Временска прогноза
За време на продолжениот викенд, променливо облачно со повремени локални врнежи

За време на овој продолжен празничен викенд, времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд и истите локално и повремено ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ.
На некои места ќе има услови за развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер – за Еспресо вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.
Температурите ќе се се искачуваат во интервалот од 14 до 21 степен.
– И во Скопскиот регион времето ќе биде променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе има услови и за развој на локална нестабилност проследенена со ретки грмежи како и и со засилување на ветерот. Температурите овие денови во Скопје ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 17 и 20 степени.
Во поголем дел од следната недела ќе продолжи променливото време со повремени локални врнежи од дожд, а температурите ќе бидат во пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени – заклучува Попоски.
Временска прогноза
Во следниот период екстремно топли денови, ова се најновите метео вести

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од западен и од југозападен правец. Доцна попладне и навечер ќе има услови за ретка појава на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 33 степени.
Потоа во следните денови во претпладневните часови времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност, додека во попладневните локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.
Што се однесува до температурите, тие остануваат невообичаено високи за овој период од годината и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка, и максималните дневни темперратури во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени, додека пад на истите се очекува од недела.
Автор: Славчо Попоски
Временска прогноза
Вечерва локално невреме во источните краеви на државата – ова се деталите

Доцна попладнево и вечерва и тоа особено во источната половина од државава ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силени електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Доцна попладне и навечер во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и силен ветер, локално овие процеси можно е да бидат застапени во форма на НЕВРЕМЕ. Максималната температура денес во Скопје ќе се искачи до околу 31 степен.
Потоа во следните денови во претпладневните часови времето во Македонија ќе биде претежно стабилно, суво и сончево, додека во попладневните и вечерните локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат невообичаено високи за овој период од годината , и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка, и на многу места истите ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да надминат дури и 35 степени.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Со оглед на тоа дека понатаму Атмосферата нема да биде стабилна, во случај на појава на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја, исто така во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да не ги ставаат во близина на дрвја за да не дојде до несакана штета.
Автор: Славчо Попоски
Временска прогноза
Невообичаено високи температури со можност за локално невреме

Нашата територија се наоѓа под влијание на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса која продира од северните предели на Африка, и истата условува натпросечно високи температури.
Од денес, па во следните денови времето во Македонија ќе биде претежно стабилно, суво и сончево во претпладневните часови, додека во попладневните и вечерните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите можно е да бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.
Температурите нема многу да се менуваат во споредба со сегашните и ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени. Мал пад на истите ќе има во понеделник, но потоа температурите ќе бележат тенденција на уште поголем пораст и во најтоплите предели од државава во текот на следната недела температурите се очекува да надминат 35 степени.
Автор: Славчо Попоски
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за 25 мај (среда)
-
Хороскоп11 часа
Дневен Хороскоп (26 мај) – четврток
-
Временска прогноза1 ден
Во следниот период екстремно топли денови, ова се најновите метео вести
-
Магазин2 дена
Подгответе се за визуелни промени на Instagram: Компанијата создаде свој фонт
-
Магазин2 дена
Motorola планира камера од 200 мегапиксели за својот нов водечки телефон
-
Магазин2 дена
Кратка историја на вртоглавиот технолошки напредок
-
Свет2 дена
КРАЈ НА ЕДНА ЕРА: Њујорк ги отстрани познатите телефонски говорници
-
Скопје13 часа
Следните скопски реони утре со времен прекин на електрична енергија поради работа на ЕВН