Следете не

Магазин

WhatsApp воведува транскрипција на гласовни пораки: Полесна и подостапна комуникација

Објавено пред

на

WhatsApp претстави нова функција која овозможува претворање на гласовни пораки во текст, нудејќи подобра пристапност и приватност за корисниците. Оваа иновација е особено корисна во ситуации кога слушањето на гласовни пораки е непрактично, како на бучни места или во присуство на други луѓе.

Како функционира?
Новата функција автоматски создава транскрипт од гласовната порака директно на вашиот уред. Ова значи дека текстот останува приватан и достапен само за вас. За да ја активирате, потребно е да одите во Settings > Chats и да ја вклучите опцијата „Транскрипти за говорни пораки“. Дополнително, можете да го изберете јазикот на кој ќе се врши транскрипцијата.

Кога ќе добиете гласовна порака што сакате да ја прочитате, едноставно држете подолго на пораката и ќе се појави опцијата за транскрипција. Текстот потоа ќе биде прикажан на екранот, овозможувајќи ви лесно да го прочитате содржајот.

Достапност и идни ажурирања
Функцијата ќе биде достапна за сите корисници во текот на наредните недели. Првично ќе поддржува ограничен број јазици, со планови за проширување во иднина.

Оваа новина ја зацврстува позицијата на WhatsApp како платформа која се грижи за потребите на своите корисници, овозможувајќи им поголема флексибилност во начинот на комуникација.

Извор: pcpress

Хороскоп

Хороскоп за петок (5 декември)

Објавено пред

на

ОВЕН
Денот на работното место тече во добра комуникација со соработниците и воспоставување на нови договори. Ве очекува финансиска добивка. На емоционален план имате потреба да доминирате над партнерот. Здравјето е солидно.

БИК
На работното место сте самоуверени и влегувате во конфликти само за да докажете дека сте во право. Емотивно сте расположени за размена на нежности и слатки зборови со другата половина. Прошетката е добар начин за опуштање и подобрување на расположението.

БЛИЗНАЦИ
Деловните проблеми никако да завршат а тоа ве прави фрустрирани. Емоциите ви вријат, можете да дојдете до проблеми во врската поради љубомора. Кога е здравјето во прашање, физички сте неактивни а тоа доаѓа на ваша штета.

РАК
Ви следи деловно и финансиски успешен ден. Ќе бидете задоволни затоа што трудот ќе ви се исплати. Во емоционална смисла сте потонале и размислувате за минатото кое не можете да го промените. Здравјето е солидно.

ЛАВ
Поради работата самодовербата ви е доста ниска. Сатисфакција добивате на емоционално ниво преку партнерот на чија љубов и поддршка можете да сметате во секој миг. Кожата ви е прилично чувствителна.

ДЕВИЦА
Денес е поволен ден за да се позанимавате со некои постари обврски и конечно да ги тргнете од дневниот ред. Во емоционална смисла сте незаинтересирани за било какви дружења или нови познанства. Здравјето ви е солидно.

ВАГА
Расположени сте за работи и сите цели ви делуваат лесно остварливи и достапни. На емоционален план сте напнати па можно е да вашето незадоволство да го „истурите“ врз партнерот. На здравствено поле можни се проблеми со алергии.

ШКОРПИЈА
Во тек е деловен ден поради што ќе се чувствувате максимално фрустрирани. Имате чувство дека не се поместувате од мртва точка. Денот е одличен за љубовна комуникација од таен тип. Синусите ви се прилично чувствителни.

СТРЕЛЕЦ
Денешниот ден е неповолен за комуникација и сообраќај па пожелно е да бидете внимателни. Во емоционална смисла сте затворени и не сакате да зборувате отворено за вашите емоции. Ве очекува нервоза од минлив тип.

ЈАРЕЦ
Денот е неповолен за состаноци па можете да очекувате неко од нив да бидат одложени, а на оние кои ќе бидат одржани можно е да не го добиете она кое го посакувате. Имате понуда за да влезете во нова авантура, но ќе размислувате дали да ја искористите. Чувствително грло.

ВОДОЛИЈА
Ова е одличен ден за јавен деловен успех особено ако работата има врска со законот или јавноста. Расположени сте за љубов, гледање и комуникација со другата половина. На здравствено поле немате проблеми.

РИБИ
Максимално сте посветени на своите деловни обврски и успех. Денес е одличен ден за ново познанство со потенцијалниот партнер кој можете да го запознаете преку работа. Во физичка смисла сте стабилни и силни.

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Само со неколку нови навики, стартот на денот ќе ви биде полн со енергија

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Somnox Sleep

Доколку секоја утрина се борите со алармот и без силно кафе не можете да ја започнете дневната рутина, постои брз трик кој може да ви го промени стартот на денот. Според стручњаците, доволни се само 90 секунди под туш за да го „разбудите“ телото и да се наполните со енергија.

Професионалците од академијата „Кериер Грл“ истакнуваат дека голем дел од луѓето имаат погрешни навики при утринското туширање. Имено, топлата вода создава дополнително чувство на релаксација и поспаност, па дури и кога ќе излезете во студената просторија телото сè уште е „во режим на спиење“.

Нивната препорака е следна: започнете 30 секунди со ладна вода, продолжете 30 секунди со топла и завршете повторно со 30 секунди ладна вода.

Иако на почеток можеби ќе ви биде непријатно, овој контрастен туш ја поттикнува циркулацијата и ги активира капиларите, што делува како природен „вклучувач“ на мозокот и телото. Дополнително, ваквото туширање може да помогне во намалување на стресот, зајакнување на имунитетот преку зголемено создавање бели крвни клетки и поефикасно согорување масти.

Овој ритуал редовно го користат и светските ѕвезди, кои дел нагласуваат дека ладно-топлото туширање делува како природен антидепресив, бидејќи го стимулира мозокот со зголемени електрични импулси и носи чувство на освежување и благосостојба.

/таратур

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за четврток (4 декември)

Објавено пред

на

ОВЕН
Овен, препуштете се на струјата, оставете идеите за пливање против неа за некои денови кога ќе имате повеќе енергија и волја за борба. Искористете го денот за некои работи кои ви се драги, најдете доволно време за себе и поминете го продолжениот викенд на најдобар можен начин, опуштено и ослободувајќи го стресот од претходната работна недела.

БИК
Телото ви испраќа веќе доста гласни сигнали дека сте работеле премногу. Иако сметате дека можете да направите сè, не е така, затоа пронајдете ја најдобрата варијанта на активен одмор што ќе ви овозможи да ја обновите енергијата, затоа што деновите што доаѓаат ќе бидат доста интензивни и долги, така што ќе ви треба малку сила можете да излезете од себе.

БЛИЗНАЦИ
Близнаци, малку сте презаситени со идеи и задачи што планирате да ги направите денес. Бидејќи денот има само 24 часа, дури и да беше сабота, поставете приоритети и справете се со она што денес ќе можете да го завршите, за да не продолжувате да пренесувате недовршени проекти од фиока до фиока. Не ви се допаѓа организацијата, но ќе мора да дадете се од себе, барем малку.

РАК
Ракови, позанимавајте се со дизајнот на ентериерот, така што просторот во кој живеете ќе ја пресликува вашата личност. Работевте и заработивте многу, и сега е време да вложите дел од тоа во уредување на вашето секојдневие, што треба да ве направи поудобно и пофункционално. Не ви требаат драстични промени, но мали, но ефективни корекции.

ЛАВ
Возбудата и несигурността на Лавовите се гориво кое во моментов ве придвижува. Бидете внимателни толку многу сила да не ве исфрли патеката на која се движите, што сигурно ќе се случи во случај наскоро да не ја вратите вродената самосвест. Овој тивок ден е вистинска можност да ги распоредите работите во вашата глава на начин што ви одговара.

ДЕВИЦА
Девици, престанете да размислувате како би било да патувате на некое од местата за кои сонувате и направете план еднаш засекогаш како ќе го постигнете тоа во најкус можен рок. Споделете ја идејата со вашите пријатели и наскоро ќе има некој што би бил многу среќен да тргне во авантура со вас, без оглед колку тоа не е вродено.

ВАГА
Динамиката со која моментално дејствувате е изненадување и за вас и за вашата околина, која се навиккнала на малку побавно темпо. Бидејќи е важно да дејствувате во моментот наместо премногу да зборувате напразно, имате можност да ја средите ситуацијата и да ја свртите во ваша предност, колку и да изгледа неповолно на прв поглед.

ШКОРПИЈА
Малку повеќе храброст за вас Шкорпии нема да ве повреди, затоа што веќе сте влегле во некоја рутина што не ви се допаѓа, а тоа дава погрешна слика за вас како личност. Затоа, одвојте разумна сума пари и обновете ја својата гардероба и фризура, а искористете ја денес за да ја испланирате преуредувањето на свој начин.

СТРЕЛЕЦ
Бидејќи крајот на минатата недела за Стрелецот беше прилично добар во споредба со последните неколку недели, вие сè уште ја чувствувате позитивната енергија што секогаш ве исполнува кога ви оди добро. Зчувајте ја колку што можете повеќе во меморијата, за да имате доволно резерви за малку помалку среќен период.

ЈАРЕЦ
Јарци, вие сте многу креативни кога размислувате да поминувате време со пријателите и семејството, но обврските што ги натоваривте малку го нарушуваат концептот. Обидете се да разговарате со пријатели за кои мислите дека можат професионално да работат со вас, а понудата што ја имате за нив не е занемарлива во време на рецесија – сепак може да имате доверба.

ВОДОЛИЈА
Не трошете природни ресурси, драги Водолии, затоа што на овој начин ќе ја изгубите почитта на некои луѓе за кои се грижите. Иако всушност сте доста зелени во мислите, не постои начин тоа да се преведе во начин на живот, па затоа денес би било идеално за одредени првични промени во вашата глава, смирени и смирени како што знаете само вие.

РИБИ
Риби, богатството ви се смее финансиски и деловно, а вие чекавте доволно долго и ваквата промена ќе ви донесе голема насмевка на вашето лице. Но, ако изгледате доволно добро и се сконцентрирате на вас, ќе откриете дека успехот навистина ви се0 насмевнува, фатете ј0 и искористете ја можноста што ви е понудена на послужавник.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп8 минути

Хороскоп за петок (5 декември)

ОВЕН Денот на работното место тече во добра комуникација со соработниците и воспоставување на нови договори. Ве очекува финансиска добивка....

Македонија1 час

Сообраќај по наместа влажни коловози, намалена видливост поради магла има на превоите „Стража, Ѓавато, Плетвар и Крушево “

АМСМ и Македонија Пат известуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради...

Свет2 часа

Поради злоупотреба, Русија ги блокира „Snapchat“ и „FaceTime“

Русија го забрани пристапот до „Snapchat“, популарната социјална мрежа за споделување фотографии и видеа кои се автоматски бришат по краток...

Здравје и убавина14 часа

Само со неколку нови навики, стартот на денот ќе ви биде полн со енергија

Доколку секоја утрина се борите со алармот и без силно кафе не можете да ја започнете дневната рутина, постои брз...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за четврток (4 декември)

ОВЕН Овен, препуштете се на струјата, оставете идеите за пливање против неа за некои денови кога ќе имате повеќе енергија...

Спорт1 ден

Благоја Милевски се заблагодари на сите досегашни претседатели на ФФМ, сите наши фудбалери, стручен штаб, медицински лица и логистика

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски на кој му заврши договорот како предводник на македонската селекција, преку ФФМ истакна...

Кичево1 ден

Јовановски: „Ние во Кичево не можеме да исчистиме толку брзо колку што некои несовесни граѓани можат да расфрлаат ѓубре“

Предмалку градоначалникот на Општина Кичево, Д-р Александар Јовановски соопшти фрапантен податок кој несомнено тоа го гледаме и со сопствени очи....

Култура2 дена

Утре е голем празник, помолете се за здравје, на врата ни е „Пресвета Богородица Пречиста“, на помош слава, за многу години!

Народот овој празник го нарекува Пречиста, што одлично ја доловува неговата смисла. Тоа е празник на воведувањето на пресветата девојка...

Временска прогноза2 дена

Дождот продолжува, на планините кои се над одредена надморска височина ќе се формира снежна покривка

Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот и на серија на влажни воздушни бранови до недела (7 декември)...

Технологија2 дена

„Sony“ го лансира најновиот супер моќен продукт „Sony A7 V“, опремен со нов сензор и „partial stacked“ архитектура

На пазарот излегува супер моќниот „Sony a7 V“, кој претставува напреден хибриден фотоапарат насочен кон ентузијасти и полупрофесионалци, опремен со...

НАЈЧИТАНИ