануваат да бидат натпросечно високи и без промени во однос на оние температури кои ги имавме изминатите денови и тоа поради јужното воздушно струење.

Продор на ладен бран од север кој значително ќе ги спушти температурите очекувам од недела 23 ноември кога на планините над 1200/1300 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег, информираше Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Дожд секаде, повремено ќе засилува југоисточен ветер, поради состојбата ќе растат условите за зголемување на нивоата на реките и на езерата

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Liana S

Денеска поради влијанието на циклонската активност од Џенова во Македонија во најголем дел ќе има повремени врнежи од дожд. Особено обилни врнежите ќе бидат во западните и во југозападните предели од Македонија каде за 24 часа очекувам да наврне ново големо количество на дожд (над 50 литри дожд). Повремено ќе дува засилен ветер од јужен правец (локално со брзина од над 60 км/час) а ќе има услови и за ретка појава на грмежи.

И во Скопје и околината во погоре споменатиот период ќе има повремени врнежи од дожд со умерен интензитет. Повремено ќе засилува ветерот од јужен и од југоисточен правец.

Температурите остануваат да бидат натпросечно високи за ноември и тоа поради јужното воздушно струење и тие ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 13 степени.

– Апелирам поради обилните дождови кои ги очекувам особено во западните и во југозападните предели од Македонија граѓаните да бидат внимателни каде и како се движат, особено да бидат внимателни возачите и тие да не се движат во близина на водотеците. Исто така поради понатамошните обилни врнежи од дожд растат условите и за зголемување на нивоата на реките и на езерата во нашата Македонија, особено во западните и во југозападните предели, соопшти Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Во овој момент се формира влажен бран кој носи обилен дожд и невреме!

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Под влијание на серија на големи влажни воздушни бранови од запад  и истите се поврзани со циклонски систем со центар над Џенова во Република Македонија до самиот крај од оваа недела следува многу нестабилно време со чести и обилни врнежи од дожд кои локално ќе бидат проследени со појава на грмежи. Сето ова ќе биде проследено и со засилен до повремено силен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час). Процесите локално ќе бидат застапени во форма на невреме.

И во Скопје  и околината до самиот крај од оваа недела времето ќе биде многу нестабилно со чести и обилни врнежи од дожд проследени со повремено засилен до силен ветер од јужен правец а можна е и појава на грмежи.

На многу места во Македонија ќе наврне големо количество на воден талог (над 50 литри дожд) а локално и над 80 литри дожд. Најмногу врнежи ќе имаме во западните предели каде тие ќе надминат 100 литри дожд а локално тие ќе надминат дури и 150/200 литри дожд до самиот крај од оваа недела. Токму поради ова расте можноста за зголемување на нивоата на реките  и на езерата во нашата Македонија, а исто така можни се и локални поплавувања. Апелирам граѓаните поради ваквата ситуација да бидат крајно внимателни.

Особено внимателни да бидат возачите  и да не се движат покрај водотеците.

Значително количество на дожд ќе наврне  и во делови од Скопската котлина и тоа ќе надминува 30 литри дожд.

Што се однесува пак до температурите, и тоа поради изразеното јужно воздушно струње тие остануваат без промени во однос на оние температури кои ги имавме изминатите денови и тие ќе бидат натпросечно високи за ноември, за Порта.мк соопшти Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогноза37 минути

Нови врнежи од дожд на планините ќе провејува снег, продор на ладен бран од север може да резултира со снег на превоите

Територијата на Република Македонија останува да биде под влијание на циклонскиот систем од Џенова и на серија на влажни воздушни...

Спорт59 минути

Данска првиот предизвик за „рисовите“ во март, за пласман на големиот мундијал во САД, Мексико и Канада

Во централата на ФИФА во Цирих денес беше одржана ждрепката за европскиот плејоф за пласман на Светското првенство 2026. Македонската...

Кичево5 часа

ЦУК со известување за изминатото деноноќие, во Кичево побарана била општинска интервенција во делот на ул. „Прилепска“

Во изминатото деноноќие, поради обилните врнежи, екипите на Регионалните центри за управување со кризи интервенираа на повеќе критични локации низ...

Здравје и убавина5 часа

Ова е најдоброто време за ручек

Според резултатите едно поодамнешно истражување објавено во списанието American Journal of Clinical Nutrition, за поуспешно намалување на телесната тежина препорачливо...

На денешен ден14 часа

Светот на денешен ден (20 ноември)

1531 – Капелскиот мировен договор ја утврдува конфесионалната поделба на Швајцарија. 1780 – Велика Британија објави војна на Холандија поради...

Хороскоп16 часа

Хороскоп за четврток (20 ноември)

ОВЕН За да го привлече вашето внимание, некој упорно ќе ги извртува работите надвор од контекст. Ако нешто ви изгледа...

Магазин17 часа

Порака од возач на Брза Помош, почит за сите возачи, наши спасители!

Кога ќе видите дека брзата помош се движи бавно, иако со вклучени сирени, тоа не значи дека возачот се шегува....

Македонија18 часа

Албански државјанин фатен на „Ќафасан“ со 332 парчиња риба белвица

На 18.11.2025 во 13:30 часот на Граничен премин Ќафасан, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода Р.К.(59)...

Македонија21 час

Јанев и Спироски во македонската делегација на регионалниот стратешки состанок во Тирана, организиран и поддржан од британските агенции за спроведување на закон

Во Тирана, Албанија, се одржа регионален стратешки состанок организиран и поддржан од британските агенции за спроведување на законот, на кој...

Кичево21 час

„Македонски Завет“ организира хуманитарен концерт во НУЦК „Кочо Рацин“ со културно уметнички друштва и естрадни уметници од Кичево

Патриотско Здружение „Македонски Завет“ од Кичево, организира хуманитарен концерт наречен „Чување на традицијата и негување на Културното наследство“, во соработка...

НАЈЧИТАНИ