Следете не

Временска прогноза

Временска прогноза за оваа недела, студеното време стига на секаде..

Објавено пред

на

Како што најавивме, до крајот на оваа работна недела под влијание на студена воздушна маса од север, времето во Македонија ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе бидат доста ниски, и на средината од оваа недела истите ќе се спуштаат во интервалот од -11 до -3 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 7 степени –  за Еспресо.мк вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Временска прогноза

Од денес ќе дува засилен ветер од северен правец, додека времето ќе биде стабилно

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Под влијание на значително поладен воздух од север,денес понеделник (15 септември) во Македонија ќе дува засилен до силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Времето ќе биде стабилно, суво и со сончеви периоди. И во Скопје и околината денес понеделник (15 септември) ќе дува засилен ветер од северен правец, повремено ветерот ќе биде и силен и во делови од котлината ќе достигнува брзина од над 60 км/час).

Што се однесува до температурите денес понеделник (15 септември) тие ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени. Во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 28 степени.

Особено свежо па дури и ладно утро ќе имаме во вторник (16 септември) кога температурите ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 14 степени, а во Скопје и околината во вторник наутро температурата ќе се спушти до околу 11 степени.

Поради продорот на ладен воздух од север, особено во вторник наутро и тоа како ќе ни биде потребна топлата облека, информира Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Нестабилна воздушна маса од утре до понеделник носи нова дестабилизација на времето и пороен дожд

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Erik Witsoe

Под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса од запад  и од северозапад која е поврзана со фронаталната долина со поладен воздух на висина која од северозапад преку алпскиот регион ќе се спушти до нашиот дел од Европа, од утре (четврток 11 септември) до понеделник (15 септември) во Македонија времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локална појава на повремен пороен дожд, грмежи и со засилен ветер во зоната на нестабилност.

Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења  и со услови за појава на град. И во делови од Скопскиот регион од утре (четврток 11 септември) до понеделник (15 септември) ќе биде нестабилно облачно со повремен пороен дожд, грмежи, засилен ветер  и со услови за појава на невреме.

Поради ваквата ситуација и очекуваното ново невреме во Македонија, апелирам граѓаните да обратат поголема внимателност, односно во случај на појава на невреме  и на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер во зоната на нестабилност граѓаните да ги заштитат своите автомобили, тоа значи да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои што се стари и осамени.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени, а во Скопје и околината максималната температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 31  и 32 степени, извести метеорологот Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Стабилно и суво, од четврток нова промена на времето и услови за локално невреме проследено со дожд, засилен ветер и грмежи

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Под влијание на нова фронтална долина со поладен воздух на висина која од северозапад преку алпскиот регион ќе се спушти до нашиот дел од Европа, во четврток (11 септември) во Македонија ќе дојде до нова дестабилизација на атмосферата.

Во ваква ситуација во Македонија во четврток (11 септември) ќе се создаваат влажни фронтални бранови кои ќе условуваат развој на конвективни грмотевични облачни јадра од кои на повеќе места очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност. Локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења  и со услови за локална појава на град.

И во делови од Скопскиот регион во четврток (11 септември) ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер  и со услови за појава на краткотрајно невреме.

Што се однесува до температурите тие во четврток (11 септември) ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени, а во Скопје  и околината во четврток (11 септември) максималната температура ќе се искачи до околу 30 степени, известува Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогноза3 часа

Од денес ќе дува засилен ветер од северен правец, додека времето ќе биде стабилно

Под влијание на значително поладен воздух од север,денес понеделник (15 септември) во Македонија ќе дува засилен до силен ветер од...

Хороскоп14 часа

Хороскоп за понеделник (15 септември)

ОВЕН Може да очекувате фаза која ќе биде многу поволна за вас. Ќе успеете да остварите стабилизација на работа. Ве...

Спорт16 часа

(ФОТО) Кичевски „ФК Напредок“ ги наполни трибините со љубители на фудбалот, а играчите им возвратија со победа за почеток на сезоната

Недела, некогаш претпознатлив ден за фудбал на градскиот стадион во Кичево. Но денес за момент се чинеше дека токму го...

Фото: William Hook @ unsplash Фото: William Hook @ unsplash
Магазин1 ден

iOS 26, iPadOS 26, watchOS 26 и macOS 26 пристигнуваат на 15 септември – компатибилни уреди и нов дизајн

Apple официјално објави дека iOS 26, iPadOS 26, watchOS 26, macOS 26 и visionOS 26 ќе излезат од бета и...

Фото: Clint Patterson @ unsplash Фото: Clint Patterson @ unsplash
Магазин1 ден

Microsoft потсетува: Остануваат само 30 дена…

Microsoft официјално ги потсети корисниците за крајот на поддршката за Windows 10. Компанијата објави дека на 14 октомври 2025 година...

Спорт1 ден

„ФК Напредок“ денес на домашен терен го игра првиот натпревар од новата сезона, ве повикуваме сите на градски како во старите добри времиња

Стартот во новата сезона во рамките на Трета лига Запад „Фудбалскиот Клуб НАПРЕДОК“ ќе ја започне на домашен терен,а за...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за недела (14 септември)

ОВЕН Вие сте упорни во сѐ што ќе наумите, па ако деловниот успех е ваш приоритет нема сомнежи дека ќе...

Спорт2 дена

Анчелоти до Нејмар: „Во денешно време е морате да бидете во добра форма“

Во интервју за ESPN, трофејниот тренер откри дека би сакал еден од најдобрите фудбалери од последната деценија да го види...

Хороскоп3 дена

Хороскоп за сабота (13 септември)

ОВЕН Не се вознемирувајте премногу ако некој ве разочара утрово. Сочувството, разбирањето и општата помош што сте подготвени да им...

Свет3 дена

Денес во Киргистан беше регистриран силен земјотрес

Во Киргистан денеска е регистриран земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, информира Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Потресот бил...

НАЈЧИТАНИ