Временска прогноза
За викендот кој доаѓа нова најава за снег и на пониските места ширум Македонија?

Најновото ажурирање на Европскиот модел за Среднорочна прогноза (ECMWF) црта голем снежен бран и продор на многу поладен воздух од Арктикот кон Македонија, и тоа за време на викендот. Во најголем дел од Македонија ќе има обилни врнежи претежно од снег, но најпрвин на пониските места ќе бидат од дожд, и истите полека речиси насекаде во Македонија ќе преминуваат во снег.
Со овој ладен и снежен бран, секако снег ќе донесе и во Скопскиот регион.
Како што можете да погледнете на Метеоролошката карта, на планините и Скијачките центри се очекува нов снег со висина од 50 па дури до еден метар. Значителна снежна покривка ќе се формира и во повеќе градови од Македонија.
Ја следиме ваквата метеоролошка ситуација, и за секоја ново – настаната временска состојба навремено ќе бидете информирани, информираше Славчо Попоски.
НАПОМЕНА: Промени и варирања на прогностичкиот модел околу очекувањето на висината на снежната покривка за време на викендот се сеуште можни, со што нови метео информации токму околу овој снежен бран следуваат во следните мои метео објави.
Временска прогноза
По ладни утра проследени со ладен воздух од северен правец

Под влијание на стабилна, сува и посвежа воздушна маса од север, во текот на оваа седмица времето во Македонија ќе биде претежно сончево и посвежо со мала до умерена локална облачност. Особено свежо ќе биде наутро кога минималните температури на повеќе места ќе се спуштаат до околу па и под 10 степени, а во делови од нашата Македонија, особено на повисоките и на планиснките места температурата ќе се спушти и под 5 степени, или близу 0 степени.
Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 28 степени, а повремено во југоисточните предели таа ќе се искачува до околу 30 степени. Во Скопје температурата наутро во текот на оваа седмица ќе се спушти до околу 10 степени а максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 25 и 30 степени.
Утре и задутре (вторник и среда 16/17 септември) ќе дува засилен, повремено и силен ветер од северен правец, повремено и локално со брзина од над 60 км/час. Наутро и тоа како ќе ни биде потребна потоплата облека поради очекуваните многу пониски минимални утрински температури на воздухот, информира Славчо Попоски
Временска прогноза
Од денес ќе дува засилен ветер од северен правец, додека времето ќе биде стабилно

Под влијание на значително поладен воздух од север,денес понеделник (15 септември) во Македонија ќе дува засилен до силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Времето ќе биде стабилно, суво и со сончеви периоди. И во Скопје и околината денес понеделник (15 септември) ќе дува засилен ветер од северен правец, повремено ветерот ќе биде и силен и во делови од котлината ќе достигнува брзина од над 60 км/час).
Што се однесува до температурите денес понеделник (15 септември) тие ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени. Во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 28 степени.
Особено свежо па дури и ладно утро ќе имаме во вторник (16 септември) кога температурите ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 14 степени, а во Скопје и околината во вторник наутро температурата ќе се спушти до околу 11 степени.
Поради продорот на ладен воздух од север, особено во вторник наутро и тоа како ќе ни биде потребна топлата облека, информира Славчо Попоски
Временска прогноза
Нестабилна воздушна маса од утре до понеделник носи нова дестабилизација на времето и пороен дожд

Под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса од запад и од северозапад која е поврзана со фронаталната долина со поладен воздух на висина која од северозапад преку алпскиот регион ќе се спушти до нашиот дел од Европа, од утре (четврток 11 септември) до понеделник (15 септември) во Македонија времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локална појава на повремен пороен дожд, грмежи и со засилен ветер во зоната на нестабилност.
Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град. И во делови од Скопскиот регион од утре (четврток 11 септември) до понеделник (15 септември) ќе биде нестабилно облачно со повремен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме.
Поради ваквата ситуација и очекуваното ново невреме во Македонија, апелирам граѓаните да обратат поголема внимателност, односно во случај на појава на невреме и на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер во зоната на нестабилност граѓаните да ги заштитат своите автомобили, тоа значи да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои што се стари и осамени.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени, а во Скопје и околината максималната температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 31 и 32 степени, извести метеорологот Славчо Попоски
-
Спорт2 дена
(ФОТО) Кичевски „ФК Напредок“ ги наполни трибините со љубители на фудбалот, а играчите им возвратија со победа за почеток на сезоната
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (15 септември)
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за вторник (16 септември)
-
Македонија1 ден
Од ноќеска цените на горивата се намалуваат
-
Временска прогноза1 ден
Од денес ќе дува засилен ветер од северен правец, додека времето ќе биде стабилно
-
Здравје и убавина1 ден
Единствен рецепт за појак имунитет
-
Скопје9 часа
(ВИДЕО) Снимка од подметнувањето на пожарот во Пинтија, каде ние човечноста?!
-
Скопје1 ден
(ВИДЕО) Уништени над 4 тони и 18 илјади стебла марихуана и повеќе од 21 килограми друга дрога