Кичево
Вулканизер „Виктор“ – Кичево: Сега е вистинско време за зимски гуми по одлична цена пред големиот метеж

Сега е вистинско време да набавите зимски пневматици по одлична цена, бидејќи како што знаеме од 15-ти ноември започнува законската одредба за поседување зимска опрема во автомобилите и истата ќе трае до 15 март како и секоја година.
За вашите потреби тука се Самопослужна Автоперална и Вулканизер „Виктор“ кои ви ги нудат најдобрите услови за зимска гума, притоа добивате гратис балансирање на истата, како и бесплатна монтажа.
На чекор пред другите повеќе од 24 години, со екстра цени на зимски и „all season“ пневматици од познатите брендови од различни класи (автомобилски, SUV, тешки товарни итн) од познатите Continental, Michelin, Pirelli, Toyo, Barum, Nexen, Riken, Ling Long, Arivo и останатите.
Како главен бренд кој според клиентите беше високо рангиран, Вулканизер Виктор ќе го работат познатиот Matador
Резервирајте на време, количините се ограничени.
– За повеќе информации упатете се директно до нивниот авто центар или контактирајте преку фејсбук фан страната ТУКА
Кичево
Во семеен стан во блокот на Ламели во Кичево доцна вечерва избувнал пожар

Доцна вечерва пожар избувнал во семеен стан во блокот на Ламелите во Кичево.
Подетални официјални информации за материјална штета и за повредени лица во несреќата немаме, но како што стигнуваат вести, неофицијално од за сега не релевантни извори од терен се шпекулира дека едно лице има подлегнато на повреди, како последица на случката.
– Очевидци кои се на лице место за Порта.мк сведочат дека патот кој води до блокот на Ламели каде бил несреќниот случај е привремено затворен за сообраќај, додека на терен се излезени Медицински екипи на ЈЗУ Општа Болница, ТППЕ Кичево и Полициски екипи при ОВР Кичево.
Подетални информации очекуваме во текот на утрешниот ден од СВР Охрид.
Кичево
(ВИДЕО) „Тргнете го ѓубрето од градот, нè задушивте!“: Кичевчани денес со нов протест за дивата депонија, најавија и по радикални мерки доколку нема решение

Во рамки да денешниот ден се реализираше и вториот најавен протест поради настанатата дива депонија, која како проблем е доста позната помеѓу јавноста и Кичево. Иако во барањата на организацијата беше да излезат надлежните и да кажат за проблемот и за евентуалното решение, не се случи ништо од тоа.
Во продолжение целосниот говор на Бојан Мишкоски – еден од организаторите на протестот.
Репортажа на колегите од „ТВ21“:
Репортажа на колегите од „МРТВ“:
Кичево
(ФОТО) Автошоп „Delta“ – Кичево прославува 25 години постоење, верификуван бренд „број 1“ за вашиот автомобил, сѐ на едно место!

Денес 1-ви мај се навршуваат точно 25 години постоење на Автошоп „Delta“ – Кичево, специјализирана продавница за авто-делови, козметика, пневматици и секаква галантерија. Во нивното 25 годишно постоење во нашиот град владејат одлична репутација на вистински бренд кој е нераскинлив дел од нашите потреби.
– Автошоп „Delta“ е застапник на реномираниот бренд „Exide“ акумулатори, продавницата е генерален застапник во Кичево и на светскиот квалитет на моторни масла и адитиви „Liqui Moly“, каде во 2023, 2024 и 2025 година на државно ниво освоија второ место по продажби на масла, додека претходни години исто така се рангирани на високо место.
Во склоп на Автошоп „Delta“ располагаат и со своја гаража за промена и монтажа на пневматици, балансирање со последниот бренд на машини, монтажа на најновиот бренд на радиа, промена на автомобилски сијалици.
И тоа не е се! Специјално за сите клиенти по повод 25-тиот роденден на Автошоп „Delta“, месец мај ќе биде месец со попуст на целиот асортиман на продукти, затоа искористете го, пазарете и бидете брзо услужени, за сите кои неможат да го подигнат продуктот, Автошоп „Delta“ ќе изврши достава, така што истиот ќе ви го донесе на вашата сакана локација.
Продавницата се наоѓа на добро познатото место, ул „11-ти септември“ во непосредна близина на кружен тек кај Полицијата, работно време секој ден освен недела од 08:00 до 20:00ч, официјални контакт броеви: ☎️ 071/223-646, 071/223-864 и 045/225-095 ☎️
Среќен роденден и успех понатаму!
-
Кичево2 дена
Во семеен стан во блокот на Ламели во Кичево доцна вечерва избувнал пожар
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (8 мај)
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за петок (9 мај)
-
Македонија1 ден
На ГП Блато албански државјанин ставил пари во патни исправи, бил лишен од слобода
-
Хроника13 часа
МВР со детали за убиството во Штип, приведени биле и помагачи на сторителот
-
Скопје6 часа
Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела