Следете не

Кичево

За утре најавен времен прекин на електрична енергија во с.Букојчани и с.Преглово

Објавено пред

на

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа утре на ден 25.04 – вторник, ЕВН КЕЦ Кичево ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата во следните кичевски села:

  • с.Преглово (Од 09:00 до 15:00ч)
  • с.Букојчани (Од 10:30 до 12:30ч)

Напомена: Времетраењето „од-до“ може да зависи од ефикасноста на работата.

Кичево

Утре на стрелиштето во с.Осој ќе се спроведе Боево гаѓање на кичевската Полиција

Објавено пред

на

На ден 18.06.2025 со почеток од 08:00 часот редовниот состав полициски службеници од полициската станица од општа надлежност и од станицата за безбедност во патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Охрид,  на армиското стрелиштето кај селото „Осој“ во близина на Кичево, ќе спроведат вежбовна активност за боево гаѓање. Оваа активност се реализира по претходен договор и известување до стрелиштето, ЈЗУ „Општа Болница” Кичево и урбаната заедница од селото Осој.

– Пред почетокот на боевото гаѓање, полициски екипи преземаат безбесносни мерки, вршат теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето со цел, оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони. Медицинското обезбедување на боевото гаѓање ќе го вршат стручните медицински екипи од ЈЗУ „Општа болница“ – Кичево.

Апелираме, граѓаните кои се движат кон стрелиштето, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници, за Порта.мк и јавноста истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Прочитај повеќе...

Кичево

(ФОТО) Денес по пријава ТППЕ Кичево безбедно отстрани змија од возило

Објавено пред

на

©porta.mk

Во рамки на денешниот ден во ТППЕ Кичево бевме сведоци на една спасувачка акција по пријава на приватна компанија до надлежната против пожарна единица.

Имено, по претходна пријава на реномирана приватна компанија дека во нивното возило е приметена змија, веднаш интервенираше ТППЕ Кичево.

Не е прв пат да добиеме пријава на граѓани за ваков или сличен настан. Пред неполна седмица исто така отстранивме змија. Во денешниот случај за два часа безбедно ја завршивме работата и влекачот кој беше долг околу 120см го пуштивме во природа, онаму каде му е местото, за Порта.мк истакна еден од вработените на дежурната екипа од ТППЕ Кичево.

Прочитај повеќе...

Кичево

(ФОТО) Од понеделник во Кичево започнува наплата на зонско паркирање во три зони

Објавено пред

на

©porta.mk

Во град Кичево по булевар „Ослободување“ започнува зонско паркирање кое според постапката е започнато уште во 2015 година, тогаш со речиси завршени сите консултации со сите релевантни чинители кои се надлежни во оваа процедура дури сега се превземаат активности околу неговата конечна реализација.

Како што наведуваат од „ЈП Комуналец“ – Кичево, стартот со работа се очекува да биде овој понеделник, односно 16.06.2025 г, додека градското подрачје ќе биде поделено во три зони, „Зона А, Б и Ц“ (K11 до К34)

 

Според приказот објавен на претпријатието сите инструкции за наплата ќе бидат на самите таблички, а бројот за смс пораки ќе биде 144144.

Според информациите, наплатата ќе биде до 30 денари, односно 20 или 10 денари од час, од 07:00 до 22:00 часот

– Претходно кичевчани во јавноста беа со поделено мислење, некои од нив додаваа дека тоа е нов удар по нивниот џеб, некои пак се конечно задоволни што колку-толку ќе се реши сообраќајниот хаос во шпицот на сезоната во паркинг секторот.

Во секој случај, ваквиот пристап го има речиси во сите градови во Македонија и поголемиот дел од граѓаните веќе ги користат услугите на платен и обезбеден паркинг простор.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп2 часа

Хороскоп за понеделник (23 јуни)

ОВЕН Целото ваше внимание е насочено кон некој семеен проблем. Денес ќе се случи конечната кулминација на сето тоа а...

Македонија12 часа

Полицијата за граничен надзор на „Охридско езеро“ со полни раце работа, приведен охриѓанец и албански државјанин поради незаконит риболов и влез во државата

На 22.06.2025 година во 04.35 часот во водите на Охридското езеро, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско...

Lifestyle14 часа

Што навистина се случува кога кожата ќе изгори од сонце?

Изгорениците од сонце не се само моментално црвенило – тие се знак за длабоко оштетување на кожата. Под површината се...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за недела (22 јуни)

ОВЕН Може да очекувате промени поврзани со вашето работно место. Пред вас е фаза која може да биде многу турбулентна....

Македонија2 дена

Возач од тетовско нов рекордер, возел 190 на саат на место ограничено 80 км/ч

На 20.06.2025 во 10.51 часот на патот Гостивар – Тетово, кај клучка Камењане, полициски службеници од Полициската станица за безбедност...

Временска прогноза2 дена

Претежно сончево и по свежо на утро со северен ветер

Под влијание на стабилна, сува и посвежа воздушна маса од север, викендов повремено ќе засилува ветерот од северен правец, особено...

На денешен ден2 дена

Времеплов: На денешен ден – 21 јуни

На денешен ден 21 јуни, хронолошки подредени значајни настани што се случиле низ различни години и делови на светот. Еве краток...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за сабота (21 јуни)

ОВЕН Можеби немате веќе нови идеи и тешко ви е да имате позитивни мисли кога станува збор за работата. Мора...

Македонија3 дена

Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова е новата цена

Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за...

Lifestyle3 дена

Валкан клима уред? Потенцијална закана за здравјето – еве зошто

Клима уредите се незаменливи во летните месеци, но ако не се одржуваат правилно, можат да претставуваат сериозна опасност за здравјето....

НАЈЧИТАНИ