Lifestyle
Животот како пред пандемијата повеќе нема да биде возможен

Австрискиот вирусолог Кристоф Штајнингер процени дека животот како што беше пред пандемијата на коронавирусите повеќе нема да биде возможен.
Во изјава за виенскиот дневен весник „Prese“, Штајнингер посочи дека психологијата кај луѓето исто така се променила при примената на епидемиолошките мерки.
– Никогаш повеќе нема да прифатиме дека некој носи вирус на грип во болниците или дека десетици илјади луѓе кои не биле вакцинирани, или излекувани од короната или тестирани, можат да бидат едни покрај други на концерт. Повеќе нема да се чувствуваме добро во такви ситуации – потенцира експертот на Медицинскиот универзитет во Виена.
Тој започнува од фактот дека населението ќе мора да се навикне на „нови мерки“, да води живот што многу потсетува на претходниот живот.
„Пандемијата нема да можеме да ја држиме под контрола само со вакцината“, предупредува Стајнингер.
Вирусологот вели дека, во однос на вакцинацијата, има уште многу да се мине пред Австрија, бидејќи засега само десет проценти од популацијата е целосно имунизирана.
– На тој пат, мора да сметаме на нови мутации, кои можат да ја заобиколат вакцината. Ние сме во трка, во која можеби нема да победиме, иако го имаме вистинскиот инструмент во наши раце со вакцините – рече Стајнингер.
Тој смета дека се потребни „други столбови“ за одржлива борба против пандемијата и посочува дека се потребни рутински тестови за пристап до одредени места, но и за утврдување на нивото на антитела, со цел да дознае повеќе за статусот на имунитет на населението .
Тој е убеден дека обврската за носење маски ќе остане уште долго време, особено во областите каде што не е можно да се држи дистанца и каде што е тешко да се контролира дали некој е вакциниран, третиран или тестиран, како што се такси, хотели , или јавен превоз.Животот како пред пандемијата повеќе нема да биде возможен
Lifestyle
Трикот за совршено сварени јајца

Варените јајца се едни од наједноставните и најхранливи оброци – богати со протеини, витамини и минерали. Но, речиси секој барем еднаш се сретнал со непријатната сиво-зелена жолчка или со лушпа што тешко се лупи.
За среќа, постои едноставен метод во четири чекори кој гарантира совршени резултати секој пат.
1. Почнете со студена вода
Јајцата најпрво се ставаат во тенџере, а дури потоа се прелеваат со ладна вода. Ако се додадат во веќе зовриена вода, многу полесно можат да се скршат.
2. Кратко вриење
Ставете го тенџерето на силен оган и почекајте водата да зоврие. Штом ќе почне да врие, тргнете од оган и веднаш покријте. Тајната е во тоа што јајцата не остануваат долго на висока температура, што ја спречува жолчката да добие зелена нијанса.
3. Времето е клучно
Должината на „стоење“ во топлата вода зависи од текстурата што ја посакувате:
-
4–5 минути → меко варени јајца
-
7–8 минути → средно варени
-
10–12 минути → тврдо варени
4. Ладна водена бања
Веднаш по варењето, исцедете ја топлата вода и јајцата потопете ги во сад исполнет со многу ладна вода и коцки мраз. Овој „шок“ ја прекинува термичката обработка и ја зачувува совршената текстура на жолчката и белката. Ако планирате да ги излупите, нежно потчукнете ги за да ја испукате лушпата и оставете ги во водата подолго време – потоа ќе се лупат лесно и рамномерно.
Извор: Nezavisne
Lifestyle
Никогаш не ставајте ја оваа храна во замрзнувач

Замрзнувачот често е „спасител“ кога сакаме да зачуваме остатоци од јадење или да го продолжиме рокот на траење на храната. Но, не секоја намирница е погодна за замрзнување – кај некои целосно се менува вкусот, текстурата и дури и хранливата вредност.
Пржена храна
По одмрзнувањето, пржената храна ја губи крцкавоста и станува мека и мрсна. Маслото се распределува нерамномерно и го уништува вкусот.
Јајца
Варените јајца стануваат густи и гумени, а нивниот вкус се менува на непријатен начин.
Зеленчук со многу вода
Краставици, зелена салата и слични зеленчуци ја губат цврстината и стануваат како каша. Доматите, исто така, го менуваат изгледот и вкусот по одмрзнувањето.
Компири
-
суров компир – никогаш не замрзнувајте! По одмрзнувањето станува чуден, со сладок вкус.
-
преработен компир (помфрит, крокети) – може да се замрзне без големи промени.
Млечни производи
Јогуртот и павлаката стануваат воденести или зрнести. Меките сирења (како крем сирење, бри) ја губат мазноста и добиваат грд изглед. Дури и тврдите сирења не остануваат исти ако подолго се чуваат во замрзнувач.
Тестенини и ориз
Варени тестенини и ориз после замрзнување стануваат лепливи и ја губат формата.
Извор: SD
Lifestyle
Применете ги овие едноставни трикови и облеката ќе мириса долго по перењето

Многумина се соочуваат со ист проблем: облеката изгледа чиста по перењето, но свежиот мирис многу брзо исчезнува. Понекогаш, дури и веднаш по сушењето, алиштата немаат арома каква што очекуваме. Причината често се крие во мали грешки при перењето. Со неколку едноставни навики, облеката може да остане миризлива, мека и свежа значително подолго.
Користете омекнувач во вистинско време
Една од најчестите грешки е додавањето омекнувач уште на почетокот од перењето, заедно со детергентот. Многу поефикасно е омекнувачот да се додаде кон крајот, при последното плакнење. На тој начин, неговиот мирис се задржува подолго на ткаенината.
Внимавајте на количината на детергент и омекнувач
Следете ги упатствата на пакувањето. Премногу детергент го отежнува плакнењето и остава траги на облеката, додека премалку не ја мие доволно. Истото важи и за омекнувачот – недоволна количина е едвај забележлива, а преголема може да предизвика непријатност или иритација на кожата.
Одберете соодветна температура
Температурата на перење има клучна улога. Пониските температури ја чуваат бојата и ја продолжуваат трајноста на материјалите. На пример, фармерките е најдобро да се перат ретко и, по можност, рачно – така го задржуваат својот облик и интензитет на бојата.
Сушете на свеж воздух, но не на директно сонце
Сушењето е исто толку важно колку и самото перење. Најдобро е алиштата да се сушат на свеж воздух, но да се избегнува директната сончева светлина, бидејќи таа ги избледува боите. Сушењето во сенка е идеално решение – облеката останува мека, со пријатен мирис и без оштетувања.
Не заборавајте на машината за перење
Ако алиштата и понатаму имаат непријатен мирис по перењето, проблемот може да е во самата машина. Редовното чистење, како и проверката дали правилно ја загрева водата, често го решаваат овој проблем и го подобруваат квалитетот на перењето.
Извор: SD
-
Хроника2 дена
Вчера утро на магистралниот пат Кичево-Охрид се случила трагична сообраќајка каде животот го загуби младо момче од кичевско
-
Кичево4 часа
Кичевските бербери на состанок одлучија да ги поскапат нивните услуги
-
Кичево2 дена
Денес се одбележува 82 години од најкрвавата битка кај с.Кленоец кичевско, додека на денешен ден загинал и Јосиф Јосифовски-Свештарот
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (7 октомври)
-
Македонија1 ден
Од вечерва горивата со намалена цена за литар
-
Македонија18 часа
Целосно затворен патен правец Велес-Тетово помеѓу Волково и Кондово, истиот ќе се одвива двонасочно поради градежни работи
-
Хроника13 часа
По долга и тешка болест почина познатиот пејач – Халид Бешлиќ
-
Хороскоп4 часа
Хороскоп за среда (8 октомври)