Временска прогноза
Затоплување нема ни под разно! Невообичаен период за последната седмица од мај месец!

Под влијание на ладен и влажен воздушен бран од север и од североисток, денешниот ден (недела 25 мај) во Република Македонија ќе биде многу ладен и дождлив насекаде, Локално, особено во јужните и во источните предели врнежите ќе бидат обилни (во овие предели ќе наврнат нови над 20/30 литри дожд на метар квадратен).
Поради падот на температурте, на планините со надморска височина од над 1600/1700 метри ќе има повремени врнежи од снег, со што можно е формирање на помала снежна покривка.
И во Скопје и околината денешниот ден (недела 25 мај) ќе биде дождлив и ладен.
Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, најизразен во Повардарието каде повремено и локално ќе достигнува брзина од над 60 км/час.
Температурите ќе бидат значително потпросечни за овој период од годината и тие ќе се искачуваат во интервалот само од 10 до 18 степени. Во Скопје температурата денес (недела 25 мај) ќе се искачи само до околу 15 степени.
Потпросечните температури на воздухот ќе се задржат и во периодот од (понеделник 26 мај, до недела 1 јуни). Понеделник (26 мај) ќе биде претежно стабилен и сув ден, додека ново дестабилизирање на атмосферата и нови врнежи ни следуваат веќе од вторник (27 мај), предмалку за Порта.мк извести Славчо Попоски
Временска прогноза
Денес во Македонија продор на свежина од север, ова се метео информациите

Поради продор на посвежа воздушна маса од север, во Македонија ни следуваат многу попријатни температури на воздухот, како и намалување на интензитетот на топлиот бран од Африка кој овие денови ја зафати нашата Македонија.
Сето ова ќе услови повремено да дува засилен ветер од северен правец, најизразен во Повардарието. Времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе имаме локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Појава на некое големо невреме овој пат за среќа не очекуваме, што значи дека се работи за значително помала нестабилнот за ралика од минатиот пат, кога беше многу нестабилно.
Температурите во следните денови ќе бидат многу попријатни и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33/34 степени, додека во Скопје максималната температура на воздухот ќе се искачува до околу 32/33 степени, утрово информираше Славчо Попоски
Временска прогноза
Алармот е вклучен, денес ќе имаме најтопол ден од почеток на 2025-та година!

Денес (недела 8 јуни) во Македонија топлотниот бран од Африка ќе го достигне својот максимум и температурите ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 37 степени. Во Скопје максималната дневна температура ќе се искачи до околу 37 степени.
Времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
УВ ИНДЕКСОТ ќе има многу висока вреднот и ќе изнесува коефициент 8.
Денешниот ден ќе биде и најтоплиот ден досега оваа 2025 година, доцна вечерва истакна метеорологот Славчо Попоски од Метеоаларм.
Временска прогноза
Попоски апелира за локална дестабилизација со пороен дожд, ова се информациите

Под влијание на фронтална долина со поладен воздух во висина која се наоѓа над нашиот дел од Европа, во Македонија следува локално дестабилизирање на атмосферата.
Во ваква ситуација, деновиве во попладневните и во вечерните часови ќе има локален развој на грмотевични конвективни облаци од кои очекувам појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер во зоната на нестабилност.
Поради загреаната атмосфера исполнета со енергија, локално процесите ќе бидат интензивни и во форма на невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со услови за појава на крупен град.
И во делови од Скопскиот регион следува развој на грмотевични облаци со поројни врнежи од дожд, силен ветер, електрични празнења (во форма на невреме), особено од утре (четврток 5 јуни).
Што се однесува до температурите, до крајот на оваа недела ќе бидат без промени во однос на оние кои ги имаме сега.
– Апелирам, во случај на појава на невреме граѓаните да обратат поголема внимателност, односно, во случај на појава на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Исто така, во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да ги заштитат, однсоно, да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се осамени, вели Славчо Попоски
-
Кичево3 часа
(ФОТО) Од понеделник во Кичево започнува наплата на зонско паркирање во три зони
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (13 јуни)
-
Кичево2 часа
(ФОТО) Денес по пријава ТППЕ Кичево безбедно отстрани змија од возило
-
Хороскоп17 часа
Хороскоп за сабота (14 јуни)
-
Спорт19 часа
Македонија до 14 години ќе одигра два контролни натпревари против Албанија, кичевчаните Матески и Димоски ќе бидат на списокот на селекторот Станковски
-
Македонија1 ден
Возел мотор со 2,02 промили алкохол во крвта и удрил деветгодишно дете
-
Македонија2 дена
МВР: Бројот 192 поради технички причини моментално не е во функција
-
Хроника1 ден
Лице на 76-годишна возраст пронајдено починато во дебарско, претходно бил пријавен за исчезнат