Временска прогноза
Времето денес ќе биде облачно со пороен дожд и засилен ветер, локално можна е појава и на грмежи – ова се најновите информации

Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени локални врнежи од дожд. На некои места врнежите ќе бидат поинтензивни, а ќе има услови и за ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, и истиот особено Долж Повардарието ќе засилува на интензитет. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 20 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Во попладневните часови ќе има услови за повремени врнежи од дожд, додека максималната температура ќе се искачи до околу 18 степени, за Еспресо вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
Според Попоски, потоа во следните денови времето кај нас ќе се задржи променливо облачно, а особено во попладневните и во вечерните часови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Што се однесува до температурите, тие ќе бележат тенденција на пораст, и тоа особено од средината на оваа недела кога ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени.
Временска прогноза
Временска прогноза за следните 10 дена, за стабилно време ќе почекаме..

Нашата територија се наоѓа под влијание на ГОЛЕМА ВЛАЖНА и нестабилна воздушна маса од Медитеранот.
И во следните 10-тина денови од пладневните часови ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија во Атмосферата, процесите локално ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со значително количество на воден талог за кратко време, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град.
НАПОМЕНУВАМЕ дека во следните 10-тина денови локално низ Македонија ќе наврне ГОЛЕМО КОЛИЧЕСТВО на воден талог (над 60 – 70 л/м2). Препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ и тоа поради опасност од локални ПОРОЈНИ ПОПЛАВИ.
И во Скопје и околината ќе има честа појава на нестабилност, проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на НЕВРЕМЕ во делови од котлината.
Температурите ќе бидат без поголеми промени, и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели истите се очекува да се искачат повремено и над малку над 26 степени.
За првиот поизразен топлотен Африкански бран, како и за постабилно време без врнежи и понатаму ќе се изначекаме, пишува Славчо Попоски, еден од најдобрите метеоролози кои во текот на времето преку најсовремените метео анализи и методи ги истакнаа најточните вести.
Временска прогноза
Какво време нè очекува денес и периодот пред нас?

Македонија во текот на вчерашното попладне беше зафатена од НЕВРЕМЕ, кое особено во Гостиварскиот регион услови и ПОПЛАВИ.
Локални поплавувања имаше и на другите места низ Македонија, а градот кој паѓаше во делови од Македонија беше со голема на лешник.
До првите денови од месец јуни, нашата територија ќе биде под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот, како и на влажна и на нестабилна воздушна маса. Времето ќе биде променливо облачно и ТОПЛО со сончеви периоди.
Од пладневните часови ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради зголемената енергија во Атмосферата локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град.
Во следниот период повторно очекуваме ДОСТА ИНТЕНЗИВНИ врнежи, и локално ќе наврне ЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог (над 60 – 70 л/м2), со што постои опасност од локални ПОПЛАВИ.
Апелираме граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ.
Во Скопје и околината исто така понатаму ќе има честа појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на НЕВРЕМЕ.
Температурите овие денови ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени.
Нема никаква најава за поизразен топлотен Африкански бран како што доликува за овој период од годината, и за истиот и понатаму ќе се изначекаме.
Пишува Славчо Попоски од Метеоаларм
Временска прогноза
Сѐ појасна слика дека нестабилноста со чести поројни дождови ќе биде застапена и во почетокот на јуни месец, ова се последните информации..

Во следните денови се поизразена ќе биде нестабилноста во Македонија, а ќе има и се почести поројни врнежи од дожд на МНОГУ МЕСТА. Нашата територија до првите денови од месец јуни ќе се наоѓа под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот, како и на влажна и на нестабилна воздушна маса. Времето ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди.
Од пладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија во Атмосферата, локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град.
Во периодот пред нас, врнежите повремено ќе бидат ДОСТА ИНТЕНЗИВНИ и локално се очекува да наврне ЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог (над 60 л/м2). Токму поради ова постои опасност од локални ПОПЛАВУВАЊА, АПЕЛИРАМЕ граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ.
Во Скопје и околината исто така ќе има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на НЕВРЕМЕ во делови од котлината.
Температурите ќе бидат околу просекот за овој период од годината, и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 26 степени, што значи за првиот поизразен топол Африкански бран и понатаму ќе се изначекаме.
За порта.мк пишува Славчо Попоски од Метеоаларм.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (27 мај)
-
Кичево2 дена
Во Кичево стартува „Мобилна амбуланта“ со гинеколози кои ќе вршат бесплатни гинеколошки прегледи кај жените, ова се сите информации..
-
Хороскоп10 часа
Хороскоп за недела (28 мај)
-
Временска прогноза14 часа
Временска прогноза за следните 10 дена, за стабилно време ќе почекаме..
-
Lifestyle2 дена
Која крвна група најмногу ја сакаат комарците?
-
Магазин2 дена
Телефонот што многумина го чекаат би можел да пристигне порано – еве зошто
-
Спорт15 часа
ФК „Вардар Неготино“ утре на градски во Кичево спрема навивачка инвазија
-
Lifestyle22 часа
Ние сме во опасност: Зголемувањето на температурите може да доведе до катастрофа