Спорт
За Европско нов предизвик преку Италија и Англија, Милевски истакна потешка група неможевме да добиеме

Македонија во група со Италија, Англија, Украина и Малта во квалификациите за Европското првенство 2024.
Благоја Милевски – селектор на македонската А репрезентација:
– Фудбалски предизвик за сите нас.
Ја добивме најтешката можна група. Веројатно и сами да биравме, посилни противници немаше да можевме да избереме.
Но, ние веќе се навикнавме на ваква среќа.
– Ги добивме финалистите од последното Европско првенство и апсолутни фаворити за првите две места во групата.
Се разбира дека ќе ја бараме нашата шанса и ќе се обидеме да останеме конкурентни до самиот крај, а објективните околности ќе покажат дали може да се надеваме на висок пласман.
– Групата е пеколно тешка, а такви ќе бидат и натпреварите. Наше е да веруваме во себе, за медиумите истакна Сер Боби.
Спорт
Офанзивецот на „црвените ѓаволи“ на чекор до шпански Бетис

Бразилскиот офанзивец на Манчестер Јунајтед, Антони, се наоѓа на чекор до повторно приклучување во редовите на Бетис, откако двата клуба најдоа заеднички јазик околу надоместокот за трансферот.
Според информациите на „Атлетик“, англискиот клуб ќе инкасира 25 милиони евра од продажбата, а ќе задржи и 50% од евентуалната негова идна препродажба.
Со ова решение е надмината клучната пречка – андалузискиот тим немаше финансиска моќ да понуди повеќе, но доколку Антони повторно заблеска во зелено-белиот дрес, Јунајтед може да оствари дополнителна заработка.
Антони пристигна на „Олд Трафорд“ во 2022 година од Ајакс за 95 милиони евра, каде повторно соработуваше со својот поранешен тренер Ерик тен Хаг. Сепак, тешкотиите со адаптацијата и ограничената минутажа, дополнети со недоразбирањата со новиот стратег Рубен Аморим, доведоа до тоа неговото заминување да стане неизбежно.
Минатата пролет 25-годишникот настапуваше како позајмен играч во Бетис и остави одличен впечаток – на 26 средби постигна 9 погодоци и запиша 5 асистенции. Од тој момент клубот од Севилја постојано настојува да го врати во своите редови, но Јунајтед инсистираше на повисока сума.
Сега, откако не е дел од плановите на Аморим, постигнат е компромис и Бразилецот ќе се врати на „Бенито Виљамарин“.
Во меѓувреме, Бетис ја започна новата сезона во Ла Лига со осум бодови по првите четири натпревари и по паузата за репрезентативни настапи го очекува гостување кај Леванте.
Извор: thesun
Спорт
Германија ја запиша третата последователна победа на Европското првенство, совладувајќи ја убедливо Литванија

Кошаркарската селекција на Германија ја запиша третата последователна победа на Европското првенство, совладувајќи ја Литванија со убедливи 107:88 во рамки на третото коло од групата Б.
Главна фигура на натпреварот беше Денис Шредер, кој блескаше со 26 поени и 10 асистенции, а покрај него се истакна и Франц Вагнер со 24 поени и 7 скока. Даниел Тајс имаше беспрекорно издание – постигна 23 поени со шут 9/9 од игра. На спротивната страна, Рокас Јокубаитис беше најефикасен за Литванија со 20 поени, додека Јонас Валанчиунас придонесе со 14.
Сепак, дуелот не мина без сенка. За време на паузата на полувремето, дел од литванските навивачи се однесуваа расистички кон темнокожите играчи на германската репрезентација.
🇩🇪 Dennis Schroder revealed that he was the target of “monkey noises” during the game against Lithuania!
Racism has no place in sports or in real life ✊🏿 pic.twitter.com/ARwFIKqCe5
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) August 30, 2025
– „Навистина е разочарувачки – се слушаа непристојни звуци од трибините. Тоа нема место ниту во кошарката, ниту во било кој спорт,“ изјави Шредер за МагентаСпорт по натпреварот. Тој додаде дека некои навивачи биле отстранети од арената, а ваквите инциденти спореди со ситуациите што ги доживува Винисиус Жуниор во фудбалот.
Неговиот соиграч Исак Бонга рече дека не ги забележал навредите бидејќи бил фокусиран на играта, додека помошниот тренер Алан Ибрахимагиќ потврди дека во соблекувалната немало дискусија на оваа тема.
Со овој триумф, Германија останува непоразена и го зацврстува првото место во групата, додека Литванија падна на скор од две победи и еден пораз
Спорт
Со заложби на претседателот Омерагиќ и општина Битола, овој град повторно на европската фудбалска мапа, стадионот „Петар Милошевски“ доби зелено светло од „УЕФА“

Градот под Пелистер на 9 септември ќе биде центар на младинскиот европски фудбал, откако стадионот „Петар Милошевски“ доби официјална дозвола од УЕФА да биде домаќин на квалификацискиот дуел помеѓу македонската селекција до 21 година и силната репрезентација на Италија.
Во изминатиот месец и половина, Фудбалската федерација на Македонија во партнерство со општина Битола вложи околу 150.000 евра за комплетна санација и модернизација на спортскиот комплекс. Резултатот е стадион кој денес изгледа препознатливо европски и кој е подготвен за настани од највисоко ниво.
Новата јужна трибина е опремена со комфорни седишта, тартан патеката е заменета со современа подлога, а службените и медиумските простории добија нов изглед и функционален мебел. Поставени се и нови клупи за резервните играчи, уреден е ВИП секторот, а ФФМ донираше модерен ЛЕД семафор. Дополнително, тревната подлога беше освежена и подготвена со специјализирана механизација и експертски тимови.
Со овие подобрувања, „Петар Милошевски“ ги исполнува сите критериуми за организација на меѓународни натпревари и ја враќа Битола на големата фудбалска сцена.
Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, ја нагласи важноста на овој проект, „Она што го зацртавме како цел – да ја вратиме фудбалската магија во Битола – денес е остварено. Со заедничка работа со градоначалникот Коњановски и тимот на општината, покажавме дека и за кратко време може да се постигнат големи резултати. Овој успех е само поттик да продолжиме со реконструкции и на другите стадиони во државата.“
Следниот чекор, како што најави Омерагиќ, е реконструкцијата на градскиот стадион во Тетово, со што ФФМ и управата ја продолжуваат својата мисија за унапредување на спортската инфраструктура на национално ниво.
Со ова, Битола не само што добива модерен спортски објект, туку и нова енергија за развој на фудбалот и спортската култура во регионот, истакна Фудбалската федерација на Македонија на својето веб гласило.
-
Кичево2 дена
(ФОТО) Во близина на с.Зајас кичевско, тешко товарно возило излетало од коловоз
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (31 август)
-
Кичево17 часа
(ФОТО) По работната акција, светнаа трибините на градскиот стадион од ФК Напредок
-
Временска прогноза1 ден
Попоски предмалку истакна важни информации околу временската состојба
-
Хороскоп12 часа
Месечен Хороскоп (септември 2025)
-
Скопје2 дена
Полициски службеници спречија ширење на пожар на СЦ Борис Трајковски, евакуирана публиката, девет полициски службеници завршија на токсикологија
-
Спорт2 дена
Германија ја запиша третата последователна победа на Европското првенство, совладувајќи ја убедливо Литванија
-
Автомобили23 часа
Американските анализи покажуваат дека автоматските менувачи доминираат на нивниот автомобилски пазар