Следете не

Култура

(ВИДЕО) Дечињата од Кичево радосно пееја по повод празникот „Лазарево Воскресение“

Објавено пред

на

Денес празнуваме еден невообичаен настан во кој се опишува победата над најголемиот страв на човекот – смртта, со кој воедно се навестува победата на Христос над Адот. Имено, станува збор за воскресението на четиридневниот мртовец Лазар, наречен уште и пријател Христов.

За личноста на Свети Лазар дознаваме од денешното евангелско четиво, кое ни укажува дека тој бил од Витанија, брат на сестрите Марта и Марија. Лазар тешко се разболел и умрел. Исто така и канонот за овој празник го покажува Христа како навистина близок пријател на Лазара: Си просолзил над пријателот, Спасителе мој. „Како што другаруваше со Лазар, Христос сака да другарува и со целото човештво. Поради таа причина и дојде – да го разбуди човештвото од гревовниот сон, кој го разделува од Него. Лазар, пријателот наш, заспал; целото човештво заспало, но ќе отидам да го разбудам (Јован 11,11). Кога Христос, пак, дошол на гробот на Лазар, Го предупредиле дека Лазар е веќе четири дена во гробот и дека можеби веќе и неговото тело е во фаза на распаѓање. Но, Дарителот на животот на сите, како на привремено заспан човек му се обратил и рекол: Лазаре излези надвор!, и Лазар веднаш излегол завиткан со платно на рацете и нозете и со бела крпа врз главата. Тоа ни кажува дека смртта на човекот е само привремена, затоа што Бог сака да биде со нас во вечноста“ (Епископ Партениј Бигорски).

На нашите простори за Лазаревото Воскресение постојат голем број на традиции и обичаи. Повеќето од нив се окарактеризирани како народни, затоа што се однесуваат главно на сегашниот живот на човекот и содржат најразлични текстови за разни благослови: за стапување во брак на девојките и момчињата, благослови за здравје и благосостојба на домаќинот на куќата, сето тоа проследено со разновидни песни и ора. Сепак, постојат и прекрасни традиции главно од теолошки карактер, како што е денешната традиција, која датира од многу поодамна и била многу застапена на нашиве простори, а тоа е традицијата на собирање на врбови гранчиња.

Во отсуството на палми на нашите простори, врбовите гранчиња кај нас ги симболизираат палмовите гранки со кои бил пречекан Господ Исус Христос во Ерусалим. Знаеме дека палмата била симбол на победата во војните на царевите и војсководците и тие така биле пречекувани од бојното поле, па затоа сега тие се симбол на победата на Царот Христос, но не како воен победник, ами како духовен, Кој ги победи злото и смртта преку љубовта и смирението.

Оваа традиција е проследена со пеење на препознатливи песни т.н. Лазареви каланди, односно песни со кои народот сакал да ја искаже својата љубов и почит кон Светиот Лазар на начин на којшто знаел и умеел, надвор од Црковните Богослуженија, како што тоа го прави и за прославувањето на другите поголеми црковни празници: Божиќ, Василица, Богојавление итн.

На овој ден се практикува и правењето на традиционалните колачиња т.н. лазароми или „лазарчиња“, кои се направени во форма на човек со прекрстени раце, симболизирајќи го Светиот Лазар кој умрен и завиткан во гробни повои, по четири дена беше воскреснат од Господ Христос.

Во продолжение проследете го видеото со дечињата од Кичево, каде по повод празникот, гласно пеат за „Лазаревото воскресение“

Култура

Утре е голем празник, помолете се за здравје, на врата ни е „Пресвета Богородица Пречиста“, на помош слава, за многу години!

Објавено пред

на

©porta.mk

Народот овој празник го нарекува Пречиста, што одлично ја доловува неговата смисла. Тоа е празник на воведувањето на пресветата девојка Марија во Ерусалимскиот храм.

Првосвештеникот Захарија ја воведе не само во храмот, туку и во Светињата над светињите, т.е. во најсветото, најчистото место на храмот, каде што никој никогаш не влегуваше, освен првосвештеникот, и тоа само еднаш во годината. Така, Бог преку света Захарија, кој беше надвор од себе и обземен од Бога”, ја прослави умната и телесна чистота на Марија, која подоцна стана врата на спасението, т.е. го прими во себе, го носеше и го роди Синот Божји, истовремено и Син Човечки, Христос.

Најчистиот се роди од најчистата утроба. Затоа и празникот е Пречиста.

За многу години, утрешниот празник домаќини!

Прочитај повеќе...

Култура

Денес започнува Божиќниот пост кој трае 40 дена и завршува на денот кога се слави Христовото раѓање, Лесни и богоугодни пости!

Објавено пред

на

©porta.mk

Денес започнува Божиќниот пост, кој трае 40 дена и завршува на 7 јануари денот кога се слави Христовото раѓање. Овој пост претставува еден од најзначајните и подолги пости во православието. Неговото значење не се ограничува само на воздржување од мрсна храна, туку опфаќа и напуштање на лошите мисли, постапки и навики, како и поттикнување на милосрдието, скромноста и искреното покајание.

Црквата истакнува дека постот е воспоставен како подготовка на верниците преку очистување и покајание пред Христовото раѓање, како и преку молитва и примање на светата причест.

Иако се смета за поблаг од Велигденскиот пост, Божиќниот пост содржи денови со построги правила пост на вода, денови кога е дозволено масло, како и одредени денови кога е дозволена риба.

Во прилог ТУКА Ви го претставуваме прекрасниот натпис на Билјана Андоновска, писател и поет.

Прочитај повеќе...

Култура

Денес се празнува Св.Архангел Михаил, домаќини нека Ви е на помош празникот на војводата на сите ангели!

Објавено пред

на

Архангел Михаил, кого народот го нарекува и „војводата на сите ангели“, се слави како еден од најголемите небесни заштитници. Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар), денес е 6 септември – ден посветен на споменот на чудата што се случиле во местото Хони, близу Ерапол во Фригија, каде што подоцна била изградена и црква во негова чест.

Главниот празник на свети архангел Михаил, пак, е Собор на свети архангел Михаил, кој се слави на 8 ноември по стариот (или 21 ноември по новиот) календар. Овој ден е еден од поголемите есенски празници што нашиот народ традиционално ги одбележува со домашни служби. Кај луѓето е познат како Аранѓел, Оранѓел или Аранѓеловден, а празникот е востановен во чест на сите ангели, особено на нивниот водач – светиот архангел Михаил.

На овој ден именден празнуваат: Ангел, Ангелина, Михаил, Михаила, Мила, Милка, Михо, Рајко, Рајна, Ратка и други.


Ангелите и улогата на Архангел Михаил

Според црковното предание, пред создавањето на видливиот свет, Бог го создадил духовниот свет – ангелите. Тие се невидливи духовни битија и затоа на фреските се претставени во човечка форма, со крилја како симбол дека се Божји весници. Нивното бело облекување означува чистота и невиност.

Архангел Михаил е единствениот ангел прикажан во војводска облека, со меч и копје. Причината се крие во неговата улога во борбата против паднатите ангели. Кога дел од ангелите, предводени од Деница, се одметнале од Бога, архангел Михаил застанал во одбрана на Божјата правда, ги собрал верните ангели и го победил предводникот на злото, симнувајќи го од небесата.

Во знак на верност кон Бога, архангел Михаил и сите ангели ја воспеале Света Троица со песната:
„Свет, Свет, Свет е Господ Саваот“.

Во спомен на овој небесен собир е востановен празникот Собор на свети архангел Михаил, со кој црквата им оддава чест на сите ангели.


Зошто празникот се слави токму во ноември?

Според старите сметања, годината започнувала во март, а ноември бил деветтиот месец. Деветката симболично ги претставува деветте ангелски чинови. Осмиот ден од месецот (8 ноември) пак се зема како симболичен знак за „осмиот ден“ – времето по Страшниот суд, кога Христос ќе дојде да им суди на живите и мртвите.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Здравје и убавина5 часа

Неколку совети како да ги намалите масните наслаги на нозете кои со време биле наталожени

Топењето на масните наслаги на кој било дел од телото не е процес што се случува преку ноќ. Потребни се...

Кичево8 часа

Пополнета рубрика 2025: „Зошто вредиТ да си од Кичево“ – некои натписи сигурно за прв пат ќе ги прочитате

Кога ќе те прашаат: „Од кај си?“, ти им викаш: „Од Кичево“. Е, често пати потоа те гледаат коцкесто бидејќи...

Хороскоп20 часа

Хороскоп за вторник (16 декември)

ОВЕН Направете планови за работа што ќе бара вистински професионалци, веројатно луѓе постари од вас. Без разлика на кој пол...

Македонија1 ден

Од ноќеска цената на дизелот и бензинот се намалува, еве колку ќе чини литар гориво на малопродажните објекти ширум Македонија

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалуваат за 2,00 ден/лит, во...

Скопје1 ден

(ФОТО) Успешно реализиран првиот четиридневен „Startup Revolution AI Summit“ во Скопје со над 1200 учесници од регионот и пошироко

Четиридневниот Startup Revolution AI Summit, одржан од 27 до 30 ноември 2025 година, го претвори Скопје во најголемиот собирен простор...

Кичево1 ден

ТППЕ Кичево вчера со полни раце работа, интервенирале врз опожарен автомобил и зграда

На 14.12.2025 во 20:45 часот во ОВР Кичево е пријавено дека настанал пожар во зграда на улица „Маршал Тито“ во...

Фото: Steven Ungermann @ unsplash Фото: Steven Ungermann @ unsplash
Lifestyle1 ден

Идеално решение за мувла во бањата: експертски совети за ефикасна превенција

Мувлата во бањата е чест проблем со кој се соочуваат речиси сите домаќинства. Сепак, со неколку едноставни и практични мерки...

Фото: Taylor Beach @ unsplash Фото: Taylor Beach @ unsplash
Lifestyle1 ден

Патник споделува трикови за паметно пакување: „Носете ги најтешките предмети врз себе“

Паметното пакување може значително да ви заштеди простор, тежина и стрес при патување. Искусни патници советуваат дека со неколку едноставни...

ФОТО: Levart_Photographer @ Unsplash.com ФОТО: Levart_Photographer @ Unsplash.com
Магазин1 ден

Disney инвестира 1 милијарда долари во OpenAI и ги отвора своите легендарни ликови за вештачка интелигенција

Компанијата Walt Disney објави дека инвестира 1 милијарда долари во OpenAI и потпишала тригодишен договор за лиценцирање, со кој корисниците...

Фото: William Hook @ unsplash Фото: William Hook @ unsplash
Магазин1 ден

По iOS 26.2, Apple оди чекор понатаму: 10 клучни функции доаѓаат со идните верзии на iOS

Протечени информации од внатрешниот програмски код на Apple откриваат амбициозни планови за идните верзии iOS 26.4, iOS 27 и iOS...

НАЈЧИТАНИ