Временска прогноза
За големиот Христијански празник студено време, од четврток на вечер нови снежни врнежи во западниот дел од државата
Како што претходно најавивме, утре на големиот Христијански празник Богојавление – Водици и во четврток во текот на денот времето во Македонија ќе се задржи стабилно, суво и сончево. Наутро ќе биде МНОГУ СТУДЕНО и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9 степени.
Под влијание на влажен и студен воздушен бран, во текот на ноќта четврток кон петок, како и во петок ќе има врнежи од снег, ПОИНТЕНЗИВНИ во западните предели каде снежна покривка ќе се формира и на пониските места, а на планините истата ќе се зголеми. Тенка снежна покривка ќе се формира и во останатите места, освен во Повардарието и во југоисточните предели, а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец, најизразен Долж Повардарието.
Потоа за време на викендот сеуште ќе има услови за локални слаби врнежи од снег. Наутро ќе биде особено студено и минималните температури понекаде ќе се спуштат под -15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -6 до 2 степени.
И во Скопскиот регион утре и во четврток времето ќе биде стабилно, суво и сончево. Во текот на ноќта четврток кон петок, а особено во петок ќе има повремени врнежи од снег, а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -7 до -4 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 4 степени.
Напомена: За време на овој влажен бран кој ќе ја зафати нашата држава, можно е накратко на некои ниски места да има врнежи од дожд и снег и истите набргу ќе преминат во врнежи само од снег. Поради многу ниските температури на воздухот, ќе има појава на ГОЛОМРАЗИЦА па затоа ги советуваме возачите да бидат крајно претпазливи доколку се движат низ планинските превои или одат кон скијачките центри. Крајно претпазливи да бидат и пешаците.
Автор: Славчо Попоски
Временска прогноза
Временска прогноза до 22 декември, следува ладен период, појава на слана, мраз, подледици по речните долини и магла
Во текот на целата наредна седмица и тоа во периодот од 15 декември па се до 22 декември територијата на целиот Балкан и Македонија останува да биде под влијание на силниот Антициклон (Поле на висок воздушен притисок) кој се протега од југ и истиот условува да имаме температури значително над просекот за месец декември и стабилно и суво време без никави врнежи.
Сепак наутро останува да е ладно и на повеќе места температурите ќе се спуштаат за неколку степени под нулата па така се очекува појава на слана и на слаб мраз. Во ваква ситуација по котлините и по речните долини и понатаму особено во ноќните и во утринските часови ќе има појава на магла и на ниска облачност и таа повремено ќе биде густа и ќе условува намалена видливост.
Појава на магла и на ниска облачност особено во ноќните и во утринските часови ќе има и во делови од Скопската котлина.
Температурите пак како и до сега остануваат значително да бидат над просекот за месец декември и тие на повеќе места кај нас ќе надминуваат 10 степени а во југоисточните предели температурите ќе се искачуваат до околу 15 степени.
Во Скопје и околината наутро пак температурата ќе се спушта за некој степен под нулата а преку ден таа ќе се искачува до околу или ќе надминува 10 степени, доцна вечерва соопшти метеорологот Славчо Попоски
Временска прогноза
Ладно на утро со температури под нулата
Влијанието на силниот Антициклон кој се протега од југ и кај нас условува да имаме стабилно суво и претежно сончево време со појава на магла и ниска облачност во дел од котлините ќе продолжи и за време на овој викенд. Сепак, температурите ќе бидат за неколку степени пониски за разлика од изминатите денови но и покрај ова тие и понатаму ќе бидат над просекот за месец декември.
И во Скопје и околината за време на овој викенд ќе продолжи стабилното суво и претежно сончево време. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Во делови од колтината особено во утринските и во ноќните часови ќе има појава на магла и ниска облачност.
Викендов наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 3 степени а преку ден температурата ќе се искачува во интервалот од 7 до 14 степени.
Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта за некој степен под нулата а преку ден таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 9 и 11 степени, соопшти Славчо Попоски
Временска прогноза
Снег нема ни на повидок, продолжува периодот под влијание на Антициклон во Македонија
Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна и сува воздушна маса во Македонија продолжува долгиот период на стабилно, суво и на претежно сончево време. Утре (петок 12 декември) и повторно во недела (14 декември) повремено ќе засилува ветерот од северен правец а температурите малку ќе опаднат во однос на оние температури кои ги имавме изминатите неколку денови. Сепак и покрај ова тие и понатаму ќе бидат над просекот за месец декември.
Наутро и во ноќните часови по котлините ќе има појава на магла и на ниска облачност па во овие места преку ден температурите ќе останат пониски.
И во Скопје и околината ќе имаме слично време како и во останатите предели од Македонија. Наутро и повторно во ноќните часови во делови од Скопската котлина ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност.
Наутро останува поладно со температури кои на повеќе места ќе се спуштаат до близу или за некој степен под нулата. Преку ден пак тие на повеќе места ќе се искачуваа до околу или пак ќе надминуваат 10 степени. Во југоисточните предели пак температурата ќе се искачи до околу или пак ќе надмине 15 степени, утрово соопшти Славчо Попоски
-
Хороскоп2 денаХороскоп за понеделник (15 декември)
-
Кичево1 денТППЕ Кичево вчера со полни раце работа, интервенирале врз опожарен автомобил и зграда
-
Кичево2 часаПополнета рубрика 2025: „Зошто вредиТ да си од Кичево“ – некои натписи сигурно за прв пат ќе ги прочитате
-
Временска прогноза2 денаВременска прогноза до 22 декември, следува ладен период, појава на слана, мраз, подледици по речните долини и магла
-
Хороскоп14 часаХороскоп за вторник (16 декември)
-
Македонија21 часОд ноќеска цената на дизелот и бензинот се намалува, еве колку ќе чини литар гориво на малопродажните објекти ширум Македонија
-
Спорт2 денаРакометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар
-
Технологија2 денаОткриен нов малвер по име „DroidLock“ – го заклучува телефонот и снима
